Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Јас не се ни јавив зошто баш со лесни симтоми бевме, ама скоро го носев на контрола за друго и барав покасно да ми закаже зошто така бевме слободни па баш ми рече добро ама носете маски зошто тогаш ни се пациентите со корона.
     
    На Ava.84 и danichap им се допаѓа ова.
  2. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    Пцр за вас возрасните би препорачала, за да може да сте compliant со 3G (кога ќе почнат со мерки), со резултатот во аптека ќе ви издадат сертификати после 10 дена. Инаку не се замараат матичните, да! Јас седев 10 дена во карантин, до негативен тест, не сакав да бидам општа опасност. Гинекологот во тие денови не ме ни прегледа, само ме препушти на матичниот за тест:sweat:.
    За децата и шлајмот само домашни лекови, ако кашлаат е подобро, по логика на нештата омикрон не се спушта на гради, ама инхалации, испирање на носињата, електролити и витамини е неопходно. И чај од бел слез, мислам дека е дозволен за деца. Генерално истите препораки што ги пишав во труднички. Температура немаат децата или им поминува? Се надевам! Побрзо да оздравите!

    @Yowannty за лежење на клиника задолжителен е тест, т.е за породување независно од бројките. Инаку трендот е во раст! Во случај и недај Боже да е позитивен, посебен протокол и во посебна соба ги ставаат родилките, изолирани од сите останати. Ако сопругот присуствува на породување и тој подлежи мислам на 3G (мин брз тест, за да го пуштат во сала).
     
    На Yowannty и danichap им се допаѓа ова.
  3. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    Не можам да редактирам, поминало времето. Толку ме фрустрира здравствениот систем овде, значи чудо! Можда како тема се завртел во групава, ама за сите години не најдов начин да се справам со нивната “импотентност” како лекари и систем! Изгледа треба да си како Германците, цело време само со жалби и поплаки, па еднаш ќе запали! Други механизми, не знам! Значи не е нормално да не те прима на преглед или тебе или дете! Општо зборам. Не е нормално на неродено дете да не можеш да најдеш педијатар во близина каде живееш. Со секое здравствено, државно или приватно, тоа е загарантирано право. Низ МКД ете таква каква е, за никаде има градови со по еден педијатар, па никој не ги прашува дали ќе примат пациенти или не. За крвна слика по желба, можеш само авио карта до МКД да си купиш и таму да ја направиш. До толку да се молиш, аман за аман направете ми, не е нормално. Ни пред ковид, ни после ми направиле! Ама ништо! А со еден куп ризици сум. Не е нормално да дојдат дојчовки и букираат термини за раѓање со царски, оти денот им е фенси, а за тебе на термин нема место… и ред други работи.

    Како се справувате? Имате некој совет или сите по телефон треба да цимолиме и рикаме или па да се караме? Можда да им се бапнеме директ во ординација, па нека се чудат…
     
    На SiMpAtIcNaTa и danichap им се допаѓа ова.
  4. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    ^ јас негативно искуство имам само со мојот гинеколог, со општиот лекар и педијатар имам баш убаво искуство.
    На пр. мм беше болен, одма крвна слика, ЕКГ, ехо се му направија и тоа без он да каже.
     
    На didi1982 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    36.334
    Пол:
    Женски
    Помислив во погрешна тема дека сум. Здравјето е пред се. Сте помислиле ли да се преселите во друга држава? Или во друг дел на Германија? Јас сум немала никаков проблем до сега. За здравствено се јавуваш во Аок или кај што си и мора да ти најдат матичен, никој не смее без матичен да остане. Крвна слика и се останато се прави кај нас. За се ти го имаш крајниот збор. Ако си решил дека нема да вакцинираш дете без крвна слика нема никој да ти забрани ќе му направат.
    Јас од прв ден се чувствувам односно не се чувствувам како граѓаанин од тринаести ред туку секадее има правила, правда и еднаквост.
    Јас од твоево мислење сфатив дека Мк ти е подобро, јас би се преселила каде што ми е најдобро, најмн се плашам да живеам некаде каде што не е ок здравството.
     
