@gjoker4e зошто не им побара да ти кажат барем како се викаат апчињата за против повраќање? Ние така најпрвиот пат ги прашавме што и дадоа толку брзо што и падна температурата и ни дадоа едно чепче па после знаевме што да купуваме. Обично летото има повеќе вирус и повраќање, во градинка еден од друг прифаќа Ние имаме вирус фатено, кашлица, фатен глас, пролив, носот, и така
Патики кога прооде моево земав Elefanten Lauflernschuhe и немаше никаков проблем, многу убаво му легнаа и супер му беа за одење. Првите Gummistiefel му ги земав од H&M, му беа малку потерсене за одење, за разлика од патиките, ама брзо му легнаа и тие. Regenjacke i Matschhosen земам одделни, едните за во градинка знам беа нешто поскапи, не знам од кај му ги земав, а тие за дома му се од KiK, за ич пари, мислам 14 евра и панталоните и јакната ги земав, супер му се, удобни, јакната е малку и обложена внатре, како подебелка, панталонките одлично му се погодија, ги изнаносе. Schneehosen му земав од Lidl, исто сум презадоволна.
Девојки, знае ли некоја каде тука може да се купи ќебе, нормално како тие во мк што ги имаме, без разлика подебело или потенко... Јас барав онлајн ама не најдов ништо слично
Девојки, дали знае некоја да ми каже какви се тие малечки лепчиња што им ги даваат во градинка со крем од сирење?? Прашав.. на б некако ми рекоа ама заборавив. Нејадачов мој јадел тоа во градинка па сакам да ги направам или купам ако има да се купи.
Ланиод Лидл порачав ама распродадени се моментално па во Едека најдов. Belegtes Brötchen да не ти рекле? Друго вкусно за деца е Milchbrötchen или einback од пекара. Во градинка нз каков леб даваат за ручек.
Да да тие. Бротчен или како и да се изговараат. Јас погрешно сум разбрала мислев внатре се со полнење, а тие им имале дадено крем сир посебно сами да мачкаат. Уште да ми кажеш каков крем сир давате на децата? И од кој супермаркет земате таман.
Добар ден на сите. Ми треба помош, совети и насоки. 1. Мм е веќе во Германија, работи, пријавен со ЕУ документи. Најде и стан за седење, пријавен на адреса, платена кауција. Сега нареден месец ќе идеме и ние (јас и моите 2 малолетни деца од 3 ипол и 1 ипол години). Јас имам ЕУ пасош, децава се со МКД пасош. Ќе носам со мене преведени интернационални изводи (венчаница и од децава) и преведено полномошно од мм. Ќе летаме до Бремен. Дали ќе прават проблем дека јас сум со ЕУ пасош, а децата со МКД пасош? или може да им ги дадам и двата мои? 2. Која е процедурата за децата да ги пријавиме, за да добијат дозвола за престој, за подоцна да може да ги запишеме во градинка? 3. Поголемото дете ми е со задоцнет развој (иницијална причина зошто се селиме), би сакала да слушнам како би идело со адаптација во градинка и колку се спремни да помогнат, со оглед дека во МКД се е на приватно, прескапо и немаше никакви резултати до сега. 4. Било која друга информација за оваа покраина би ми значела многу (NiederSachsen). Ви благодарам однапред.
Какво млеко да однесам за во градинка, а да не е АД? Да не е кравјо. Може јогурт да е. Ајран јогуртот содржи многу сол и не е за мали деца? За да пробаат да му даваат пред спиење. Ама може и нема да сака ништо ама за секој случај. Или обичен јогурт да однесам? Мислев да не има некое млеко повеќе како за деца? А Аптамил малите шишенца готовите ок се? Едно Аптамил тетрапак како да имам видено ама за над 2 години изгледа беше.
Има вегански млека со вкусови оние бадемово кокосово ама незнам дали има мали пакувања или кефир исто е здрав како јогурт.
@Ana.Jones изгуглај во местото каде што ќе се селите дали има integratives Kindergarten. Тоа е тип на градинка со инклузија, за деца со различни дефицити во развојот и деца со развој соодветен на возраст. На пример групата е 15деца а 2-3 од нив имаат потреба од логопед, дефектолог, физиотерапевт. Сите терапии се одвиваат во градинката и е бесплатно. Наутро го носиш детето во градинка и се останато прават они. Игра, забава, дружење со другите дечиња а соодветно според потребите ги “вадат” од занималните и терапиите се одржуваат во соодветни простории од градинката. После завршувањето на третманот децата си се враќаат во занималните и продолжуваат со играта. На жалост како и секаде и тука има листи на чекање за во било која градинка. Доколку не успеете да најдете место консултирајте се за Frühförderung, frühförderstelle во местото. Со рецепта од педијатарот и таму може да одвиваат сите третмани, бесплатно. Иако често се чека и таму, фактор среќа е. Не се знае. Сите неопходни испитувања и препораки одат преку SPZ. Кај педијатарот ќе барате упут за таму. Тоа е соодветно одделение од болницата каде амбулантно се вршат прегледи и соодветни проценки од страна на доктори но и други стручни лица за развојот на децата. Ова за третата подточка. За другите не сум доволно информирана.
