До каде си стигната со документи? Конкретно за ауфентхалт ни побараа биометриска слика од бебето, копија од пасош и доказ дека е здравствено осигурано.
До никаде Ние во неделата се вративме од МК, бевме за да извадиме пасош за бебето. Во ауслендербехјурде во нашиот град за да добиеш некој е како да добиеш на лото. Тоа се сите потребни документи што ги имате доставено
potpolnet formular, moze i od stanot dogovor, kopija od pasos neznam dali baraa i od roditelite platni listi tri posledni.
nas ni baraa drugoto osven platnitr listi ne se sekavam.A eve sega za vtoriot i potvrda od gradinka megu drugoto baraat .
Има ли некој што е аплицирал скоро за киндер гелд и елтерн гелд? Може ли да ми пише . Сакам да прашам за киндергелд освен Антраг и извод од бебе дали се потребни и други документи?
До колку часот ви се децата во школо од 6-7 до 10-11 години? Има едно школо од 8 до 12 и има едно школо од 8 до 16 во кое од 12 до 14 може да е дома детето. И некако цело време одат некаде, тоа треба да е добро или лошо? Пешки, со автобус, со трамва. Еднаш на пливање слушнав дека одат со автобус. Е сега јас тоа го гледам како малтретирање ама можеби не треба така, деца се имаат повеќе сила од мене, интересно им е, брзо им поминува времето. Значи воглавно не можам да се одлучам дали е ок школо од 8 до 16 и дали е ок што се цело време ваму таму?
Mittagsbetreuung е тоа. Школото до 12.15 е кај мојава, јас решив директ дома да си иде. Првата година додека се уходаме со пишување домашни, учење, совладување на материјалите со кои има потешкотии. Верувам дека поради овие моменти со мене ќе биде многу подобро, одколку со еден кој пази икс број на деца. Пријателка, која не е вработена, го пиша детето само еднаш или два пати неделно да седи таму пладне. Претпоставувам тие што одат на работа мораат да ги пишат во целодневната.
Ganztagsschule пишува. Значи подобро е до 12:00 за детето? А тешко е до четврто или? Дали ќе знам јас со него дома? Ако е до 16 после ќе нема време за танц или спорт или некоја друга активност. А до 16 во школо ми е како на работа да е детето. Јадат па во двор се до 14 па од 14 до 16 одат некаде, не се до 16 во затворено ама хаос ми е во главава не знам како е најдобро.
Активната настава им е до пладне. После ручек, па двор, па шетаат. Седењето на пладне е бетројунг. Што е подобро не знам, секој се прилагодува на детето и на околностите. Реков, тие што одат на работа, мора да ги остават таму. Имај во предвид кога ќе си дојде дома ќе треба домашна да се пишуваат, да се учи...а ќе биде веќе капнато детето. Јас се спремам од сега за рикање и плачки секој ден. Дај боже да не биде така, ама не можам да замислам тек во 17.00 или 18.00 да почнеме да учиме или домашна да пишуваме. Концентрацијата ќе биде намалена. Домашниот есап ми е ручек, малку одмор, и од кај 14-14.30 до 16-16.30 да го завршиме тој дел. За кога ќе дојдат сетстрите од градинка да може да си поигра и во кревет.
@gjoker4e Моите се во бетројунг, а часовите се до кај 12. Имаат многу убави активности и домашната ја пишуваат таму. Пливање има во речиси секое школо како дел од наставата - спорт (физичко). Во гимназија ќе оди ќерка ми од септември и таму ќе биде во бетројунг. Дел од активностите се исто домашна и учење после часовите. А ќе имаат и нешто кое многу ме бендиса, организација и распоред на времето за учење и издвојување важни информации од материјалот. Ние пошо сме на работа, ја одбравме оваа опција. А причина плус ни беше интензивно јазикот, домашната, поминување на предадениот материјал. Дома само разгледувам што учеле и убацувам некое блиц прашање да видам дали внимавале. Тука имавме 3 опции. Регуларни часови, бетројунг или ганцтаг. Последните две се со домашна и учење. Исто така, имаше опции за 2 или 3 дена во неделата или помалку временски, а другите денови после настава право дома. Исто така, дури и да е запишано детето фул, секако дека можеш да го земеш и порано. Убаво е организирано, да одговара и за родителите и за децата.
Даа,да. Денес ни одговорија на меил. Копија од пасош на бебето, слика, големина на бебето- цм и кг,три последни листи од плата и од кирија.
Здраво,незнам во која група да пишам. Дали некој знае да ми посочи доктор или клиника за Максилофацијална хирургија односно операција на зглоб на вилица во Германија? Тука во Мк не изведуваат такви зафати,а никако не можам да се снајдам да најдам некаков контакт или клиника кај вас?
До 16 таму пишувале домашна како што сфатив па дома не треба после. Ако е до 12 ќе треба со мене домашна, а јас не знам 100% германски може погрешно да ја учам и погрешно да пишува домашни. Ок трето прашање. Тешки се домашните во прво одделение или ќе знам до толку? Некогаш гледам мајки прашуваат по групиве на фб за одговор на некои ‘тешки’ домашни и задачи.
Не знам дали се тешки, Ели е во SVE, schulvorberaitungeinrichtung. Не е ни прво, не е ни градинка. Септември ќе биде прво. Јас лично сакам со мене барем првата година, поради индивидуалната помош при подготовките и домашната, доколку има потешкотии да можам да се фокусирам на слабите точки. Доколку прво одделение го совлада без проблеми и не и е потребна дополнителна индивидуална настава, можеби понатаму ќе ја запишам на ден два. Сега не.
@Lianna Anna како се одвива бегројунгот, доколку дете се соочува со потешкотии може индивидуална помош, или еден учител е а цела група? Квалификувани учители се или аусхилфе со друг аусбилдунг? Како учат? Еден на еден или им задаваат задачи и сами работат? Кога започнавме веќе тема, и јас со тон прашања
Лично за моево, мислам подобро е да биде некое време во целодневна, не за друго, туку после ко ќе си дојде дома, значи завршил социјалниот живот со другарчиња. Сега тоа што таа си избира кога ќе биде до колку, или јас пребирам, во зависност од ручекот е друго 20 За прво не можам да кажам, јер прваче беше во ек на корона, со онлајн школо со глупости. И затоа социјализација ми е многу битна, за домашно и научување секако се постигнува.
Кај вас секој ли има право на бетројунг? Јас секако прво планирав да не оди, ама ни стаса писмо дека не и следува место во бетројунгот бидејќи учителката и сегашната воспитачка од бетројунгот се задоволни од нејзиниот развој, има деца со поголеми потреби на кои тоа место им е попотребно. Не ги интересираше дали работиме, дали можеме, дали сакаме. Во смисол топ си е, не и треба, на други им треба. И кај вас ли е така?
Кај нас сите одат во целодневна во школото што е до нас, значи мора до 16 ама од 12 до 14 може дома да е, а другото школо до 12 може. Не знам дали има опција и за до 16 во другото. Дани после градинка ја запиша на shulvorberaitung?