    На Biljarkata и Neda997 им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.322
    Една од моите омилени теми за дискусија:tmi:.
    Јас живеам на село, имам матичен тука ама не и педијатар. Педијатарот ни е во првото блиско гратче(на 20 минути), болницата 35/45 минути, зависи од сообраќај.
    Кај матичниот почнав на велико да кукам и сум нон стоп на боледување:tmi:. Да, и ич немам мака или грижа на совест. Последниот пат си зедов упути за на физио и масажа, екг, преглед за рак на кожа, ехо, најдетални крвни анализи итн. Ако не кукав, како што со години правев ништо. После се. јавив и за мм почнав да кукам и него да му прават анализи.
    Ама се се сведува на тоа дека докторот, односно ординацијата е со група од 5/6 доктори, се ок. Икс пати и децата сум ги однела, никогаш не не вратиле.
    Кога ќе се преселиме ќе продолжам таму да одам оти знам реткост е.
    Е педијатарот е прича за себе и непребол ми е.
    НА 10 места имам звонето да го сменам, нема, никој не не прима. Имам слушнато дека обврска е само таму од каде ти е wohnmeldebescheinigung мораат да те примат, другите не мораат и на прва не откачуваат. При еден од многуте обиди да сменам педијатар некоја од тие секретарките на телефон ми кажа такво нешто.
    Инаку да, за кашлица не ги примаат децата, односно не добиваш термин, за тт не примаат и не даваат термин оти нормално било неколку дена до 40 тт. Ако се влошело на итна да се оди.
    А на итна сонце ќе те огрее:rofl:
    Каква крвна слика боже сачувај, или па брис. Цела градинка со зелените мрсули пинг понг си играат со бактерии оти никој ниту проверува ниту се интересира.
    Пред некој месец ми се јавија од градинка дека кај муцката е расцепено кај малото, крвотници, одма да си ја зедам. Баш бев на пат накај гардинка и за 5мин бев таму.
    Од таму директ кај педијатарот. Ми вика среда е. ЈАс во паника не укопчав. Викам и?
    Ми. вика не работиме денеска, само со екстра термини, оди си во болница.
    Викам ве молам само последнете ја, не е за шиење најверојатно(така и испадна) треба само да се избрише и од тие лепливите фластери.
    Не, оди си во болница.
    Викам ве молам, со три мали деца сум, со мене беше и повреденото и другите две, знаете дека 5/6 саати ќе треба таму да седам со сите три во ходник за 2 минути преглед.
    Не може вика, среда е, не работиме(во меѓувреме деца рикаат од сите страни и двете докторки растрчани во полн елемент работат):envy:.
    Немаме среќа со педијатарот и немам никаква шанса да го сменам...кога не ми давале термин ги носев кај матичниов мој.
    Ама еве сега, и покрај постоење на регуларни термини и за вакви ковид состојби пак никој не ни дава.

    Примарното здравство е ужас во нашиот случај и никој не може да ме убеди во спротивното. Голготите што ги поминав со најстарата за анализи и прегледи и дебилни одговори да набљудувам 1 или 2 години состојби каде итно мора да се реагира ме вадат сеуште од кожа.
    Блазе на оние кои живеат во места каде имаат избор па може да бираат помеѓу втор трет или четврт педијатар или ако не одговара во првата болница тогаш во втората или третата.
    Јас немам никаков избор.
     
    На mal.ecka, didi1982 и Chantal им се допаѓа ова.
  7. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да пишам на темава омилена изгледа за сите. Крвни слики сум добивала редовно за нас за дете не сум побарала, еднаш во мк му правев ама болен беше стварно.
    Пред некој ден правев крвна слика за мене и побарав да испитам феритин ми рекоа тоа ако сакаш првататно ми кажаа цена и без проблем добив резултати. Иако мислам дека со индикација проверував би требало и бесплатно да е ама хаусарцт ми е катастрофа иако во предходното место на живеење беше многу подобар.
    Е сега за киндерарцт кога се преселив пред три години скоро 30 км и никој не ме прими тука дури ми рекоа дека не ми е далеку да си го носам во другиот град. Како не пробав и во живо појдов и се јавив и мејл пишав ништо уште си го носиме таму.

    За итната на детско сме биле 3 пати повеќе од два саати не сме чекале мислам. Пред едно 20 дена си ја дупна главата со дете цело крваво отидов на итна одма го примија му прегледаа функции му ставија газа и си чекавме после уште саат време да дојде доктор да одлучи што понатака. Докторот го залепи беше многу внимателен пазеше косата да не му ја залепи во секој случај презадоволна бев. За после 8 дена да удри со главата во градинка и да ја отвори раната, луѓе не пратија на итна кај возрасните зошто се случило во градинка не на детско туку кај возрасните. Буквално 4 саати чекав, за кога отидов на шалтер да прашам што се случува да сватам дека скрос го заборавиле, па го викнаа за 5 минути докторката скроз грубо ги триеше да го исчисти па се туфкаше дали да го шие дали да го залепи, па викна хирург таа малце по ок ама му ја залепи цела коса, на крај не ми дадоа тоа писмо што мора да ми напишат ми рекоа дојдете за неколку саати ќе го оставам на шалтер и другиот ден писмото не беше на шалтер му рекле на мм директно кај педијатар ќе го пратат што искрено се сомневам.
    Генерално за здравство ок е посебно специјалисти само додека стигнеш до нив е катастрофа воглавно.
     
