Кај нас ќе јадат во шумата и цел ден ќе се докај 13:30, така стоеше во известувањето од градинката. И потенцираа да носат децата храна некоја лесна, и обавезно вода. Јас сакам да ја пуштам ама мм со црните хроники ќе падне во некоја провалија ќе фати крлеж итн.
Мојот лани беше еден ден и ептен уживаше ама се разболе многу па останатите денови за жал ги пропушти. Оваа година беше со рана на главата лепена која еднаш ја отвори а времето врнежливо и лизгаво па не одеше од страв да не отвори пак. Јас би ја пуштила посебно ако е убаво времето. За крлежи облечи и високи чорапи и во светли бои и детално ќе ја прегледаш кога ќе се врати. Ако имаш спрејче за крлежи исто шрицни ја. Убаво искуство е, и тука гледам посебно Балканците не ги пуштаат децата со вакви сценарија. Сепак има со нив одговорни учителки. Инаку кај нас има редовно одат еднаш неделно на некој два саати во шума.
@Chantal дојдов да ти кажам дека чаршавчињата што ги препорача се супер. По 2 во сет беа, искористив и попуст. Дека распродажби немаше нешто многу избор ама најдов и земав. Ќе нарачувам пак. Земав за син ми, ама ќерка ми ги бендиса не само нив туку и креветчето си го присвои. Нејзино беше секако, ама го планиравме за бебето, нејзи и купив ново демек, ама џабе. Го окупира таа старото, сеа сум без креветче за бебето. Иначе после неколку месеци, конечно вчера ни јавија дека е примена во градинка и почнува на 1ви Октомври. Таман да ги фатиме сите вируси со ред. Налет. Нека почне само жална е колку и фали друштво, и те читам сега за дружењава и шетањево во природа, знам дека многу ќе биде среќна. Бар се надевам дека ќе сака да оди. И се надевам дека конечно ќе се опраи со јадењево, оти од очај ми доаѓа со бебево да скокнам вкусови и дирекно на мусака да преминеме. Утре на утро сме на разговор во градинка, бараа двајцата родители да се присутни, се надевам ќе договориме се и дека ќе и биде добро таму. Многу се радувам за неа.
Здраво на соте мамички имам неколку прашања трудница со прво сум и малку ми е чудно тука во де трети месец сум и сеуште ме гледаат со вагинално ехо и спеколум на секој преглед минатиот пат ми правеа пап дури и крв ми пушти што ми траеше 3 дена па во болница бев да се осигурам дали е во ред може ли да споделите искуство кога почнува гледање преку стомак затоа што моите пријателки од мк што родиле сите ми велат како е можно уште ли те гледаат вагинално јас сум 12та недела и на колку време сте оделе мене ме чуди што др ме прашува јас кога сакам тогаш на контрола јас одам на секои 4нед. Прашање бр 2. Ми спомнаа на минатиот преглрд за хебаме дали некој има искуство и како ја најдовте дали треба да звонам во здравствена каса или како да ја одберам . Прашање 3. Кога започнавте со пријавување и каде треба да се пријавам во работен однос сум 4 год со неограничен договор но незнам каде кога и што треба да пријавам пред породување слушнав нешто 8 нед пред порагај требало негде да се пријавам. И кога почнавте да купувате за вашите најмили и што се е потребно за новороденче. Се извинувам на долгиот пост би била благодарна на некој што би ми помогнал
Негде 24 или 27ма недела не памтам точно, го имав последниот вагинален преглед. Потоа само класично ехо на абдомен и тоа кога како не секој преглед. И јас бев избезумена ради тоа, ама овде таква пракса имаат. Чим прегледуваат вагинално, значи дека е безбедно. Иначе и мене исто при еден преглед ме расчачка и ме раскрваве. Имав споттинг цела недела после тоа. За хебаме треба да ти дадат од кај гинекологот листа каде можеш да се јавиш. Мене ми дадоа 2 страници, до секое име им стоеја и јазиците што ги зборат што беше олеснителна околност за мене оти уште не знам германски. Сеедно, не најдов од листата, оти доцна ми ја дадоа и тие што збореа англиски не беа достапни. Најдов бабица на клиника, пред да се породам. Таму вработена, Србинка, се запознавме и дур бев таму многу ми се најде и таа сега доаѓа да го прегледа малиот и мене ми ја гледаше раната на почеток и ми ги извади конците. Забораив да прашам, следна недела сум на прва контрола онаа што е на 6 недели по пораѓај. Прегледот е вагинален или абдоменален? Сеуште крварам па глупо ми е..
