Како не ќе ми падне незгодно. На родителска се убија од барање доброволец летно време некој да им ги наводнува растенијата 20 души дремевме никој не се пријави. За градинките да ве утешам дека има и покраини каде што се бесплатни само за храна плаќаат.
@gjoker4e и кај нас редовно се организираат дешафки но главната организација е од страна на Eltern Beirat. Јас имав кажано три деца, работа, плус живеам на пола час оддалеченост, немам време и тоа е. Сега сум во градчето, па трудна не ми паѓа на памет да се активирам со нешто. 4год. Сум во градинката ниту еднаш не сум учествувала и немам никаква грижа на совест. Ќе отидам на готово на некој фест еднаш годишно, ќе купам нешто, ќе им направам промет, и толку од мене. Сите носиме колачи или храна на тоа собирите, забавите, денови за запознавање…Ако одиме(а последнава година не ни одам) носам, ако не си земам децата порано и не носам. Редовно бараат помош за чистење лисја од дворот, нешто монтирање и демонтирање…не учествувам во активностите. Тие што се во елтернбајратот се собираат, одат на кафиња, па на крај на година ги фалат колку помогнале и им даваат поклончиња…и ок ми е. Кој сака и има време и сили, убаво што си се ангажира. Јас немам ништо од тоа. Јас плаќам 350еу за две деца над 3г. со се храна, 8часа на ден. Баерн.
Џоки прашај си за Ibuflam исто Ибупрофен е состојката главна. Ваква како што кажуваш во градинката кај ќерка ми летово имаше прв пат во овие 5 години.Акцијата беше да се донира за Украинците еден пат и уште нешто беше за градинката ама заборавив за што.Јас не правев торта беше на доброволна основа кој сака.Прва се нацртав да си купам.Јас не се гадам за ме е сите се луѓе. И не е финтата тортите туку парите што ќе ги донираш.Си купив за сите по едно паче и беа многу вкусни.Се собраа смешни 400 и нешто евра.Смешки.
Вас па ептен ве малтретирале. Не смеам да се жалам јас. Да не ми речеше лично оваа немаше да се изнервирам. Се знае како било до сега, известување преку апликација, закачена листа во градинка и кој сака се запишува, кој не не. Оваа намерно пред едната од елтерн бератот апла за да се покаже, а Германциве глупи ништо не сфаќаат, кој сака може да ги измами.
Јас од април ќе ја пуштам за 8часа 437 евра, за деца од 3 години нагоре е бесплатно, туку мене ме интересира дали се флексибилни со тоа колку остануваат децата ако ја пријавам на 8 часа мора ли 8 часа да седи може ли да зголем/намалам еден час? Не се изразив баш најдобро се надевам ме разбравте .
Да намалиш може, да зголемиш не. Кај нас до 17 часот се 10 часа, може да се зема после 15:00 или 15:30 заборавив, или било кога ако е итно. По договор може и во 14:00 на пример ама секој ден кога ти текне пред 15:00 не може. После 17:00 затворена е градинката.
Кај нас може. Се прави корекција на саатите и со тоа помала или поголема сметка ќе ти стаса. Ако си плаќаш 8на пример кога сакаш, помалку од 8, можеш да земаш дете. Ако плаќаш 8 а се случило инцидентно да остане пола час повеќе не викаат ништо. Но ако е континуирано, икс пати, сами посочуваат на корекција на саатите за да се корегира од нареден месец.
Ве молам за помош! Ќе менуваме стан и на тој што му пишав вели за тој стан ви е потребен WBS oder eine Freistellung der Wohnung !?
Ах не се допишав. Вака го разбрав WBS- дека се бара во случај кога станот е даден на Sozialamt и ако имаш ограничени годишни приходи аплицираш и ти даваат шајн и можеш да пдиш во таков стан. А Freistellung der Wohnung- дека во случај да се договориме за станот, издавачот може да поднесе во Sozialamt дека бара ослободувањр на станот. Ако знаете нешто повеќе или сте имале искуство?
@gjoker4e @danichap Ви благодарам на одговорите, ќе менувам работа а работата сеуште не ми е најдена па сакав да знам ако ја пријавам пример од 7 до 2 часот а во меѓувреме најдам работа од 8 до 3 часот дали во тој случај би можела да направам промена. @NovaMihajlova Не знаев ме интересираше и прогуглав, како што разбрав се работи за социјален стан, тие станови се достапни само за загрозени лица кои имаат мали примања и поседуваат посебна потврда (wbs-Wohnberechtigungsschein) ваквите станови можат да се издадат и на лица без таа потврда само ако лицето добие дозвола односно Freistellung од општината.
За уринарна инфекција да одиме на итна? Вечерва ја болеше стомак, не цело време, туку на секои 5-10 минути и има мака со мокрење. Дали да чекам до сабајле и да ѕвонам н апедијатра. Заспа 19:45 и спие, пред пет минути се намести во позиција како стомак да ја боли па пак легна убаво. Ако спие цела ноќ да ја оставам да спие? Температура нема. Ако ја заболи пак да одиме на итна?
Јас за ова не би одела. Би дала парацетамол против болка да делува и би оставила дете да спие и да се смири. Стресот од полноќни тури до итна ми е поголем од придобивката.
Чајот за уринарни инфекции, течности многу, термофор на бешика. Чувај дома на топло, што би правеле на итна? Главно топло на меше. ...имаше и некој сируп од брусница, стално го имав порано во златни резерви, не е лошо да се има.
Мислев дека е многу опасно. И мислам дека од претходната среда има уринарна инфекција ама јас додека сфатив... Имаше летото и педијатарот рече одма да почнам со антибиотикот инаку бубрезите можеле капут да одат и многу ме исплаши. Денес ѕвонев на педијатар ама поради недостаток на персонал ми кажа број за итни случаи, а денес не ја болеше стомак и не беше итен случај па не ѕвонев и на другиот број. И кога одите на итна за едно дете оди само едниот или ги будите другите деца? Ние комплет одиме и здравото дете е измалтретирано па може треба да смениме и само едниот да оди.
Е тогаш утре рано носи мокрача на матичен, ваљда и кај вас лесно е тоа, одма се гледа од мокрача дали има или не бактерија. Јас носев еднаш дете на итна за ова, викенд беше, и дадоа антибиотик, прв работен ден на педијатар, ми рече жената што глупост ви дале. Во мојов случај јас многу верувам на педијатарот, на итна е лотарија, во твојот случај ти си знаеш. Ама секако е битно многу да се хидрира и да моча, класичен цистит е тоа. И топло. Ко некоја баба сум, ама од искуство зборам
Претходниот пат носев мокрача и одма антибиотик ни дадоа, па и сега исто. Само дали да чекам до сабајле. Не знам зошто мислам дека е многу опасно, фактички ако стигне инфекцијата до бубрезите. А сеуште нема тт, не знам дали ако се чека премногу ќе крене и тт. Или дали би можело стомак од запек да ја боли? Помислив и на слепо црево бидејќи премногу ја болеше, до сега ја нема вака стомак болено. Ама еве спие од 19:45 па навака. Ја пипкам нема тт. Ми се тресе телото од страв и стрес. Претходниот пат не ја болеше стомак кога рекоа уринарна инфекција.