Мајки за температура што давате на вашите дечиња? Ќерка ми вчера имаше 38(знам не е многу), и дадов далерон што имам донесено од Мк, ноќеска во 1 часот пак и измерив и пак имаше 38.3, пак и дадов и заспа. Сега треба на работа да одам, ќе и ѕвонам после да прашам како е. Но што купувате од тука за такви работи? Или некој природно домашен начин за спуштање на температура? Кога ја фатам целата е жешка, цело тело а и малаксана е. Иначе станува збор за 3 години дете. Матичен сеуште нема бидејќи е многу тешко да најдеме во оваа околина. А да ја носам во болница според коментарите овде, знам дека ќе кажат дека не е висока темп, и повеќе шетање надвор.
Парацетамол и ибупрофен сируп. Јави се во АОК или каде што сте осигурани здравствено и мора да и најдат матичен педијатар. Колку време сте во Германија? Некој вирус е сигурно, ќе и помине, повеќе течности и свеж воздух, ама ако не и помине за три дена треба на лекар да се јавиш или ако забележиш дека мора лекар, но најверојатно вирус вака како што опишуваш. Луфтирај дома. Овошје, здрава храна, одмор.
Сега пак прашав во аптека за парацетамол и ибупрофен и нема, а цело време ми изгледаат како да лажат и дека има ама ги чуваат за итни случаи, значи 100% не ме лаже сетилото ама ок и во право се. Јас барам дека почнува во градинка и треба да имам резерва, не можам да чекам ноќе да крене тт и да тргнам во потрага по сируп. На моменти многууу ме плаши ова немање на сируп, сериозна е работава. Друга работа, во градинка има една нова и ме нервира од прв ден, и денес ме изнервира, и таа и цела градинка. Некои проекти како часови по музика, шетање во шума итн од кои еден проект годишно кошта 1000-2000 евра грубо, и ние родителите да сме направеле домашен колач и да се продава во сабота за да се соберат пари за проектите. Еве не ми е јасно, и 10 евра нека е еден колач, што еве не ми е јасно ни кој ќе го купи, јас на пример нема шанси да јадам нешто што некој непознат го правел непроверена.. И сабајле после една недела неодење на малата во градинка и таа ми кажува, а прочитав во апликацијата и после и вика на една подобро вака лично да ни течела. И ја и викам дали мора ние да ја направиме, дали може купена и ми рече епа ако сакате да се соберат пари. Како деца мали кога продаваат и собираат пари за смоки, а не за некои проекти од 2000 евра, и градинка е 450 евра со гратис торти да правиш. Нека ја направат 550 и ќе имаат и за проектите. Не знам како да ме пренервира женава.
Џокерче има и кај нас барем два пати годишно вака собираат пари и кажаа скоро на родителската и по 800 евра успеале да соберат опремија градинката со шкафчиња, направија уште тоалети, и машина за перење купија. Плус еве сега продаваа украсни новогодишно кеси остава кој колку мисли дека треба сега незнам дали и ќесите им се донација или евтино ги набавуваат. Редовно на два месеци од прилика ми кажуваат да донесам млеко или лепчиња за печње или нешто овошје за шлематаг кога имаат. Така да има и по нашите градинки додатни трошоци и плус има активности што барат време да одвоиш да работиме групно сите. Некогаш едвај врзувам крај со крај да постигнам све и се нервирам ама некогаш ми е баш убаво што има такви заеднички проекти и дружења. А и учеството не е задолжително.
Mene celo vreme mi vibrira grupata od gradinkata samo nekoja aktivnost Prebaruvaj sekoj den na shop apoteka ke nacekas sirup ako nemas ke ti ispratam. I nie sme vo postojana organizacija od gradinka i postojano sobirame pari za nekoj nastan...rodendeni, bozik, nikolaus i neznam sto.Kaj nas godinava ke se pecat kolacinja vo gradinkata i tamu majki dobrovolki ke ucestvuvaat ...Mene od edna strana mi godat razni organizacii, no od druga edvaj postignuvam bidejki celo vreme nesto se slucuva..
Значи невозможни се ова Германциве некогаш 450 евра кошта градинка? стварно? Моето од 2023 в лето треба да почне и појма немам колку кошта ама некако многу е. Ако имаш 2 деца 900 евра градинка?! Е стварно претерале. Плус со полно работно време јас кога ќе го земам детето ќе имам едвај време да го видам и да му посветам внимание а они колач да правам плус очекуваат. Е богами како што ме бидува ќе се изнајадат и да, стварно кој го купува тоа ? И јас никад не би
Јас земам ben u Ron 250 Granulat за деца Од 4 год мислам смее да се дава За градинките секаде е исто предпоставувам Торти и колачи богами јадам Никогаш не правам ама купувам и носам обавезно,учествувам во секоја активност Сега кај нас има базар и собираме новогодишни колачиња Јас купечки однесов ама едвај чекам да купам домашни таму Ја стварно неам проблем со благото
за @Mari* конечно реши да не подружи Ме нервира вработената мене. До сега се се соопштува преку апликацијата и сега оваа намерно и лично кажува и истото пред мене го кажува на друга како јас да не разбирам германски и како таа е лисица и намерно кажува и лично за да ти е незгодно и да се запишеш и се дига како уау што се прави за градинката, а уствари лоша е и дволична, само собира поени, такви најмногу мразам. @Honny За второ дете поефтина е и секаде различна е цената, во фб групата читав и за градинки од 800-900 евра што и стварно ми е чудно ама повеќемина имаа пишано дека толку плаќале.