Бар за тоа да не му ја мислам. Да пофалам изводот за бебе е единствениот документ што стаса со брзина на светлината. Се друго е држ недај. Се нешто отпосле им треба, па не овој документ, оној. Па друг, па трет. Сафра!! Да прашам, дали има некој искуство со приватна тужба овде? Дали споровите се решаваат или се влечат со години како кај нас? Можда и некој адвокат да препорачате?
Знам, али тука ми барат мој интернационален извод за да му извадат на бебето германски. А немам ниеден роднина во Мк, прашувам по другарки и сите различни цени ми кажуват ме лажат, сакат да си стават некој денар во џеб.
Izvod tvoj mozes Samo ti da si izvadis öd maticno Ili tvoite roditeli so polnomosno dadeno öd tebe. Drug nemoze da ti izvadi, Majka mu na mm so fotokopija öd negova licna karta i pasos otide i ne i dozvolija. Okolu 300den e.
Па ќе барам јас да се чујам со тие таму што работат ме знаат мене оти помал е градот и знаат дека јас немам никој , а во 9ти месец сигурно нема да патувам до мк за еден извод, дај боже да ми завршат работа
Прати полномоштво на другарка за недела- две ќе стигне Мк. Ако ти треба за побрзо по брза постапка прати го писмото. И да те лажат до 5 евра ли е дојдена работава, ни тебе многу ќе ти сменат, ни тие ќе завршат некоја работа. За услугата ете нека се за кафе.
Па така ќе биде или да ми се смилуват или со полномошно . Иначе јас реков ќе им пратам пари и плус да им останат за два дена да поминат со нив и ете пак лажат
Гугл вика постоел електронски извод. Ај пиши електронски извод види дали ќе може така. Правиш профил, плаќаш, ти стига по меил.
Дали сте носеле поклони во болница на бабици и доктори после пораѓај? Јас за бабицата што ми е купив нешто, но не знам дали се купува и за болницата.
Двата пораѓаи ништо. Едниот маж ми им остави чоколадна корпа на едно како рецепција, до кафе машината што им е.
На бабицата само, сеуште ми доаѓа, многу ми се најде, ќе и земам нешто симболично. Каков физиолошки раствор за носе користите/сте користеле?? И од тие за влечење нешто од искуство да препорачате? Не можам онлајн да најдам витамин Д3 капки на хумана, нема ли овде? Ми дадоа на клиника ама таблетки. Јез да се мали и ми рекоа брзо се топат во уста не е страшно, ама многу ми е страв да ги давам нив. Па барам некоја соодветна замена во капки.
Јас на бабицата немам ништо купено. Во болница кога се породив им оставив мерси и рафаело. дали на гиникологот кој ми ја водеше бременодта да купам пр чоколадни бонбони и да одтавам пари за кафе во касата?
Јас еднаш само имав бабица. Првиот пат дојде точно, после почна да забушава, се каснеше. Еднаш и денот го утна. Наеднаш веќе престана да иде, не се појави веќе на термините. Првен мислев да и се јавам, ама после си викам требна ми е, нека крши глава. Претпоставувам ниту сега нема да имам бабица. Толку ми беше лошо искуството со женава, ми се одмилија.
На вработената што ме испрати до надвор мерси и дадовме, не за неа лично, за сите. Од 14 ден се дава витамин Д3. Спојлер: Д3 капки Околу 20 евра се, со рецепт од педијатар бесплатно, секако тој треба да ти каже колку капки. Јас не давав од таблетите, побарав рецепт од педијатарот за капки. Спојлер: Капки за нос Само вакви за нос имам користено. По една капка. Да.
Спојлер Секогаш има некои вака предобри работи како со чадорот и храната за некое залутано маче што објавив пред некое време. Почит кон секого. Ова е тоа што најмногу ми се допаѓа во животот, малите, а толку значајни детали. Не знам дали ви пишав дека има едно како регал по ново и ако на некој производ му поминува рокот до утре на пример, а не можеш да го искористиш го носиш таму и го зема некој што има помалку за јадење, или ако имаш одвишок или доброволно сакаш да оставиш. Се надевам дека не сум ви досадна.
Јас во болницата однесов неколку кутии мерси и рафаело и 30 евра за кафе што имаат заедничка кутија. Бев задоволна од сите на одделот. На бабицата и купив посебно поклон и го дадов кога заврши, многу ми помогна и бев презадоволна од неа. Кај матичниот гинеколог исто однесов чоколадни бонбони кога бев на прва контрола. Ве молам за инфо кои документи се потребни за издавање на прв ауфентхалт за бебето!?