Што имаат дома вашите женски деца од раѓање до 6 годишна возраст? На пример тони бокс, тип тои и книги, ролерки, тротинет, точак…? Немам од кого да видам да земам пример, а сега нели зборуваат меѓу себе и не сакам да не знае нешто. Лего сме немале никогаш и ако зборуваат за лего нема да знае што е. Оние ЛОЛ девојките што ги има на облека, шишиња, појма немам за нив ништо. Елза конечно открив дека на Амазон прајм има филм и треба да се плати 4 евра да се изнајми или 10 да се купи. Можеби е глупаво прашањево ама нови времиња, нови прашања. Многу работи не разбирам, играат некои игри на телефон, а јас немам ниту една игра, играат вашите игри на телефон? Компјутер немаме, треба и тоа за мали деца? Слабо зборува со мене мојава ништо не ми кажува. А едно девојче 6 години во другата зграда има и тик ток и се снима, а јас немам, и сега како да објаснам за тоа дека не е баш ок и не треба да го имаат. Значи прашањево ми е се што имаат дома од се @Lianna Anna ако може на помош и ти знам добро ќе ме советуваш Не ми е поентата да има се туку да знае за се дека постои и што е тоа, ама ако мора да има тогаш ќе има, да не испадне дека само таа нема како за некои работи до сега
Дали знае некоја колку прегледи кај гинеколог годишно покриваат здравствените и дали ако отидеш побрзо плаќаш екстра?
Може јас да кажам Ништо не мора да има, и не е лошо и само таа да нема. Ниту пак мора да знае се што постои, остај ја сама да си бира и развива афинитети.Мојата на пример има лего, некои кукли, разни глупости, никогаш посебно не ја интересирале. Го користи семејниот таблет, си гледа тоа што ја интересира, по цел ден може да зјапа некои видеа со литлест пет шоп. И само таа ги обожава, другите другарки имаат други интереси, во начело ништо посебно. Нормално не може цел ден да зјапа видеа, па им прави на петшопите куќарки, двоседи, постели, телевизори, крофни (од пластелин, картон, сечи, лепи, моделира). Има мобилен без картичка, си снима ,,приказни,, со играчките и договорени сме дека никогаш, дури ни на 12, не може да снима видеа за на интернет, пошто еден ден ќе се срами од глупостите, а еднаш на интернет -засекогаш на интернет. Има 8 и мислам дека се разбравме околу интернет, пребарување и никако гласовна фунцкија на пребарување. На телефон не игра, многу ретко со татко и на плејстејшн (така ваљда се викаше) Извини што не ти помогнав .
Мајки дали во секоја градника се менуваат учителките на секои неколку дена, односно се ротираат? Прашав јас зошто е така ми рекоа таков бил системот на работа. Малото фала богу се навикна веќе е со по 8 часа но искрено се плашам да не тргне нешто наопоку.Претходните толку многу се потрудија, дури бев изненасена.Но денеска таа што го зема од нејзе не сакаше да оди плачеше дури од врата.Какво е вашето искуство? А знам дека треба со сите да се навикне
kaj nas vo posledno vreme davaat otkazi, ostanuvaat bremeni, bolni pa postojano se rotiraat pon3kogas ne gi ni znam ucitelkite od koi gi zemam.
Дали низ цела земја е вака институционално се испозаглавено? Претходно кога пишував меил ќе ми вратеа бар по некој ден. А сега автоматски ми стасува меил одма по праќање дека се бизи. Какви шишенца за вода им праќате во градинка? Од оние со цефче има ли некоја подобра пластика да не замирисува за брзо, или ги менувате често? И ако ја испијат им дополнуваат ли таму? И каква? Од чешма? Каде се менува класата? Може онлајн?
Мислам дека дополнуваат обична вода од чешма. Погледни ги шишињата на SIGG, јас такви користам на син ми. Германски квалитет, и дебела пластика. Се со поголем отвор за пиење, за тие со цевка сум скептична дали се правилно исчистени. Класата може да се смени кај финанцамт. Мислам дека мора да се достави антраг и двата брачни пара да се потпишат. Онлајн можеби може преку Elster, ама сигурно ќе мора нешто да потпишеш и по пошта да им пратиш. Ако некој знае повеќе нека каже.
Sise ne prakam oti pie tamu od casa a voda im se nadopolnuva flasirana i ako nekoj saka ima nezasladen caj.Klasata moze da se smeni taka sto ima formular eden samo da potpolnitr i da potpisete dvajcata.
Јас веќе два пати ги менувам со формуларот пратен по пошта, плус ставам внатре копии од Ausweis од двајцата и сум немала никаков проблем. Формуларот побарај го онлајн како Antrag auf Steuerklassenwechsel bei Ehegatten.
Сс што имам земено од Синсеј е супер, пери носи, убав памук, а цените џабе, ова кажувам за тука во Мк. Кога тука е убаво што останало за таму.
Квалитетот е колку за парите. Низок. Бодиња земав 2-3 пати ради материјалот што е поеластичен и што многу брзо ги надраснува, ама налет. Треба да внимаваш оти мали се за бројчињата и треба да се земат поголеми, и покрај што се помали, дополнително се се собира уз перење. Две дуксерчиња земав последно, ем пола ги скуси, ем им ги извади апликациите на прво перење ем изгледаат износено од тогаш. Други работи што имам земено од таму за дома, сем алишта е солидно. Често доцнат и со испорака исто така.
Здраво мамас Прееска за малку син ми ке се заклучеше во бањата а однадвор неможе да се отклучи (убаво шо не се деси ) Шо да превземам во врска со ова?.? Да сменам клучалка, брава или нешто др???
Брава и клуч имате сега? Ќе го скриеш клучот, ќе го користите по потреба ама може да го заборавите некогаш па подобро е да го скриете исто како да не постои и најгоре на ѕидот да избушите како шајка на пола не знам како се вика и со тоа да затворате врата. Колкаво е детето? Да не е високо колку шајката и да е во боја со вратата за да е неприметно за да не земе стол некогаш и да го дофати ама за тоа ќе му треба време.
Супер идеја Ама одвнатре клучот е дел од бравата. Не е клуч туку е топче шо се врти лево десно и на тој начин се заклучува и затоа лесно го врти....ама ќе мораме да го извадиме некако