Ништо не и реков, сабајле поспана ама ич не ми текна на тоа на одмор дека беше. Здравје ќе знам за нареден одмор. Kinderfreibetrag - Што е ова поточно?
За луѓе со поголеми примања, се прави поврат на данок со поголема стапка. Финанцамт ги рамни на крај и ти следи или киндергелт или киндерфрајбетраг. Односно ќе ти ја додадат разликата од киндергелт до овој износ. Не знам дали ме сфати, ама се трудам полузаспана
Колку нето/ бруто од човек и дали автоматски ќе се среди тоа или јас треба некаде нешто да правам. И ова м...штоерот на фискалните од хим на пример, се враќа и како? Неколку пати видов на каса некој со 20 фискални и сите му ги куцаат ама никако да сфатам што добива со тоа човекот. Еве сега и на едни фармерки пишува 1.6 евра штоер и што е со тие пари?
За поврат на данок на крај на фискална година, значи некаде март веројатно, треба да поднесете даночна пријава со барање за поврат во вашата локална даночна управа, финанцамт. Пријавата ја поднесува тој во фамилијата што има повисоки примања, затоа што има платено повеќе данок од примањата и логично ќе му вратат повеќе данок. За второто прашање, незнам.
Извини не сум видела. Автоматски ќе се среди во финанцамт ти не треба да правип ништо. Еве ти детално што е: https://www.google.de/amp/s/taxfix.de/steuertipps/kindergeld-oder-kinderfreibetrag-beantragen/amp/ За ова второво мислам дека збориш за ддв чим го има на фискална. Тој оди во буџет. Не се враќа. Краен потрошувач си ти и ти плаќаш ддв. Ако враќале нешто да не е поврзано со враќање на ддв во своја земја. За друго не знам.
Со постелнина немам искуство, моиве од раѓање се со вреќи и сеуште без перница. Но од alvi и ullenboom сум земала вреќи и други штофени работи за и околу креветче/дете со одличен квалитет. Погледни рецензиите на сајтовите, може ќе ти се допадне некој модел.
Некоја да живее во Friedrichshafen и околината? (Baden-Württemberg) Јас сум во Uhldingen-Mühlhofen можеби имам комшивка, а не знам. Да правиме дружба?
Дали може да ми дадете контакти од превозници кои може да ми донесат лекови во Офенбург ? Или како вие праќате?
Здраво женски, ми треба вашата помош . Ќерка ми (5 години и 9 месеци) ќе тргне за првпат на градинка од другата недела и сега имам милион прашања до вас . Прво, дали првиот ден се носи нешто за частење за децата или воспитувачите? Второ, ни дадоа лист што треба да носи таму (пластична чаша, четка за заби, панталони за на дожд, гумени чизми, Hausschuhe mit Klettverschluss (тоа се влечки или топлинки ?? )). Прашањето ми е какви имате земено вие, не сакам да дели од другите деца, па ако не ви е тешко, да пуштите слика какви и од каде ги земавте, посебно тие Matschhose од каде да ги најдам, сум ги гледала во Лидл и Кик, ама сега ги нема . Трето, каков ранец и пластичен сад за јадење користите, на листот пишува дека нудат појадок во вторник, па претпоставувам другите денови од дома треба да си носи , и што најчесто им пуштате за јадење? Четврто, кога бевме на контрола кај педијатарот пред една недела и спомнавме дека тргнува на градинка и таа ни препорача сите 4ца (јас, мм, и двете ќерки од кои едното е 10 месечно бебе) да примаме вакцина за грип (influenza tip B) во октомври. Дали вие ја имате примено и како ја поминавте? Исто така, поради оваа вакцина ни ја помести ММР вакцината на бебето во септември кога нема да има ни 11 полни месеци . Дали мислите дека е прерано да ја прими тогаш? Петто, колку време ви дозволија да бидете со детето, колку време траеше адаптацијата, како се одвиваше? Знам дека многу прашања поставив наеднаш, па кој има време и желба ако може да ми одговори, ќе му бидам преблагодарна .
@promeneta син ми оди во градинка до 13 часот. Има еден оброк и тој му е од дома. Забрането е да носат храна која содржи шеќер, мармалад, нутела, мед.. За пиење само вода или незасладен чај. Му пакувам перек, путер кроасан, домашни мафини, кифли и сл. Не знам дали имате оброк од дома, ако имате, на тоа ќе внимаваш. Куферче и чашка. Ќе најдеш во Кик, Лидл, Кауфланд, Милер. Секаде има. Потребни ви се ранче, гумени чизми, кабаница и панталони за дожд. За зимно време исти како тие за дожд само дебели. Таму носат топлинки или папучки (крокс) Син ми носи топлинки. Од мене совет на облеката која ја оставате во градинка запишувај го името. На син ми му снема две капи и едни панталони. Често се случува, децата ги мешаат, не враќаат а и се краде. Период на адаптација син ми имаше 2 недели. Тој период по саат-два одеше во градинка, а ние надвор го чекавме. Брзо се навикнуваат, уште побрзо јазик учат, па ќе сакаат или во градинка или надвор со деца, само дома да не се. За частењето можеш, но и не мораш. Со среќа нека ви е. Еве слики да видиш што отприлика треба да набавиш.
Фала многу за одговорот , се надевам дека брзо ќе се адаптира . Ќерка ми ќе останува до 16 часот, па не знам дали ќе има и појадок и ручек таму . Инаку барав панталони и кабаница за дожд во Лидл и Кик, ама немаше, не знам од каде да земам сега, а на интернет не можам да најдам . Сега имаше во Реал, ама до број 122, а на нас ни треба поголем . Сепак, фала многу на одговорот уште еднаш и на сликите, ми помогна многу .
Во кик има намалени панталони за дожд мислам дека беа по 6_7€, инаку во моментот на лилд онлајн имаш се од горр наведеното да си порачаш.
@promeneta мајка опушти се прво па и да не однесеш нешто одма нема да те караат Јас скоро се однесов и воспитачките се чудеа зошто се сум однела Малата моја кога тргна јас и купив топлинки ама кога видов сите даца носат сандали и купив нови, а топлинките за дома и ги зедов. Кај нас има се во градинката од доручек до вечера за деца кои остануваат до 18:30.Па за кутиите не знам да ти кажам. Адаптацијата е различна кај секое дете.Колку поголемо мислам дека е полесно не знамЈас бев само еден - два дена внатре се на се траеше некој 2часа.Вториот ден ми кажаа оди ти до директорката да видиме како ќе реагира ќерка ти. Ама мојата беше 13 -14месеци па така претпоставуваш како реагираше.Твојата е голема и мислам дека нема да биде тешко да разбере што и како треба да прави.Јас не бев вработена и мојата одеше по 4часа.Над 3 години децата можат да останат на невработени родители до 7 часа.После 2 риот ден не влегував веќе. За вакцината не сме примале никаква вакцина дополнително.Ама па затоа секој вирус си го фативме и малата и ние Мм уште како студент имаше некој медицински предмети и знам дека не препорачуваа професорите од грип вакцинација пошто догодина ќе требало истото пак да го минува личноста дури со потешки симпроми.Дали е точно не знам.Ова ми е податок од далечната 2005Може денес и вакцините да се малку поусовршени Вашиот педијатар сигурно најдобро знае. За ММР не е рано тогаш е вакцината од 11 до 13 месеци. За облеката на дожд гледам ernstings family се рекламира дека има.Може рано е уште затоа и ги нема. Со среќа и со лено адаптацијата да ви помине