I jas sakam mnogu da ode, ama bas pred pat za Mk ke odat, strav mi e da ne se razbole pak, minatata nedela cela Si ja presede Doma.
Понекогаш не е дека Македонија - Германија И таму и тука после 12 недела ме гледале преку стомак. Велиш трети месеци значи сеуште не си 12+ недели. Прашај, замоли дали може преку стомак ако ти е ептен стресно, ако не ок е вагинално се додека те гледаат, сексот е ‘поопасен’ од вагинално ехо во бременост На гинеколог побарај листа хебаме или онлајн сама пиши хебаме и твојот град, се бара одма само што дознаеш дека си бремена бидејќи е тешко да се најде, не е морално да се има можеш и без неа ама ајде дека прво ќе чувствуваш некоја поткрепа ако ја имаш па уште веднаш подобро јави се на сите хебаме во твоја околина има број на интернет кај некои и со опис како што Само по себе ќе ти кажат и од работа од кога си на муташутц и постепено ќе средуваш документи, сега е рано, уживај, па после прашај пак подобро, 6 недели пред пораѓај и 8 после е тоа кога ти плаќа нешто здравственото осигурување нешто работодавецот, а ти седиш дома, па од 9тата недела е елтернгелд И за прво и второ 9ти месец почнав да купувам ама можеш ти кога сакаш можеш и пред да се забремениш и во било кој месец од бременоста едноставно ти кога ќе посакаш, кога ќе видиш нешто што ти се допаѓа Ако имаш време разгледај курсеви за трудници во твојот крај, за доење, тоа е најважно едукацијата иако прашањата секако ќе дојдат сами по себе па ќе си наоѓаш одговор постепено ама чисто да размениш некој збор со други трудници ако имаш потреба
Ти благодарам за секс немаме од кога дознав дека сум бремена така до 9ти ке тераме затоа што лани имав спонтан баш поради тоа што на секои 2 недели ме 'брцаа' па затоа малку се плашам и барам спас но денес дознав дека можело да си платам и само преку стомак да се одвиваат прегледите ако има некој инфо за тоа
Можеш и само да кажеш Нема потреба да платиш Кажи го на гинекологот ова што го пиша овде Ако рече мора вагинално најди друг гинеколог што ќе те гледа само преку стомак Ова чисто за да бидеш мирна ама ако можеше спонтан да има поради вагинално ехо тогаш воопшто не би се користело
Znaete Li Dali mozam da odnesam igracka kujna vo gradinka? Neznam Kako ke reagiraat koga KE gi prasam, a Kako nova e cela kujna zal mi e da ja frlam.
Кај малото на врата во градинка пишува дека може да се донираат играчки, условот е да бидат комплетни и добро зачувани. Прашај, ама не гледам зошто да не би можело, освен некоја таква политика ако води градинката, ама не верувам.
Мајки не знам дали во секој град ја има продавницава "ernsting's family", сакам да ве известам дека има големо намаление на детските алишта. Јас на ќерка ми зедов фармерки од 15 евра намалени на 2 евра. Не е секое алиштенце на попуст ама околу 80% од производите се.
