Дали може да купам линекс во Германија без рецепта. Итно е многу, туристички сум тука. Ако не може линекс што друго да земам. Многу ми е лошо
Можеш Не знам дали има овде линекс ама ќе ти дадат нешто во аптека сигурно Ние користиме перентерол форте капсули
Дечки, пишав веќе многу ми е лошо, туристички сум тука, доколку одам на доктор што може да се случи, знаете ли колку може да е цената?
Оди на лекар ако ти е многу лошо. Цената не е битна. Ние пред неколку години плативме паушал од 300 евра пред преглед во Ургентен Центар. Накнадно ни вратија пари (се допишувавме после тоа неколку месеци). Ние имавме и здравствено осигурување купено од Македонија, ако имаш такво штом си во болница треба да го активираш осигурувањето со јавување на телефонски број назначен на полисата (вака повратот на пари е полесен и побрз од оправање со бирократија). Носевме дете и на детето му направија крвна слика и ехо и се беше во рамките на тие 300 евра (дури и испадна треба да ни вратат пари). Инаку земи активен јаглен, средство за рехидратација (електролити) и пробиотик од аптека.
Fenchel Tee јас пиев, за бебето од педијатар препорака Lefax и Kümmel Zäpfchen и двете се купуваат од аптека без рецепт и се на природна база. Чепчињата мислам дека најмногу имаа ефект. Во секој случај комбинација утро вечер давав и имавме раат денови и понекогаш плачки. Инаку обично малите кога имаат грчеви природно бараат повеќе да се на града, не од глад туку како утеха, тоа му помага подобро да се чувствуваат. Само пази со доењето, кај нас прејадувањето го дуеше и отпосле имаше уште повеќе тегоби и плачки. Ама пак од друга страна не можев поинаку да го смирам и тоа е мора да се истурка некако.
Ај некоја мајка што се породила тука во Гер да ми пише лп сакам да прашам нешто во врска со документи
На тема здравство, градинки итн. да кажам искуство и мислење, гледам сум пропуштила многу дискусии Дека не е се идеално, не е. Лекари има и вакви и такви, дека е подобро од Мк. во многу сегменти секако и без споредба. Општо здравство и болници се оптоварени заради недостаток на лекари и сестри и често пациенти биваат одбиени за преглед и сл. Дека има и нетолерантност према ауслендери има, за среќа кај поединци. Затоа ќе речам големите градови имаат предност, гинекологот прв го сменив после прв преглед болница за пораѓај бирав по рецензии, педијатар и градинка исто. Ако не сум задоволна ги менувам око не ми трепнува. Има и луѓе и не луѓе, ќе си бираш и ќе погодиш. Можностите за работа во големите градови исто се неограничени. Негативна страна е сместувањето односно станот, ама па еднаш го најдуваш како што треба и раат си. Само да не бидам сфатена погрешно, јасно ми е што значи преселба и нов почеток и дека не е ич едноставно. Не дека викам да се селите сите Ова чисто како тип од мое искуство за оние што се на почеток и мислат дека во малите градчиња полесно ќе се снајдат.
Zdravo Sto mislite do koga treba da mu se dava vitamin D na deteto ovde vo Germanija (so ogled na vlaznata klima ovde bez mnogu sonce) Moeto e 2 godini i do pred nekoe vreme mu davav sekoj den a so ogled na soncevite denovi posledno ne mu davav. I sega se prasuvam dali da mu davam uste?
Провери и горе на лупата, многу имаме пишувано на таа тема, може ќе најдеш одговор Ако не можеш и мене лп
Најдобро е да се јавиш на педијатар и да го прашаш, тој најдобро ќе знае, можеби да треба поради некоја причина за твоето дете, а ние да не ја знаеме, педијатарот знае најдобро Кај нас сонце грее од пролет па навака Мала шала: Овде до 22:30 дека грее сонце да не треба помалку да даваме ние Јас мислев исто од септември до мај да давам ама баш ќе прашам и јас педијатар
Јас цело време мислам дека во помалите градови е подобро и сега ме збуни ти. Дека ние сме во помал град и се е ок. Сигурно има мал и мал и голем и голем ама сега не знам општо каде е подобро. Знам само дека не би живеела во поголем град од овој, тука е се некако на едно место, и иако матичниот ми е на 5 минути пеш има уште неколку матични на 5 мин пеш и уште минумум 10 матични на 5 мин со кола.
Дечки, ај, ве молам совет. Иако е за Австрија, ваљда слично е, или ќе ми каже некој што и како е кај вас у Имачка. За виза термин имам на 25.08, а имам битен настан во Мк средина на август. Имам Bestätigung Der Meldung, од 21.06. Дали смеам да ја напуштам државата до пред терминот?
Како што рече има од град до град разлика. Јас сегде одам пеш, на 5 мин трговски, матичен, банка и институции. Чак и работата на пола сат пешки што во милионски град е супер. На кој каде му лежи. Јас се селев со мисла дека сакам град што е метропола и е жив 24/7, да има све и свашта од настани и дека ако сакав "гратче" ќе си седев во Мк Така навикнав сега еве сум едно 5 години тука, еднаш бев на обука во едно градче 30.000 жители во близина и мислам дека депресија ме фати тие 2 недели. Истиот плоштадот и донер и кафич секој ден Така да за мене тоа не е, плус причините што ги наведов предходно. Што не значи дека за сите е така. Индивидуално, карактер и карактер.
Мајки имам скоро пишувано за оваа сега сакам пак дали некој имал ваков случај Керка мо има генетски мутации,овде обичен педијатар и зима крв за да испитат тоа што треба е сега ние пред да дојдеме овде доктор трансфузиолог и ја намали шемата за секој случај и ни рече овде да бараме трансфизиолог Со молби од докторката конечно добивме да одиме на трансфузиолог но дури Октомври ми направија термин немало ништо слободно Јас по тоа што видов на резултатите на керка ми тој резлутат што е да беше во Мк ке и ја качеа шемата,но овде како што напоменав обичен педијатар е и не може да преземе ваква одговорност таа да и менува шема,а трансфузиолог дури Октомври Јас не верував дека овде е вака мислев дека Македонија е потешко но овде било Плус син ми требаше сп целосна анестезија заби да му прават,секој ден плаче се жали дека го боли,но мораме да испитаме да нема и тој генетски мутации и исто и за него Октомври Мене ме фаќа многу страв за керка ми,тоа во Мк не се случило толку време да не и се прави контрола,обично на месец дена и правеа контрола плус на 6месеци за б12 Бидејки нема б12 во крвта,а овде не и ни испитаа за него Незнам каде да се обратам,оваа вака не сакам да го оставам на толку долг период Извинете на долгиот пост
За термините на специјалисти на жалост се чека… и кај нас било така. Кога немало разбирачка со педијатарот неуспешно било да ја смениме Оти другите ординации не примаа нови пациенти. Но ни се најде нашиот матичен па од него упати и за децата земавме. Пробајте така, може поразбран ќе се погоди. За забите на ќерката без анестезија, така, и пломбираат. Јас не седнуваме без да ме буцнат анестезија, на децава ништо. За целосна мислам е само кај деца со пречки во развојот, но можеби може за сите дечиња, не знам Оти ова во глава ми останало.