Дали поднесувавте сами за Kindererziehungszeit или автоматски оди? Го читам писмото што ми го пратија од Rentenversicherung, никаде не пишува да се поднесе нешто, а на интернет стои дека мораме сами и има формулар за тоа. Да ми објасни некој поупатен И дали за секое родено дете, добиваме плус 3 год платено пензиско од државата или пензиското е колку што било породилното, (пример само ако сум била 3 год на породилно, 3 ми плаќа Рентенферзихерунг, ама ако сум била само 1, тогаш 1), тоа не можев да сфатам
Za da se prefrlam kaj Nov maticen ginekolog moram prvo da se javam da prasam Dali primaat novi pacienti Ili mozam Termin Samo da si zakazam Pa da prodolzam Kaj nego na pregled?
Мене ми е што многу долго е оваа Ние сме од Април овде и ни закажаа за Октомври тоа е пола година Плус не се обични апчиња се работи за згрутчување на крв кое ако не се прати редовно може да биде и лошо Незнам може јас така си размислувам,може сум грешка но во вакви ситуации на болест посебно кај деца мислам дека треба да имаат разбирање Според резултатот кој го има сега да беше Мк шемата ке и ја покачеа,тоа го знам бидејки скоро 4год е на оваа шема и што се вели веке и јас знам,тоа значи дека неа крвта моментално и е згрутчена повеќе од нормално и мене тоа ме плаши што многу се слободни овде Сепак ти благодарам
Сами Баш пред една недела го пратив формуларот во рентеверсихерунг Ништо специјално не е ама мора со него за да се внесат годините
Не можете до Мк да отидете и да ги повториш/ завршиш сите испитувања што треба? Различно е тука ама тоа не значи дека ќе ве остават така ако нешто мора или итно е. Мене не ми е јасен вашиот проблем не се разбирам во тоа и не знам како би те советувала освен да одите во Мк на кратко или ако не е ок да се чека до октомври тогаш да се јавиш пак на педијатар и да објасниш убаво и ќе ја примат порано како итен случај. До сега за се сме чекале по 6 месеци и повеќе ама пример за тироидната бев итен случај и одма ми направија термин не требаше да чекам 6 месеци. Затоа во глобала им верувам ама за вашиов случај не знам поточно што како треба, знам само дека треба главата мирна да ти е и ако мислиш дека треба/ мора лекар порано тогаш се јавуваш на педијатар пак или на вашиот матичен Дани како што пиша или одите во Мк. За б12 самата речи им. Никогаш немој да прескокнеш нешто да не кажеш, а да мислиш дека треба. Кажи б12 ако ти речат не кажи ќе платам сама ако ти речат и така не барај на гугл приватна лабараторија. Ти знаеш најдобро и одиш до крај. За lachgas спомна тука некој мислам дека се користи при поправање вадење заби на деца. До тогаш од аптека нешто за болки и испитувањето ако е побрзо во Мк тогаш и тоа во Мк па ќе дојдете пак тука. Ќе се среди се и мирна ќе си Прашувај се што те интересира
Мораш да прашаш дали примаат нови пациенти И да се јавив да закажеш ќе те прашаат дали си нивни пациент
Прва виза ти е? Зашто ако излезиш од Австрија сега,се водиш сеуште туристички и ако ги немаш исполнето тие 90 дена од 180, ќе можеш да се вратиш и да си ја подигниш визата. Нема проблем ако не ти се истрошени тие 90 дена.
Тука мислам дека не смееш да ја напуштиш ама најдобро е да се јавиш во општина и да прашаш за најточно
Ова е за мене но ќе ти го кажам искуството можеби ќе помогне. Пред година дена морав на хематолог( онколог е заедно со ова па упатот беше на онкологија) мене матичната ми даде само упат за онколог и ми рече закажи си сама. Кога се јавив ми рекоа не оди така мора да ни прати она резултати и врз основ на резултатите правиме термини. Зошто нашава е скрос незаинтересиран им рековме на шалтер сами да им ги пратиме резултатите и кога ги погледна доктор ми закажа за месец дена. Да беше поитно верувам дека и за два дена ќе ми закажеа. Ти го кажувам искуство за да видиш дали може да се јавиш да кажеш да им пратиш резултати па врз основа на резултатите да добиеш порано термин.
Не ми се поминати тие 90 дена, нема да ми бидат поминати ниту откако ќе се вратам. Ама ми е шубе кога ќе отидам на терминот за виза да не ми речат што си барала да излегуваш од Австрија, ако веќе имаш термин.
Јас бев излезена од Австрија пред да ја земам првата виза. Ако ти е мисла, јави се во БХ или во Магистрат ,прашај..
