Најверојатно само тие што им останале додека ги има на залиха, штом банкротирале. Како почна се нешто да се затвора паника ме фаќа. Во мое маало се затвори аптека, орсеј за 7 дена пишува, Тамарис се затвори, продавница со инструменти, фризерски салон, не ми текнува друго што.
Во среда кога ќе биде 27 степени ќе славам. Како ги преживеавте 37те степени?? Утре 33, вторник 34 ајде нема ни да се осетат може после овие 37. Зошто немаше клими во Германија имам прашано некогаш? Да се соединиме ние да отвориме една фирма да видам што е живот германциве? Да им вградиме клими во 21 век 2022 година.
Ставаат и они клими последниве години, пред едно две три години една зема мене и на една жена што животот на Кипар го има поминато да ни објаснува што е клима зошто монтирале дома . За жештините сакав да кажам мене ми одговара само да не биде како лани два дена сончево не спои. Кажете добра крема за лузни?
Ние на базен поминавме. Значи претопло е! Ич не сакам вакви горештини значи, иако нема споредба со она во Скопје. Пред некоја година прочитав наслов во некој весник тука: "Летото се враќа во центарот на Минхен, неверојатни 25 степени." Жими се дека поим немаат што се неверојатни 40 во сенка. Добро сега признавам, претопло е стварно. Ама не сакам ни како лани, само врнеше. А сонце едвај 3 дена вкупно дали беа и тоа со страшни налети на ветер. Да е околу 20 степени, леле перфекција.
Ste bile na Eingewöhnungsgespräch vo gradinka? Ako ste bile Ve molam spodelete isukstva za sto se raboti
Три месеци после прв ден па после еднаш годишно обично околу роденденот. Ако имаш прашања и ќе ти кажат како е во градинка, социјализација, во игрите и слично и се тоа ќе биде поразлично од тоа што е твоето дете да не се чудиш. Дека во градинка не се како дома децата обично.
Zdravo da prasam koga prv pat se vakciniraat bebinjata vo Germanija i na kolku vreme po red imat vakcini bebinjata i dali doaga pokana za vakcina ili pedijatarot kazuva
Јас го прашав овоа ама не добив одговор Ни треба за ќерка ми ново , мк што си го има старото не е ок , а и не се возеше често , но сега е морално веќе и сакам да е погодено и како што треба , а препораките секаде се различни , и ме бунеа , некаде викаат висински и ако добро-соодветно , ги опфаќа каишите од колата , доволно е само бустер , некаде пак пише за таа возраст целосно седиште. На крај ја се одлучив пак за седиште за неа да се земе овој пат , па следно ќе биде бустер.
За тебе прашав ама пак ништо изгледа никој нема седишта за во кола за децата. Јас пак мислам дека одиш онлајн на Отто на пример пишуваш kinder autositz и кои ти излезат секако дека може во Германија, избери од тие со најдобра оценка и прочитај коментари. Ако постои можност да се спушта барем малку за спиење ако одите со кола Мк-Де, ако нема такво што се спушта за поголеми деца ок. За боја прашуваш дете.
Прва вакцина се прима после третиот месец. Има редовни систематски прегледи кои мора да извршуваат во одреден период од возраста на детето У1 од раѓање па У2, У3, У4... итн. Обично на тие прегледи има одредено кои вакцини треба да се примат. Доколку треба некоја дополнително да се прими или поради одредени причини сте испуштиле некоја да примите, во тој случај ви закажуваат посебен термин.
Од овие поголемите седишта тешко за спање да се спушта Баш ќе отворам на Отто , таму не проверив . Фала ти
Девојки, до сеа маж ми земаше природни средства за чистење ама за ништо не ги бива. Дали има доместос овде или некоја соодветна замена за него? Или што користите за чистење тоалет и сте задоволни? Што чувате дома за болка, нешто појако од парацетамол? Не ми притребало до сеа, ама да имам за секој случај. Мачкате ли нешто на децата за модрици? И може да ми предложите пробиотик за деца? Напоменав дека ми е за мало дете, ама ми дале капсули, а во таа форма нема да ми пројде.
Има доместос со различни мириси да јас тоа користам, пробиотик давам Baktoflor околу 30еу е ама има за 2-3 месеци сигурно. За болка Новалмин и Бруфен.
Ако пие сокче или било каква течност, прашакот од капсулата стави го внатре. Јас така давам пробиотик.
Да, исто е. Во мала количина. Да си сигурна дека цела ќе ја испие. Јас ставам во мало филџанце , колку еден прст течност и цефче.
Мамички ај некоја нека ми одговори. До сега бев во работен однос али сега на крај на месец ќе се одјавам а во август треба да се породам. Пошто нема да сум вработена дали ќе ме следува бесплатен пораѓај а исто и породилно? Не сум многу упатена затоа прашувам