Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    93.919
    Пол:
    Женски
    @Kasiopaja221 добро прашање,одамна мислам да отворам тема за повеќејазични деца,ама само на мислење останав(facepalm)

    Керка ми има напреден говор би рекла,на 18мес кажуваше реченици,сега на 2,5 зборува чисто и ко навиена.Јас сум била иста,чиста генетика е,не е до воспитни мерки:D

    За совладување,многу многу е важно да ѝ поставите диференцијална разлика,односно да слуша само еден јазик од вас,да не ја буните,се дур не стигне до некое понапредно ниво.
    За форсирањето на мајчин,односно еден јазик во почеток,причината е дека колку повеќе го познава мајчиниот,полесно ке совлада секој нареден.
    За децата чии родители се двојазични,не претставува проблем баш поради таа диференцијална разлика што ја спомнав,од таткото си слуша еден,од мајката друг јазик,но говорно ги совладува истовремено.

    Малата сега почна во градинка,таму по цел ден дроби Македонски,дури и воспитувачките научиле по некој збор од неа:tmi:

    Мислам дека немаш потеба од грижи,твојата е помалечка и од дада и ке слуша по некој германски збор,па ке го употреби секако.
    Можеш само англиски од екрани да сведиш на минимум дека се од иста јазична фамилија со германскиот,па бунат доста.
     
    На Kasiopaja221, Chantal и mal.ecka им се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.032
    Допаѓања:
    36.340
    Пол:
    Женски
    H&M member сум до 24.10.22 ми завршува годината, а ми фалат 53 поени да за бидам plus member? Што е предноста ако станам plus member? Што е разликата ако не станам и членството ми започне од ново на 25.10.22? Прочитав на H&M ама не пронајдов разлика. Служат и за нешто друго поените? Или само на секои 250 поени што се добиваат 5 евра?
     
  3. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    16.855
    Пол:
    Женски
    5E97B231-C018-45E4-9AD6-FD3D2BF82325.jpeg Бесплатен лиферунг, пристап до попустот онлајн пред сите други и специјални акции за плус членовите. Јас не сум плус член ми пропаднаа поените мене :envy:
     
  4. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.536
    Допаѓања:
    23.074
    Пол:
    Женски
    На 12ти ќе одиме на пат со малата. Да ми препорачате добар термос што ќе ја држи водата жешка подолго време ? Во Дм дали има?
     
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.032
    Допаѓања:
    36.340
    Пол:
    Женски
    Го прочитав ова. Мислев нешто плус да не се прави со поените ама значи не. Нека ми пропаднат и мене тогаш.

    Дали може некаде телефонски да прашам за совет за здравје? Конкретно за тоа што пијам лекови за тироидна и дојам, нешто како бесплатна линија за здравствени совети?
     
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.928
    Допаѓања:
    177.526
    Пол:
    Женски
    Девојки, во четврток кај малава во градинка ќе имаат buffet, треба да однесеме јадење традиционално за нашиве земји. Што сте носеле? Некоја идеја?
    Домашно зготвено, иначе ќе купев тегло ајвар и ќе пратев. :D
     
  7. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.228
    Допаѓања:
    46.361
    Пол:
    Женски
    Слават ли во градинките Erntedankfest? 3 години оди во градинка,досега не сум слушнала за ова,првпат во петок ќе го прославуваат. На Гугл читав нешто во смисла Ден на благодарноста за годинешната берба. Ако има некоја да сподели искуство што прават на овој ден во градинките.
     
  8. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Незнам дали во градинка слават, нас ни стигна покана од градниката за богослужба во црква јас како по обичај не го однесов. Другарка ми баш ми кажа дека многу било убаво и корпи со овошје и зеленчук добиле децата.

    Добивате покани во градинка за киндерготдинст? И ако да дали одите? Ние да знам за остерн таман решивме да одиме корона фативме па сега божиќната ни е на ред.

    Немало кај нас нешто така традиционално да носиме, ама можеш пита со сиренце има една на сашина кухиња со цепкани кори брза и лесна јас таа би ја направила, и искрено на багет лебчиња би намачкала ајвар домашно намачкано ќе е :rofl:.
    Ако ти текне нешто благо можеш мене не ми текнува што традиционално ( грчка баклава само за градинка е :D)
     
    На Yowannty и Kasiopaja221 им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.928
    Допаѓања:
    177.526
    Пол:
    Женски
    Ич не знам што ќе носат другите. Таман мусака ќе пратев кај мене и двете земји ги покрива. :D Ако не ми текне нешто, ми останува како најлесна опција локумадес овој пат, па следниот пат нешто македонско. :| Ама и оваа идејава лепче со ајвар е добра. :)
    Од благо мислев шишарки. Корнфлекс и мед е, валда прифатливо за градинка. :?:Ама многу шлакање ми се гледа тоа…
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.032
    Допаѓања:
    36.340
    Пол:
    Женски
    Немој мед ореви јагоди и други алергени.
    Најпрво ми текна на кифли со сирење.
     