Јас те сфаќам, во иста ситуација сум била. Ми одговорија дека и другите деца се со иста/слична мака и подеднакво итни случаеви… Јас на жалост не успеав да издејствувам поран термин тогаш
Абе вие сте фамилијарно, повеќе човеци по дома , а шо да речам јас ? Денес стигна сметката и кај нас Треба да доплатиме и ние како вас скоро 800 евра . А само јас и маж ми сме, нит деца, ни маче ни куче по дома, значи преку куров ми Стигна и известување , од 1 Август 2022 се покачува киријата за плус 100 евра Ц ц ц ц , трошоци на сите страни. Стварно не ми е јасно од каде толку потрошено, ко поголем дел од денот сме на работа. Ненормална работа
Мора приговор да поднесете штом така. Црно на бело да пишува детално и да се докаже колку е потрошено. Не плаќајте се додека не се докаже, бунете се.
Однеси го малиот на забар, ќе му ги средат запчињата или без анестезија или со лахгас. Второво го употребуваат најчесто кај деца кои не соработуваат или тешко соработуваат. После во октомври, ќе испиташ и за него. Веројатно анестезијата би била проблем, претпоставувам. (?) Ќе и објасниш на докторката, дека е можно да има згрутчување на крвта и дека следат испитувања. Ќе ти каже која опција за поправање запчиња во таков случај е најдобра. Во врска со другото, се што ќе побараш за испитување преку крвна слика, во случајов витамин Б12, треба да добиеш. Ако сметаат дека нема потреба, тогаш инсистираш и плаќаш приватно. На жалост нема друга опција освен да го чекаш терминот. Единствено приватен да најдеш (па и таму дали имаат термини) или краен случај во Мк да испитате. И уште една опција имаш, да исконтактираш со трансфузиологот во Мк и да те упати што по резултатите. Ќе бидеш помирна до октомври.
Искрено , не знам како може да се докаже оти немам добиено никаков лист со почетни бројки за после тоа да се врши мерењето. Плус никој не е дојден дома да измери колку сме потрошиле, туку од ракав е пишано сметката. Верувај, ептен сум нервозна , криво ми е , барем да пуштев у станот нека живеат и други луѓе , нека трошат, барем ќе знам потрошено е, а вака само јас и маж ми. Се чув со сестра ми и буквално се фатив за глава. Јас и велам ќе пукнам од нервоза , не е фер што треба да платиме толку многу, а она ми вели, нив им стигнало писмо дека помалку потрошиле и ќе им вратиле 150 евра. Е како бе така ?? Она со дете, преку 1 ден пуштаат перални, греење по дома нон стоп уклучено, па моиве на гости им идеа за многу често , перална за миење садови, оти сетсра ми си прави нокти цело време , па да не и се расипале ноктите и пуштаат перална за садови да пере. И пак помалку потрошиле Абе аман Боже , вријам , ќе утепам некој колку сум напната. А маж ми ко и по обичај со ладна глава он смирен ми вели, ајде ништо не е , ќе платиме , секако кружат парите од месец за месец. Не можам да се помирам, ќе можеш ли да ме советуваш со кој да правам муабет ? Каде да се обратам ? Да барам ли адвокат ?
Со термините се чека и ужас е. Викаат ако си за итно оди на болница. Јас не знам за какви ген. мутации се работи кај вас и дали има некои симптоми ама јас би одела на болница со изговор дека на детето не му е добро или нешто така дека ти е чудно( господ да чува) ама може да опали и да го примат во некоја клиника. После они ќе си испитаат се, небитно за што е првиот прием. Не е добро да се лаже ама на загрижена мајка за и е простено Или прво ти земи си упат па после види каде се може да се испита, барај повеќе ординации или болници, па нека е и соседниот град може нешто ќе се најде порано. Стварно без врска да се чека толку а ти е мисла до тогаш. Посакувам многу здравје и да се заврши најпозитвно што може и без нервози
@Herrera za zal mislam Deka nisto nemozete da napravete, nie im se javivme,bukvalno bev sigurna Deka nema tolku parno istroseno, vo 2 spalni bese so defekt, ni kazaa Deka digitalno gi citele saatovite za gasot i vodata
И ние на толку трошење вода, гас и струја, ни стигна многу малку да доплатиме, сеуште се чудам. А до сега ни враќаа се. Прво нив да им се јавиш црно на бело да ти покажат пресметка и тука се ќе пишува, прво да ја разгледаш да видиш која адреса пишува кој стан, од кој до кој датум колку и се тоа, па после не ми текнува сега кај се обраќа ама ќе проверам ако не знае некој од темава да каже 800 е премногу, колку плаќавте месечно?