Мора да имаш здравствено осигурување за да имаш бесплатен пораѓај.Можеш да направиш фамилијарно осигурување преку маж ти да си осигурана.Додуша те следува арбајтлозен гелд 1 ако си добила отказ.Треба да се пријавиш во Bundesagentur für Arbeit. Породилно ако мислиш пари ги следува сите дури и невработените земаат 300евра.Твоето ќе се пресмета од последните пресметки од плата последната година.
Немам отказ добиено, ми истекува договорот и нема да го продолжам. Ова Bundesagentur се мисли на завод за вработување? И што добивам таму ако се пријавам?
Здраво мајки имам прашање пошто не најдов каде е соодветно да го поставам можеби некој ке ми помогне живееме во германија и мака мачиме веќе година дена неможрме да најдеме соодветен душек за на спална па ако може помош кој душек е најдобар според вас ви благодарам
Па пари додека да отидеш на породилно со тоа пензиско и здраствено осигурување.Да завод за вработување.Исто после породилното пак ќе добиваш пари додека да најдеш работа.
Од каде земате постелнина за деца? Повеќе ми требаат долни чаршафчиња, ама и целосни се во ред. Перница исто за дете специјална со повеќе полнења кај можам да најдам? @Lianna Anna ти женска знам имаше мачка. Ќе можеш да ми кажеш што трошоци имаш околу даноци. Ветеринарни прегледи надвор од основните за вакцинации дополнително има систематски или само по потреба? Се што ќе ти текне а е задолжително, ако сакаш да ми пишеш. Исто хотели за мачки кога патувате или луѓе што ги чуваат или како иде тоа и колку од прилика се движи цената. Тенкју
Vertbaudet.de имам долни чаршафи само земено ептен штосни и шарени за машко ама сигурно и за женски да има. Памучни ама се гужваaт да ти кажам прво ги пеглав после баталив.
Сега имам и куче. Комплетирани сме, уште риби ми фалат мислам. И папагалче сакам. Значи Јованти, за какви даноци збориш појма немам. Никаков данок не плаќам за Тара, ниту некој ми кажал дека треба. Знам дека се плаќа steuer само ако го париш миленичето. Мојата имаше стерилизација, околу 150 евра платив со анестезија. Ја носам на рутински преглед еднаш годишно. Значи надвор од стандардна имунизација, ова е тежина, очи, заби, крзно, притисок, лимфни жлезди, температура итн. Значи се работи за стандарден годишен преглед. Плаќам 40 евра. Ако вет процени може да вади и крв, урина и/или да направи дополнителен преглед. Ама до сега не сме имале ние таква потреба. Се плаќа апсолутно се. Рачунај значи шо знам, од прилика околу 150/200 евра на годишно ниво со вакцините, прочистување, без кастрација, со чип и без дополнителни прегледи по потреба. Ако ја чуваш само дома, вакцините ќе бидат на 2 до 3 години. Ако оди надвор, еднаш годишно. Освен нели грунд имунизација на почетокот. Ама ова ќе ти објасни вет, исто како и планот за имунизација. Цените се разликуваат од вет до вет и зависно од местото на живеење. Поголем град, поскапо. Иначе, има здравствено за животни и така трошоците се нормално поевтини. Tierkrankenversicherung. Плус покрива и добар дел дијагнози. Ама не знам колку се плаќа, пошо го немам. Ја имам оставано во пансион, 20 евра на ден со ×3 храна дневно (нивна). Бараат вакцинален картон нормално и транспортер. Се друго е од нив. И ова варира сегде, исто како и цените. А да, мора да биде и кастрирана. Не знам дали знаеш, ама мораш да го прашаш газдата на станот дали смееш да чуваш милениче.
И за машко и за женско ми требаат. Фала ти. Ќе ги ѕирнам. @Lianna Anna знам дека треба да зборам со газдата, во план ми е затоа реков и да се информирам. Ако не дозволи сега, секако на есен ќе менуваме стан па ќе бараме нешто каде што ќе биде дозволено. Детево ми умира за мачки, а и сите дома сакаме додуша, ама највеќе сакам таа да расте со животно, знам дека секако ние ќе ја имаме најголемата одговорност ама тамам ќе почне веќе и таа повеќе да разбира. Гледав некое видео сабајле на тик ток, девојката кажуваше дека се плаќало данок околу 200 евра годишно и осигурување не знам колку, затоа сакав да прашам некој кој веќе знам дека чува животно овде. Значи не е задолжително. Стерилизација/кастрација секако би имало. Отприлика ме интересираше околу трошоците, а претпоставувам различно е од град до град, па и од вет до вет, ама да имам некоја престава. Фала ти.
Не е задолжително, ама е препорачливо. Мојот вет вика особено ако се над 7 години, прегледот е многу важен поради превенција и рано откривање на болести. Сега гуглав за данокот и е истото што го кажав. За мачки не се плаќа. Се плаќа само за поголеми животни, рецимо коњи, особено ако се работи за бизнис, односно профитираш од нив. Се плаќа и за размножување на миленици. И се плаќа и за кучиња. Така малку сега шокирана сум, пошо не се информирав пред да го земам. Не знам дали за сите раси сега, ова треба убаво да се распрашам. Да не искочи на крај и должам на државата данок. Ќе си останев вака слепа да не пишеше. Пансионот е најевтиниот шо го имам најдено. Се друго, 50 нагоре. Мене ми е прескапо тоа за повеќе денови. Одморот нејзин поскап од нашиот. Со куче е многу поинаку, може да доаѓа со нас сегде. Леле мене ми е пресмешно кога се бркаат низ стан, прво е мачкава, па кучево и позади него трча син ми. И ќе се качи Тара на полица и овие двајца се тешат еден со друг, не биле мачки да рипаат и ја чекаат да се симне. А она е игноранција во движење.