    На didi1982 и Ava.84 им се допаѓа ова.
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    36.334
    Пол:
    Женски
    Леле ја пострашно невреме немам видено во животот
    Се на се 5 минути треаеше ама како вечност и едвај чекав да заврши почнав воздух да губам
    Бебе вришти дете вришти
    Мислев прозорите се искршија готово
    Толку големи камења немам видено
    И сите црни филмови низ глава ми поминаа дека готово е крај
    ;( ;( ;(
     
    На Biljarkata и didi1982 им се допаѓа ова.
  9. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    Типичен пример @gjoker4e дека исклучоците го дефинираат правилото. Останатото не ми е вредно за коментирање, ниту па ми дошло да некого навредам или злоупотребам пример за да илустрирам дека е во ред наочарите да не се секогаш пинк. Само биди среќна и се надевам без посериозни проблеми, што си се нашла во таква респонсивна средина, кога е општо познато колку лекарите ги штитат осигурителните компании од трошоци.

    За примарното здравство ми беше зборот, за специјалистите немам зборови, кога ќе дојдеш до нив после ~2-3 месеци:D.
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Здравство :emo:. Ви имам кажан колку пати како г***о се чувствувам. Милион.
    Ама се на се 70% сум задоволна.Големата во овие 4 години и имаат земано повеќе од 4 пати крв.Последниот пат и на бебето му земаа и тоа од прст за да видат дали е вирус или бактерија за шнел тест сличен на корона тестот.
    Инаку и нашиот е како на Дани ако во среда му идеш нема да те погледне ќе те прати на итна.
    Предпоследниот пат бебето ми имаше норо вирус пролив подолго од 2 недели, не го прими матичниот педијатар препуни биле.Големата беше 5 дена со 40 тт.Мм отиде на итна.Големата не ја погледнаа на бебето крв и инфузија одма му вклучиле.За големата кажаа уште 1-2дена ќе има тт и толку.Така беше истиот вирус и бебето го фати исто траеше 7 дена со тт.Јас ептен разочарана дека моиве држат тт по 7 дена отидов за малото на др и сестрите ми рекоа дека чудно и невообичаено било дека децата имаат по 2 недели тт , а имале вирус.Со короната се испомешано.
    Матичниот на децата не работеше еднаш и имаше 4 замени.Се јавувам на првиот , надвор од Берлин и викам вие сте замена ? Да ама имате уште 3 др педијатри во Берлин.Викам да и ме збрка не знаев што да и кажам со дрскиот однос .Што му е на малото?Викам има тт од вторник,а оно беше четв.А не го однесевте во среда кај незиниот матичен?Велам нема шпрех штунде.Па што ако можел да ве види.Добро дој тогаш и тогаш.Така ми беше одвратно после разговорот што си рикнав да плакам.Ете така ја решавам немоќта, со плакање:(.Па не отидев кај нив.Туку кај друга замена што ми се виде сестрата далеку пофина и ни направи термин за 1ч.
    Ист одвратен однос имав и во болницата што ми е најблиску до нас едно 15мин со кола.Бебе писка плаче , чепче и ставија демек јас не сум и ставила од 4ч,а тогаш 8ч.Исто да сме оделе кај матичниот оти работел во среда.Дури и тел ми запишаа на ливче, демак јас глупа сум и незнам да гуглам:envy:.На крај им дојдов со тел да чуат дека кажува секретарката дека ѕвонам во не работно време.
    Еден брат се направи паметен и му кажа на др дека и е тврдо мешето , па не пратија на ехо(facepalm).Таму чекавме може се задржавме 30мин, бебето не престана да писка и плака.За на крај кога ја допре со стетоскокот виде дека не може да дише и одма ја испоизврзаа со жици и ја оставија во болница.Толку бев лута дури пишав меил за жалба.Ама уште не сум го пратила.
    За мене кога бев многу се погодија сите фини,бараа пумпи за молзење, ми ги кажуваа лековите што ми ги дават за да можам да доам.Сите навиваа побрзу да ме пуштат и се радуваа кога ќе го видат бебето дека дошло да цица.Супер беа сите , ама одтанав 8 дена во болница.
    За пораѓаите што бев во болница исто сум и во двете болници презадоволна.Сите беа ептен фини.
    Во глобала се трудат да те услужат и да бидат фини и фино да те одбијат.Без навреди и викање.

