Ама ѓокерче бев во банка им кажав до таа и таа дата толку и толку пари на општината, плус документ со лични податоци,број на сметка носевме кај одговорниот, аман само за банка правам муабет хахаха
Да не плативте преку кларна случајно, тие имаат опција сега да купиш и за месец дена да платиш, секако ќе ти стигне известување на крајот од рокот ако веќе не е платено. Види на потврдата дали пишува кој начин на плаќање е и дали има некои информации.
Тогаш сама направи Dauerauftrag со нормалната сумаи раат ќе си. Јас мислам ќе ве одморам сега од мене, ќе правам пауза од темава. Мислам.
Не е ноктето Дуника. Мала ресичка имаше од кожичката, беше многу мала готова сама да падне и си реков нема шанса ова проблем да напраи, ја потегнав и ете ти проблем. Истово скроз го напраив и со првото. Го пратив маж вчера со слика по аптеки не знаеле што да му дадат. На крај во една му дале гелче за непца кога растат забите. Читав на нет и освен за непца не се препорачуваше за ништо друго. Не знаев што да праам ама ај реков од тоа ќе му ставам малку бар дека минт па ќе делува како ладење, оти прстето беше жешко. И еве денеска му е подобро. Плус раце во уста носи па не морав да пазам оти намената на гелчето му е за во уста првенствено. Може еве ќе се најде ова некому. @Dancewere користиш кларна? Има некои поголеми поволности према другиве?
Да користам,ми се најде да платам на неколку места онлајн со дебитна картичка, те поврзува со банката и со податоците од онлајн бенкинг се плаќа, исто можеш да плаќаш на рати, да платиш после еден месец, други предности не знам. Мене ми е корисно за работи во кои не сум сигурна прво порачувам чекам да стигне ако е во ред плаќам ако не-враќам и не мора ништо да плаќам.
Мајки дали верувате за оваа што де зборува за Сабота? Незнам може е смешно но мене искрено страв ме фаќа,незнам дали има нешто вистина или само празни муабети Веке една недела местото во кое живеам има проби и во училишта и центар на аларми Пред 3 дена имаше аларм околу 3ч го пуштаа па сопираа Изјавија дека имат проба некоја Дали има некоја како мене која се плаши или да не верувам во оваа
Па незнам дека ке нема струја,нема да работат банки,дисконти ке неможеме да функционираме нормално и дека тоа ке трае подолго неколку дена
Од каде ти е оваа информација? Од официјалните власти е најава? Едит. Дали мислиш на видеото на тик ток што се вртеше пред околу недела дена, каде што политичар или што и да беше вели дека на 24ти ќе се деси нешто големо и сите ќе го запаметиме денот?
Е да Денес упорно ми врти тоа Вести цел ден имам пуштено нема ништо на најава за оваа Па реков овде да прашам може некоја од вас слушнала Значи оваа е безвеза нема што да ме фаќа паника Иначе да како сирена свиреше околу 3 часа (јас заборавив напишав на мој дијалект ) и со оваа што кружи и оваа со сирените си поврзав и плус многу паничам за вакви ситуации и ме фати страв Сепак ви благодарам малку ми дојде полесно
Ајдеее, сега 24 ти ли го чекаме Абе ај, нека рокнат и струја и све, бар раат без глупости од интернет да видиме.
Мајки после пораѓај некој дали примал клексани? Каде се оди за примање, кај haussartzt или кај гинекологот? Во аптека дали можеби или не... :/ ?
Ја гости чекам во сабота ми се најавија, плус остатокот ми е планиран за шопинг и многу ќе се изнервирам ако ми пропаднат плановите. Клексани само тие што ти ги ставиле на клиника. Евентуално ако на клиника ти рекле да продолжиш па нив да ги прашаш каде да набавиш, иначе не верувам сама на своја рака дека можеш. Овде шкрти се со клексаните. Мене само 2 пати на клиника ме боцнаа последните 2 дена пред да ме пуштат и ми рекоа толку. За првиот пораѓај во Грција 6 пати ме боцнаа, секој ден дур бев таму, и плус ми дадоа уште 14 за дома.
Ве прашав за блекаут пред 1-2недели никој ништо не искоментира.Сега ја фативте блесет за гуша.Датум не се кажале. После некој ден кажаа пооптимистички прогнози дека гас имат резервите се мислам 90% и дека струја ќе има.Се снабдува Де од Холандија и Норвешка со гас, цените се плафонски. @gjoker4e кај ќе одиш кој ќе ме смее после.
Мене ми пишале рецепт со седум клексани и го ставиле во мутерпас а ништо не ми рекоа. Го најде бабицата внатре, најверојатно она требало да боцка. Јас додека да ги земам од аптека поминал рокот на рецептата од само три дена.
Мајки бебе е 3ипол месеци , две пелени по ред каките се жолто-зелени со малку крвав слуз , а втората имаше и круг крв. Газето денес е црвено. Кога цица, цица 5 мин и потоа плаче, го тргам од града се смирува го ставам цица малку и пак се тегле нервира и плаче. Кашла , кога бевме последен пат на контрола докторката кажа дека се е во ред . Сега многу лигави па мислам дека од лигите се задавува и кашла. Што да правам дали е за паника? Да вртам утре на брза помош или на 116 117? Или да чекам понеделник да вртам на педијатар. Во оваа болница кај што живеам нема детско оделение.