@Lianna Anna на здравје кафето. Блазе тебе, кај мене работите скоро секогаш одат на потешкиот начин. 7 дена над термин сум. Ми рекоа чекаат 8 до 10 дена. Последниот пат, вчера 3ца доктори се консултираа и сите беа со став дека се изгледа во ред и ќе ми дадат 2 дена плус за природно да почне процесот. Морам да напоменам, овде ме читавте не бев задоволна од гинекологот, ама сите доктори што ги запознав на клиника воедно и персоналот ми оставија скроз друг впечаток, сите се многу супер. Докторката ми рече ради претходен царски не можат да ми даваат цела доза и ќе морам со пола доза провокации, затоа и ќе трае подолго односно обично траело 4-5 дена. Ми спомна дека индивидуално е и може да е и пократко, ама обично е 4-5 дена и не се надевам искрено на поинаку. На ова чукање до сега што ми го праи бебе требаше најмалце 5 пати водењак да ми пукне. Цервиксот ми е скроз затворен и некако убедена сум дека на крај ќе завршам и царски, ама не сакам тоа да е моја одлука. Таа одлука треба да е на докторот. Што биде биде. Више сум уморна и полна фрустрации, со ужасни киселини, спијам седната не знам више од кога, сакам само да излезе бебето па како и да треба на крај. Па супер за кучето. Сеа раат ќе си. Ја сакам бебе да дојде да се организираме по дома, па да зборнам со газдата за мачка.
Мене во кревет ми носеа јадење, не знам дали дека заради царски или така носат. Не знам за какви крпчиња за цтг станува збор немам видено никакви крпчиња немаше на моето цтг… За провокации не може сите дека прв царски и ми рекоа може и до 7-10 дена да потрае и тоа беше една од причините поради кои после термин се одлучив за царски на толку чекање за природно. А една мајка од градинка ми рече и дале таблети и и рекле да прошета и по два саати почнале мн јаки болки почнала да се пораѓа, значи зависи секој различно. Трет муабет, во парк мајка со три деца вика првото плачело дење ноќе, второто така така, третото многу мирно. И и викам мн мајки ми рекле до сега дека третото е најмирно и вика и таа да и се прашува зошто е тоа така и дека со едно и било најтешко, а сега со три најлесно и било. Во право бев дека на вас во странство ви е полесно сами со дете, а за дека во право бев дека со три деца е најлесно ќе треба понатака да ви кажам. @Lianna Anna Исто има мајка со три деца и куче, не знам може и маче имаат дома, и му викам на маж ми затоа се сите така смирени, нас ни фали уште едно дете и куче и се ќе е таман. А не сакам баш куче и маче да чувам па ајде за папагал се одлучивме сега за сега. Да ја средам уште кујната па едно кафенце “на раат” со 7172727 презаспивања на бебе. Не знам дали сум ви кажала дека сум открила турско кафе како да пијам откако се пофалив топли дека ги пијам на форум и толку беше. Кога ќе заплаче бебе му ставам алуминумска фолија и кога ќе го презаспијам и станам пак кафето ми е сеуште топло. Не знам како не ми текнало вака за првото. Кога е смирен човек се ќе му текне. Туку апчиња зедов од замената матичен за тироидната и друга фирма и од тогаш ме боли тироидната. Не знам дали има логика. Од тогаш и се здебелив како погача сум во лицето, односно една недела веќе како пијам од новата фирма, ми се потроши првото пакување.
Индуциран пораѓај имав и јас, во 41 недела. Во отприлика 14ч ја добив првата доза од таблетката, после тоа добив уште двапати мислам, со зголемена доза. Веќе во 22ч почнаа болките се појаки да стануваат. До полноќ бев веќе 8 прсти отворена. Во меѓувреме си побарав и добив се' што можеше да се прими против болки, двапати некои таблети, после преку инфузија нешто и на крај епидурал. Од искуство, моја препорака е обавезно епидурал кога се оди со провокација затоа што напоните кои се добиваат се неспоредливо појаки и почести за разлика од природните. Во еден момент буквално се чувствував како да ме маваат струјни удари коишто не можев да ги контролирам. Бебе од 4кг и силни индуцирани напони кај мене резултираше во големо распукување доле, т.е дамрис од втор степен после што си добив квалитетно шиење што траеше прилично долго. Пред да ми ги дадат таблетите ми кажаа дека всушност тие таблети не биле одобрени за таа намена туку дека се користеле како таблети за стомачни проблеми . Дури после пораѓајот прочитав дека истите биле и забранети некаде поради несакани ефекти по мајката и бебето за време на пораѓај. Секако, лекарите се тие кои одлучуваат за нивното дозирање и ја контролираат ситуацијата. За среќа ние поминавме лесно.
Има логика. Посебно со апчињата за тироидна внимателно, треба да бидат од иста фирма, веројатно ради додатоците и одговор на организмот кон истите, а и метаболизмот на л-тироксинот зависно од комбинацијата. Исто ми се случи, со тоа што тахикардии ме фаќаа, гушење и тресење на цело тело. За на крај, сестра, не доктор да ми каже дека мора од ист производител да се консумираат. Има причина што ти го смениле производителот? Јас си кажувам сега, од таа и таа сакам и тоа е тоа.
Зошто друг доктор и дал рецепт, и јас истото го приметив кога сменив доктор одам во аптека ми даваат друга фирма баш кажав ама не ги пијам тие ми вика па рецептот е за таа фирма исти се како немаш гајле. Најверојатно секој доктор си преферира одредена фирма и од таа препишува.