    Ние пред 9 год имавме шанса за Австралија, ама не отидовме.Таму др се уште позабегани.Може и сега да отидеме ама не сакаме.Поблиску да сме си до мајка Македонија:rofl:.

    Јас не сум за во Мк си кажувам , таму ми е уште почудно оти па многу испитуваат.Еве мајка ми отиде за вирус во болница ја пратија на томограф, колпоскопија и уште на 100 места.Па жена од скоро 80год не е млада нормално е се да има .Колку помалку знае подобро е мислам:?:.
     
    На Biljarkata, Chantal и gjoker4e им се допаѓа ова.
  11. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Ви стигна да платите небен костен?
    Денеска ни стигна на нас, и реално расочарена сум многу, минатата година плативме 100е плус, што реално ок е, ама оваа година близу 800е треба да доплатиме, како процениле колку вода сме истрошиле, греење на гас, стварно незнам:(
     
  12. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Си има саат за вода, за гас незнам точно ама сигурно на некој сличен принцип. Нема кој не се жали за небенкостен годинава ама цените на гасот енормно се зголемија. Јас сум во свој стан па трошоците за нафта ни се дупло поголеми од минатата година.
     
    На Herrera, Neda997 и Ava.84 им се допаѓа ова.
  13. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Како на платите небенкостен?Што има веза мојот работодавач со вервалтунгот?


    @Biljarkata каде е Биљи?Да не е на одмор некаде?
     
    На Biljarkata и Neda997 им се допаѓа ова.
  14. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Извини, не те разбрав:)
     
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    36.334
    Пол:
    Женски
    bezahlen (Nachzahlung) =| lohn
     
    На Neda997 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Не се секаде исти, кај нас исто педијатар само со термин ама ме примале и истиот ден по потреба, ама матичната не работи со термини и не прават никако термини само и одиш и чекаш и секогаш кога сум чекала било минимум 3 саати. Сум отишла и рано сабајле за да бидам прва ама трета бев и пак чекав три саати зошто она дојде саат покасно па паузи меѓу пациенти. Ја избегнувам на големо крвна слика си правам и барам упати на шалтер недајбоже да мора да ме прегледува ќе приумреш чекајќи.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    36.334
    Пол:
    Женски
    Ова ми останало од којзнае кога па сега ми се појави и го редактирав избришав одма. За болни деца има секогаш уште истиот ден термини од 12 до 15, па од 17 до не знам кога е за болни деца. Сабајле до 12 за вакцина, крвна слика и систематски. Некој ако не може тогаш од 15 до 17. Еднаш дојде една мајка со дете без термин во време за здрави деца и ја вратија и рекоа во 12 да дојде. И сега нормално дека таа мајка ќе се жали, се жалеше ама такво е правилото и во ред е. Ако е итно брза помош, а за вака болно може да почека до 12. Ако ја примат ќе се бунат другите што дошле со здрави деца за вакцина. Итн
     
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    36.334
    Пол:
    Женски
    Можеш да се јавиш и да прашаш или да побараш да проверат пак. За 2021 цела така? Гасот е поскапен од 1.1.2022 па не е до тоа. Во небенкостен влегуваат и други трошоци, не е само гас и вода, јави се прашај. Нас многу малку ни стигна да доплатиме за небенкостен. За струја бев убедена дека минимум 1000 евра ќе треба да доплатиме ама и тоа нешто ситно ептен позитивно се изненадив и убедена сум дека не е така ама не би се бунела сега мислејќи дека треба повеќе да доплатиме. :D
     
    На Neda997 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Јас тебе не те разбрав затоа и прашав која е врската:?::).
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.140
    Допаѓања:
    180.977
    Здрава, жива, многу вработена, фала на помисла @Ava.84 :hug:. Ај ма врати си го аватарот, да бидеш убава:makeup:
    Од здравство задоволна, нема се времена за болести. Ќе се жалам за 30 години одсега, ко ќе чекам 3 години за вештачки колк8). Ако дотуркам до таму и ако сум уште овде. :wasntme:
    Поздрави и бакнежи за лепо друштво:*
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.