Данок за сите раси кучиња се плаќа.Оти демак одат надвор и загадуваат со урина и измет. Се изнасмеав за твоите палавковци.Како цртан филм се.
Што е сега "тренд" за десетгодишните деца, во смисла на игра, забава. Ми треба идеа за поклон за десетгодишно девојче. Па ме интересира дали има нешто сега што сите деца го сакаат и им е забавно. Не сум баш во тек со поголемите деца
Размислувавме и за куче варијанта, ама џабе ние фамилија мачкари сме. А и не можам да ти кажам право, обврска е голема дур го научам кај да моча ќе ми го крене паркетот. Со мачка е лесно, даваш песокот и знае што да праи. Е сеа можда нема мазење секогаш ти кога сакаш туку таа кога сака, ама ја кога имам напади на гњавење ич не ми е гајле дал сака мачката или не. Туку што сакав да искоментирам. Што е со крпчињава што ни ги даваат за цтг? Првиот пат кога ми дадоа поима немав што треба да праам со него. Кај гинекологот ги оставаме, веројатно ги преперуваат и ги користат пак, ама овие на клиника ми го даваат за дома. Па што практично ми се виде и онака немав стари партали за чистење по дома, ми се собраа вака, потаман сум сеа.
Дали има некоја вадено бг документи од амбасада? Односно извод на родени и венчаница? И ако има , колку време се чека и како да поднесам барање?
Какви крпчиња?За бришење ли? Мене ми давале хартија. Со второво кога се пораѓав оти бев цела недела во болница на 2ч на цтг ме нервираа оти нови подлоги ми ставаа одоздоле не ми даваа да си ја донесам пак.Многу нееколошки ми беше.За големата ми ја даваа да си ја носам.
"Икономија" демек , да си ги носиш со себе секое наредно ЦТГ истите, на клиника ова розево и сино, не?. Матичните ги ре-употребуваат едни исти за сите, надежно стерилизирани . Ајде, со лесно нека ти е
За тие што ги даваат за на стомак да ги натнеш за цтг. Еве диди сфатила Јас сега последниов пат приметив една трудница дека си го извади од ташна. Не знаев дека треба да го носам истото од дома. Ја си ги собрав битно за чистење по дома и онака кубурам со такви партали. Туку дур сум овде да прашам дали некоја има искуство со индуциран пораѓај овде да сподели? Бебе не излага, и во четврток почнувам со провокации. Ми рекоа да си рачунам 7 до 10 дена на клиника дека ќе треба да седам. Дали има фрижидерчиња во собите?
Збирај си ги, ете си им нашла примена, што да не! Шо убава боја се па, јас ќе си ги чувам за спомен . Во kreissaal ќе лежиш до породување или на одделение? Сама (einzelzimmer) или со цимерки? Ако е на одделение има едно фрижидерче за сите (барем овде кај што сум е така), па можеш да го користиш, во собите за после породување не сум сигурна, мислам дека има. Бидејќи нели, во торбата за во болница треба да си понесеш сокови, шорлиња, грицки, мицки.... Само храбро и со лесно!
Моите се бели, ама многу практични ми излегоа. Не знам ништо каде како ќе лежам. Искрено толку ми е глупо и незгодно да грицкам пред други што не мислев ништо да земам ама сеа чим ќе останувам подолго ќе си земам нешто. Најмногу ми е за млеко, оти имам ужасни киселини и по цел ден и цела ноќ голтам голтка две иначе удав. А тоа не можам да го чувам на дневна тт.. валда.. Ништо ќе видам тогаш што како па ќе ми донесе маж отпосле.. Фала ти.
Мене кога ми пукна водењакот во трета бременост, ми кажаа дека ќе мора со провокации, оти не смеело да се чека повеќе од 12 саати. Ме покрија со антибиотик и ми дадоа хомеопатски таблети за провокација. За кои што претходно ми кажаа дека тешко делуваат. Читај не делуваат. Вечерта во 6 требаше да ми дадат провокација, ама не ми дадоа. Изговор - да не се мачиш да раѓаш ноќе, да се наспиеш. Читај да немаме многу работа вечер. А они што знаат, 10 години сум хронично ненаспана. Плус ми кажаа дека може да се пролонгира пораѓајот за 3, 4 дена од првата таблета, а некои по 10 седеле. Ама ги зезнав поштено, до 12 вечерта се породив без провокација. Значи, ова е стандардна процедура тука кај шо раѓав јас. Хомеопатски, па после иде она правото. Искуство со второто немам, ама таму запознав многу шо беа со провокација и веќе беа таму по неколку дена. Слабо отварање. Зависно од случајот, може да одлучат и за царски. Ова кај мене беше крајна опција, последен избор, на кој јас секако дека немав право. Комисија одлучува за ова. Бонус: по провокација движи често. Фрижидерче во соба имаше. Како хотел ми беше болницата некако. Од пиле млеко за јадење буквално. Кујната фул. Идеш јадеш кога сакаш, колку сакаш, плус најјако, со се бебе. Визити редовни, за доење, физиотерапевт, значи се. И се без пари. Сите тројца таму ги раѓав. Ти посакувам лесен пораѓај. За другото не се грижи. Стручни се, си ја знаат работата. Форсираат доење, клиниките се супер. Може ќе се породиш брзо, не можат да знаат. И мене така ми викаа, па се олеснив брзо. Во врска со данокот за мачки, денес бев да го пријавам кучето и прашав. За мачки нема steuer ми рекоа. За кучето ќе плаќам 50 евра годишно. Јас си замислив некоја цена од 1000. Леле немаш појма како ми излезе во пресрет со прашањето. Најјако значи. Од прееска пишувам, а уште подолго кафе пијам.