Гледај да е скромен поклон. За сите благо однеси. Оти се што е многу знаеш како овде се гледа на тоа.
Кај ќере во градинка децата носеа цвеќе по една ружа на тетките ....искрено ми се виде убаво,јас сега пред нова година им дадов роџеро и направив разгледница со слика од ќерка ми и најдов на нет убава порака за благодарност,побарај @Mari* имаш доста избор
@sanja.burgundy не си сама. Ај сега една петиција да пишеме, или мајки во ЕУ или ке излеземе од ЕУ. И ние источно од Германија сме многу вицкасти Шега на страна, овие од Немачка многу си ги сакам, да не беше Даничап ке полудев од моето едно дете, ама читајќи ја, си велам, ете не сум единствена, па Дани со три излегува на крај. А и таа Могли како сестра со прцла моја, балеринка бесна. Туку да прашам, како се гледа таму на споменатите поклони, @FreeMind ? Не можам со маж да се разберам, тој стално вика ако си задоволна, остај им/однеси нешто. А јас па беља, никогаш не научив како се прави тоа(#германкаудуша), мислам на пример на докторка да и однесам бомбоњера би било омаловажување на трудот. Ваљда слична култура делиме, први комшии сме со Германија Еве на пример, готвачките во градинка треба да ги почастам, ама како_што?
Мислам дека не би се осетиле потценувачки у никој случај барем од мое искуство напротив се толку среќни што просто прв пат гледаат такво чудо односно поклон и мислам дека им било мило ете Такво е моето искуство. Као леле фала фала од каде ваков гест леле никој не направил ваков гест а зошто е овој поклон па ме гишкаат се смеат итн им било премило дека прв пат се соочуваат со такво нешто Ова за кај мене зборувам Сепак секоја индивидуа е различна Јас лошо искуство сум немала напротив Луѓево позитивно и изненадно збунети остануваа
^ Италијаните се со сличен темперамент па и менталитет донекаде со Балканците. Германците не се споредуваат со нив.
Не се носат поклони на доктори. Не е понижувачки али едноставно е како да кажам стварно не мора. Не велам дека не оставаат, оставаат и германци ако се презадоволни од односот на одење. Никако на почеток ( како кај нас со 200гр кафе и сок на прв ден) тоа е секаде мито и корупција Ако премногу ти е кеиф и навистина си задоволна од персоналот земи од пекара благи и солени кифли во една кутија и остави во сестринската соба со благодарност за сите. Али во принцип за никаде стварно не треба да се купува. Едно гушкање, топли зборови се доволни за овој менталитет. Верувај подобро е на салфетка да пишеш фала за се и твое име. Најубава пофалба е ако потполниш прашалник како си задоволна и во него да наведеш се што ти лежи на душа со име и презиме така и бонуси добиваат добрите доктори/сестри/ останат персонал. Јас после породување како преголема благодарност до бабицата на нејзина покана се вратив фамилијарно со се бебе со благо од пекара за цел персонал и во породилната сала седнавме на по едно кафе, како на гости. Исто така последниот преглед го правев кај оберартц и имав можност да ја пофалам бабицата до небо и назад. Со тоа она добива многу во очите на шефицата и некој бонус, а тоа и е мојот начин на “давање поклон”
Може германците не оставаат поклони ама оставаат пари.Во секоја ординација има кафе каса т.е прасе за кафе и таму остава кој сака.Имам видено еднаш кај гиникологот сладолед однесе една германка на цел персонал. Јас ќе си кажам на мојата работа кога ќе дојдат странки претежно не германци за нова година и онака нешто благо оставаат па моите колеги германци се радуваат исто како и јас Германските клиенти како благодарност обично на шефо му носат поклон плус виноТака да не ги измислиле македонците поклините(#знамзнамнесум смешнасекогашреалнајгб) @Mari* јас дадов мерси со пораки и ваучари за книга од талија беа фини ама на крај испаднаа не фер.Ама пак дадов .
За двете деца не однесов ништо на персоналот кој ме породи, но за едното мм инсистираше да однесе една мала корпа со мали чоколадца-закуски. Не знам дали сте виделе, во продавнициве што продаваат само чоколадни работи, специјализирани само за тоа, има готови, со избор од различни вкусеви и модели. Ја остави на шалтерот за прием со кратка порака: благодарност од фамилија xxx и името на малата. Во стил кога ќе пијат кафе(оти таму, во еден ќош, имаа кафе машина) да си зима кој сака по едно да се заблажи. Така да и германци даваат од срце поклон, но секако симболично, без претерување и да делува далеку од мито.