Леле навистина ли има логика??? Утре ќе одам кај матичниот да ми даде од истите не е веќе на одмор. Од прв ден како ги пијам не ми е исто, а супер ми беше…
Јас каде што се пораѓав природно, јадење ми носеа во соба. Според мене треба да се носе овошје или нешто блачко , но тоа може сопругот да го донесе. Од која првосмукалка сте задоволни ? На батерија или класична? Мојта се расипа а и не бев мн задоволна ја купив околу 50е. Сега сакам да дадам повеќе но да биде како што треба. И дали има некоја искуство со чистач на пареа? Имаше во Лидл сега но само за под, нема делови пр за намештај.
Јас имам искуство со двете за индуциран пораѓај.Со првото беше смешка со 2 таблетки за абортус од фајзер се породив истата вечер брзу.Сега се забранети и со второво се измачив цела недела последниот ден молев за царски.Никакво болно пораѓајот не ме болеше како провокациите.Знам не треба ова да ти го пишам на час пред да почнеш ама стварно не се трпеа болките траеа само додека беа средствата за пораѓај. Ти посакавам до вечер да бидеш со насмевка до уши и најслатко бебе на цице. И да частиш мекици Едит:Сеа ве прочитав. @gjoker4e золва ми е со 3 моми.Добро бебето е мало ама вика како што плака третово , двете заедно толку не плакале.Нема правила значи.Ајде изненади не со уште едно или за тоа ќе кажеш кога ќе тргне на школо.
Кренаа ли раце од корона кај вашите доктори девојки? Се јавувам кај детскиот, ми вика што ќе идете, седете си дома 5 дена, после сте слободни. Се јавувам кај матичниот, не ми дава термини, ме праќа кај првиве. И така, никој не не рецка
Позитивни сте и сакате на педијатар/ матичен? Јас се јавив заради маж ми тој рече морало да кажеме, и убаво ме прашаа зошто поточно се јавувам епа викам за да ви кажам да не испадне после да ни се случи нешто и да речат лицето не се јавило на лекар, и ми рекоа дека ако ептен е лошо мора во болница, ако не дома. За бебето бевме откако се исфрли со страшни мозолчиња и црвени флеки и викам и малава да влезе дека и таа имаше и да ја проверат ми рекоа дека нема потреба. Чекајте дали најсериозно се зголемува бројката? Вчера и викам на една жена се смеам што прават луѓево со маски надвор во лето и ми рече дека многу заболени имало!!! И денес на очно ми бараа доказ за вакцина, прележана или тест па среќа до 11ти август ми трае овој ама никаде немам прочитано дека важи 3Г некаде, нели нема мерки веќе? Освен маска во автобус и на лекар.
После 17.00часот се термините за заболените и тие кои се со симптоми, кога ординациите се затворени за редовните пациенти без корона. До вчера сите викаа брз тест да се потврди со пцр треба, еве, од денеска не мора. Доволно е на своја одговорност 5 дена дома да седеле, шестиот можело надвор, повторно без тест.
Сите сме позитивни, не смееме да испаѓаме. Само 78годишна баба ни останува да вози или да носи деца по доктори. Таков пункт има во првиот голем град, мора возење по автопат, на жалост на нејзина возраст вози само низ селава, страв и е по автопат. Кашлаат, сакав да ги чујат градите, дали се чисти…. но тоа е. Ќе чмаеме.
Смеете да одите пцр тест да направите. Ние во мало место сме ама има два пункта за пцр, едниот сега го отворија на 9ти јуни, провери пак. Јас мислев отпосле ќе ги слушнат ама ни тогаш. Сите беа зачудени зошто се јавувам што сме имале корона и за бебето ми рекоа ќе помине за два дена и стварно помина ама стварно не знам, од една страна толку узбуна за корона, а од друга не треба да одиш на лекар кога имаш корона.
Штом не е задолжителен пцр, како што рекоа, ми нема значење дали брзиот ќе биде потврден со пцр или не. Сакав преглед, да им ги слушнат градите. Вики и Ели преку ноќ буквално страшна кашлица добија и полни се шлајм…тоа ми е поважно. Ама тоа е…
Побрзо оздравување Нека поминува со лесно и брзо Јас ѕвонев на 116117 мислев лекар да дојде дома или брза помош ама само тоа ми рекоа ќе помине за два дена… Свеж воздух, црвен кромид на пола, витамини, течности вода. И тт имавме ние од 38 до 40 и таа два дена траеше.
@danichap мм одма го примија на инфективно во нашето село, т.е во општата болница има направено како инфективен дел и таму ѓи прегледуваат бочните. Со помин нека е Сакав да прашам, има рота вирус во градинката, ако не дај Боже закачи малата какви електролити да барам во аптека? Знам дека треба детски, ама незнам како се викаат електролит на Германски. И некој сируп за пролив ако сте користеле ставете слика Ве молам
Ми текна на коментаров и мене ми аплицираа фајзер. Првиот пат ми ја згреши дозата, па ми вадеше, па после помала доза исто фајзер. Забрането незабрането појма неам, бебе битно осеќам мрда. Иначе сабајле на клиника ми праеја ковид тест не очекував. И ја прашав докторката како е состојбата со ковид сега засега, пошто поима немам што се дешава, а кај мене овде има културен ивент и многу туристи. И ништо, ми рече само ок е сега.
Нема разлика за деца и возрасни. Кај вас има чепчиња против повраќање Вомекс барај. За сируп против пролив незнам да ти кажам.
Фала мнооогу, ќе проверам дали има и таков сируп, оддамна Н не ми дава да и ставам чепче затоа и за сируп прашав