    На mal.ecka и Yowannty им се допаѓа ова.
  11. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    5.801
    Ja pravev burek so spanak , normalno so gotovi kori
     
    На Chantal и Yowannty им се допаѓа ова.
  12. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    5.801
    kaj nas se nosi ovosje i zelencuk na yoj den ama neznam sto tocno se pravi
     
  13. Ladyinblackkk

    Ladyinblackkk Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    692
    Пол:
    Женски
    Не знав кај да пишам па еве да пробам тука.
    Барам некој што носи пратки од Гер-Мк, пратката е телевизор, затоа ми е битно да е некој добар превозник да не ми го донесат скршен. Препорака?
     
  14. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    3.051
    Има ли некој кој што живее во Хессен можеби да сподели искуство како е за наоѓање стан, градинка, работа. Уште подобро ако некој се селел од Баерн во Хессен, па да направи една паралела.

    Маж можно е да има добра понуда за работа, во град на 40тина км од Франкфурт. Ние сме во Баерн од кога сме дојдени овде, веќе 5 год, во мало градче сме и низ годините се спомнуваше селење, ама некако тешко ни е да замислиме пак се од почеток. Е сега, не знаеме дали ова е знак од Универзумот или да си седиме мадро. Со тоа што јас би била на почеток без работа, ќе треба градинка за малото да се бара, стан...ако има некој било какво искуство, би била преблагодарна :f:
     
  15. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Сваќата и зетко ми е во Франкфурт @TutiFuti па ако види нека каже искуство.

    Поздрав сваќе и :* до најубавиот зетко:inlove:
     
    На TutiFuti, Marge и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. Löwenzahn

    Löwenzahn Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2020
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    637
    Пол:
    Женски

    Пробај на 116 117

    Или кај твојот матичен гениколог или педијатар телефонски
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.060
    Пол:
    Женски
    Мајки имам доста пишувано по темите за проблемот со керка ми
    Во Мк ја водеа како тромбофилија и плус има 3 генетски мутации од кои две хомозиготства и едно хетерозиготство
    Е сега овде сме скоро 7месеци и јас имав од Мк лековите кои ги пиеше за разредување на крвта,овде рекоа дека ке испитат од почеток се
    Бевме пред околу 3 недели и двете деца ги испитав
    Докторката после неколку дена се јави и соопшти дека ќерка ми е потполно здрава и дека има само генетски мутации но тоа не претставува проблем и дека може без апчиња да продолжи
    Јас искрено се заледив во тој момент,и уште незнам што да правам
    Јас продолжив да и давам и уште и давам но имам уште за одприлика 20дена
    Тука тие лекови кои ги пие таа ги нема,прашањево ми е дали некоја знае дали ги има на друго место и дали би можела без рецепт да ги земам
    Додека одиме за Мк па и таму да се консултирам со докторката која ја водеше 4години
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.326
    Мене би ме исплашила можноста да давам погрешна терапија, лекови за непостоечка состојба.
    Јави се и побарај да ти ги пратат деталните крвни анализи се што е прегледано, да видиш црно на бело кои анализи се направени и какви се резултатите. Да лажат сигурно не лажат. Но дали е испитано баш тоа вас што ви е потребно. Доколку е, би прекратила со непотребни терапии. Доколку не е би побарала детални дополнителни анализи за конкретната проблематика бидејќи не може до недоглед од Македонија да земате лекови.
     
    На felisitas, Biljarkata и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.060
    Пол:
    Женски
    И јас сум преплашена
    Овие недели само мислам што е правилно сега да направам да прекинам или да продолжам да давам
    Не би труела и јас сопствено дете без потреба
    Сите документи кои ги имав од Мк што се случи за време на операција колку време примаше клексани од која дата до која после сите терапии од апчињата се беше преведено на Германски преку меил пратено и ни се јавија ни закажаа термин,и таму се ме праша докторката и мутациите ги пишуваше кој ги има се до детал и дадов
    Се јавив денес рекоа дека ке бидат пратени резултатите но дека трае малку тоа околу 6 недели што јас ке снемам веке и лекови и реков дека ми требаат побрзо рекоа ке се потрудат
    Многу тешка ситуација ми е незнам што е најправилно сега јас да направам
     
    На mal.ecka и danichap им се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.005
    Допаѓања:
    32.405
    Пол:
    Женски
    @blessed.an за некои состојби со крвта по некое време се нормализира состојбата и можеби нема потреба да се земаат лекови.
    Пример мајка ми има длабока венска тромбоза. Едно време пиеше лекови по шема па и ги прекинаа зашто резултати од крвта беа добри. После Ковид и се јавија комликации па сега пак е на шема (не која веројатно ќе остане доживотно зашто е веќе стара за да може да се среди состојбата пак како порано). Јас имам некој ген мутиран (знам и кој) заради кој во бременост и неколку месеци по породување морав да примам одредена терапија, а инаку надвор од тоа не. Можеби некогаш во животот нешто пак ќе испровоцира потреба од терапија ама до тогаш лекарите ми рекоа ништо не треба.
    Кај деца па е уште попроменливо зашто со раст и развој се менуваат состојбите.
    Можеби и кај твоето дете е таква состојбата.
    Распрашај се ама ако нема потреба од лекови тогаш навистина не би требало да ги зема. Не знам можеби повторете крвна слика откако ќе престане да пие лекови па ако има поместувања сигурна сум дека лекарите во Германија ќе изреагираат.
     
    На mal.ecka, gjoker4e и Biljarkata им се допаѓа ова.