@Ava.84 има мала касичка која токму ја означува симболиката која ја збориме. Нешто скромно симболично колку за дел од кафе. Бакшиш за добро завршена работа ако сакаш да оставиш. Иначе секако македонците не го измислиле бакшишот, кај нас и нема бакшиш освен на келнер во кафана. И во кафич ретко кој остава. Се друго е друг левел на “бакшиш”.
Да се изјаснам и јас на темата, синко не оди во градинка па не би можела да кажам за во градинка, а на пораѓај оставив кутија со колачи кога си заминував иако сите што живеат подолго тука и ги прашав ми ја посочија касата јас не ја видов. Приметив дека носеа домашно направен колач, куглов и слично. Кога лежев првиот пат во болница ништо не оставив не дека не бев задоволна од персоналот едноставно не ми текна.
Далеку се они од менталитетот на Балканците. Си имаат друг ред и дисциплина ама за гага први се Секако не на работното место Продолжете си со дискусијата. Јас напишав збор, два колку да ме има во темата
Ние кога менувавме градинка спремаме мали поклончиња за децата - како што и ние добивме од речиси секое дете - картичка со текст демек фала на поминато време заедно, мала книгичка и мало некое како благо со житарици - сето тоа во ќесичка. Е наместо фала - јас малце се позанимавав со пишување стихови... )) А за учителките исто така спремивме картички благодарници, исто така со искажана благодарност што биле тука за малата додека ги правела првите чекори во животот и што ја одзеле со родителски очи - исто во облик на поема. А добивме голема групна слика - и позади пишано од учителките дека ѝ посакуваат сѐ најдобро и т.н. П.С. Главната учителка е од Индија а втората од Хрватска. Така да... Немам искуство со Германци. Со двете уште се пишуваме и гледаме - баш денес на пауза од работа ги видов и се изнаприкажавме... Мене сте ме заборавиле тука веројатно оти почнав да ја мрчам Германија... ))) Инаку и ние сме во Баден Виртемберг- во Штутгарт, сите со мк пасоши и дозволи за престој ( сѐ уште ограничени).
Сте збореле за давање поклони во Џерманија. Јас потпишав договор во кој смеам до 60 еу од пациент поклон или пари да примам.Се што е повеќе е мито. Ми се има случено од смена една дневница од бакшиш да си извадам. Кај нас има исто кафе каса и пациентите даваат честопати 10-20 еу. За докторите можеби е друга тарифа. Последен пат пациента даде украсно ќесе за докторката,па колешката беше љубопитна да види што има.Беше парфем Версаче кој сигурно кошта 100еу. Колешката после се изнервира зошто само на докторката,а не и на нас сестрите демек и ние сме персонал.Да ви кажам од ситуацијата воопшто не се потресов и во Македонија докторите од секогаш добиваат скапи поклони.А, сигурно жената(која е стварно прво човек и душа,па после доктор) заслужила штом добила таков поклон. Така да ако ви се дава нешто-давајте,глупаво и некоја новост не е тука☺
Нас ни рекоа даваат рецепти за веќе настаната болест, пневмонија/тежок бронхитис. Да чекаме да се разболи детето, па ќе ни дадат. За настинка не давале. Секако не чекав детево пневмонија да фати па они да ми ја дадат рецептата, сама си купив. Јас имам и ПериБој и еден безжичен, ектремно тивок и погоден не дамо за по пат туку и во сон да се инхалира.
Нашиот е ваков може од 0+ ама многу е бучен.На малата не и е бил проблем звикот многу пати е заспивала од звукот.Има и мала и голема маска.
И нашиот е ист како овој Не знаев и јас дека може баш се изненадив тогаш @danichap тогаш мали ми беше болен и ми го препишаа да ама педијатарот ако е пријателски настроен може и без тоа да го препише
Да не имаше спуштено на плуќа? Мојава немаше, само кашлица, тт, затната...сеуште не беше спуштено, секако сакав да го спречам истото. Инаку да, знам дека многу работи се по воља и по желба на педијатарот. Тогашната педијатарка беше далеку од пријателски настроена. Сега има и друга во истата ординација и има далеку поинаков однос. Знам ми рече ако сакам на рецепта да зедам друго црево и маска за мојот инхалатор доколку сакам истовремено повеќе билни деца да инхалирам. Да заштедам на време со стерилизатењето.