Во тек сме на откачување пелени, дома ми кажува 90% ја седнувам на нокшир но во градинка два дена по ред не моча. Само за спиење и ставам пелена и денски кога спие таму бидејки незнам како ќе е. Дали јазикот и игра улога или се и е стрес тоа незнам,вашето искуство што кажува?
Кога почнаа вашите мали да кажуваат зборчиња и да сврзуваат? Малово 17 месеци вика - мама, тато, баба, бррмм за сите возила и не. Разбира буквално се што ќе му се каже, извршува команди, ама никако да каже некое ново зборче. Отварам нет (знам дека не треба ), вика на 17 месеци треба да има околу 50 активни зборчиња Не гледа тв, оди во градинка, зборуваме, читаме, раскажуваме приказни, не знам дали е до двојазичноста или детето можеби ќе се пушти подоцна. Кои се вашите искуства за деца што растат во двојазична средина?
Moeto do 2 polni godini skoro nisto osven mama tata cao i taka uste nekoe zborce, po vtoriot rodenden se pusti makedonski i germanski.Sega e 2.god i 8 meseci se znae da imwnuva i na makedonski i germanski, a na germanski svrzuva i recenici poslozeni, pee pesni i slicno.
Мојата е 19 и е иста.Има фази во кои стагнираат не кажуваат и не прават ништо ново и после следи фаза на експлозија во која се чудиш од каде знае.Вежбајте,учите пасивен говор, фина моторика супер си е детето штом разбира ќе почне.
Девојки, на бебе на едното прсте од страна на ноктето му е црвенко и малку потечено. Што сте користеле за ваква работа? Или морам и за ова на педијатар да носам?
@SanelaS @Ava.84 фала ви најмногу Добро е вака да се слушне друго искуство, дека е вака и кај другите. Првично не мислев дека има простор за грижа, затоа што гледам дека се разбира и си брбори по негово цело време, ама маж ми внесе некои бубачки (кој, ако не маж паничар ) и почнав да се замислувам Се надевам дека како што викате, ќе се пушти наеднаш, па после ќе барам малку да поќути, да одморам уши
Тоа ни е вечен проблем со ќеркичката, ама на неа и се воспалува од кондури, и од криво растење на ноктот. Јас ја носев на педијатар, ама не ми даде нешто што и помогна, само и го виде прстето и даде една крема и толку. Јас дома ја мачкав со екодерм и колку толку и помина. На мојата и гнојче и збиреше
Па веројатно гнојче ќе има. Исто ми се случи и со ќерка ми. Ама тогаш во Грција можев кога сакам да контактирам педијатар. Исто вака мала беше, пратив слика од прстето, ми врати што крема да купам и од едно ставање и помина. Овде треба да закажам термин. А не памтам што користев за другово.
Прашај телефонски, не мора термин. И на мое бебе палецот на нога ама сам му помина за една недела. А можеш и во аптека да прашаш. Однеси бебе покажи им или мт нека слика и нека однесе слика во аптека и ќе му кажат што како и која крема.
Колку години има? Колку време оди во градинка и колку време трае одвикнувањето од памперс? Пред колку време почна да ја одвикнуваш?
Какви години, месеци прашај. Го гледаше ли видеот во кое австралици го одвикнале бебето од памперс на 2 месеци.Уште недели да кажеа и не вклучувам веќе нет. Мислиш на трка се родителите кое порано ќе почне нешто. Постот не ми е да имеам некој само сакам да споделам дека секакви лудаци има.
www.putzperle.de Јас можам да ти ја препорачам оваа страна од мое искуство. Се функционира супер, мораш само да си направиш профил, да го внесеш местото на живеење и ти се појавуваат огласи.
2и8 месеци,во градинка оди од декември но со многу паузи ради настинки. Почнав да ја одвикнувам пред 1 недела и 80% успешно е дома.
Порачавме кревет од Лидл во саботата, ни стигна bestellnummer, ама парите уште не се повлечени од сметка, исто пишеше за 20 работни дена ќе стигне, најдов број утре ќе се јавам, ама некој со вакво искуство? Цццццц, а јас секој ден чекам dpd или gls да ми звонат на вратата
На кој начин плати? Можеби на рехнунг? Ако си платила со софорт или кредитна тогаш одма ќе ги повлечат парите, не може да не ги толку долго. И од градинка во имаа повлечено само 2 евра, сметкава ваша упорно не дава да и земе некој пари свесна е за инфлацијата, smart Bankkonto
Само една недела, ќе се одвикне. Можеби ќе греши неколку дена можеби неколку месеци, само смирено и со трпение, во градинка обавезно да имаш разговарано дека ја одвикнуваш и да помогнат и тие, лепете стикери на плочки во купатило за секое успешно одење во тоалет...
Софорт плативме, може да е некоја грешка кај нив, ај утре ќе се јавам ќе прашам. Ќути со градинката нерви искинсвме на секои 2 3 месеци се така ни прават, а одговорниот неможеме да го добиеме во канцеларија, тетките во градинка ништо не знаат и така
И после како ви ги одбиваат останатите пари? Можеш сама онлајн да направиш да ви одбиваат колку што треба. Можеш сама да плаќаш секој месец. Во случајов треба во банка да отидеш и да кажеш дека сакаш да ти одбиваат толку и толку пари за градинка, а не 2 евра. А да одбиваат еден месец 2 евра, а друг 40 е невозможно, никој нема толку слободно време да менува секој месец.