Омилена продавница ми е Преубав е материјалот , децава ептен ги износуваат од таму алиштата , и во H&M и C&A има убав попуст и есенско се наоѓа доста за супер цена
Ај збор два ќе и кажам на @Justicija Мене прва асоцијација за Берлин ми е другарка ми Андреја од Хрватска што секој муабет и е идење на техно журки. Она остана да живее во Берлин, сеуште сме во контакт , ама си продолжи со пушење марихуана, журкање , мување за 1 вечер. Берлин ко Берлин ми е премногу гужви , некако пренаселен е , сообраќајот е хаос , и како најглавен проблем и е нечистотата, морам искрено да си признаам, на скоро секое халтештеле ( не знам како беше на македонски зборот) е собрано ѓубриште во голем дел од градот. Точно е дека со англиски јазик можеш да најдеш работа, плус врие странци, на таа апликацијата meet up можеш да најдеш кој ден каде се собираат и да си седнеш на кафе со непознати кои си бараат друштво. Во Берлин има работа и можеш секој месец да менуваш , оти има избор. Голем проблем е наоѓање стан, ние ко сакавме да се вратиме таму , ептен тешко беше за стан, затоа сменивме локација. Инаку имам живеено Бремен, тоа е толку мирен град , ептен фамилијарно да живееш ако имаш деца, има многу зеленило , чисто е, ефтино е и многу блиску до северно западниот брег да идеш на море у Bremerhaven за викен шема. Позитивно е што лесно можеш да најдеш работа , плус си има млади пошто има Универзитет па за почеток ако си сама, лесно можеш да најдеш цимери да си делите станче. Живеев и во Штутгарт , леле таму на улица секој втор е балканец,,,,идеш у маркет и ти причат српски околу тебе народот оти е преполно со балканци, ма врие, со лопата да ринеш. За разлика од сите места кај што сум живеела, НАЈСКАПА КИРИЈА е дефинитивно во Штутгарт. Градот е среден , си има места за шетање , а инфраструктурата му е со удолници , не знам како да ти кажам, улиците се нагоре па надолу се спушташ, така да не е баш рамен градот. Работа може лесно да се најде, а за мини џоб тоа ти е гола вода, од денес аплицираш одма утре те викаат на разговор и почнуваш, ич не се чека. Моментално живеам во Лајпцих и тука ти е најхитлеровскиот град во цела Германија, точно е дека има ауслендери , посебно дојдени се украинци , но поголемиот процент население се германци и они се толку нацистички народ што мразат се што е дојдено да живее тука. Али мене ми одговара оти секако не се дружам, доволен ми е маж ми , со него тераме шема и испитуваме терен во околината шо има да се посети. Лесно е да се најде стан, кириите се ефтини , градот е полн со студенти и со милиони точоци, како у Холандија да живеам, секоја бандера е со врзани точоци околу неа и кој кај нашол оставил точок. Градот е мирен за живеење, работа има колку ти душа сака и лесно се наоѓа. Многу слабо има балканци, не дека нема, ама ептен ретко двајца без тројца до сега сум сретнала. Не знам некое поконкретно прашање нека каже, ако знам да и одговорам од мое искуство.
Да баш. Ние од скоро сме овде ама многу ми се свиѓа материјалот на алиштата. Не и се губи боја одма после прање а и не фаќаат упки. Јас сум ептен задоволна. Денеска можеби едно 10 алиштенца и земав за едно 15 евра.
Прашај во градинка Ако не подарија на ebay Kleinanzeigen Во некоја фб група кај што се подарува во твоето место на живеење
Мене ме прегледа вагинално т.е со рака само провери дали матката е во првобитната положба. Јас немав крварење.
Мајки здраво. Сакам да прашам кој поминал низ истото сигурно знае. На крајот од бременоста сум, бев на преглед и ми дадоа листови нешто за осигурувањето, едно мислам дека за у болница, па ме боцнаа за хепатит вакцина па друг лист. Сега не ми е јасно тие листови треба да ги пратам некаде?