@gjoker4e мене нурофен ми дава педијатар. Има резерви и таа ми дава на два пати. Да прашаш педијатар дали има да ти даде. Пред 3 месеци и земав рецепт за ибупрофен пред да почне Ирис во градинка и еден ибупрофен купив приватно овде се наоѓа. Бар се наоѓаше лесно. Ако не се снајдеш ќе ти пратам јас. На итна сама одев освен кога сакав двајцата да ги прегледаат. Ако спие мирно седи дома. Ако се смени ситуација во било кое време можеш да ја однесеш. Стомак може да ја боли и од заглавени гасови или да ја боли желудник од некое овошје или каснала повеќе или помалку. Не мора да е уринарна инфекција. Следи ситуација ама сигурно не е ништо страшно. Плаќам 100 евра за градинка со еден оброк на ден, и 20 евра плус дека остануваше после 4. Корегиравме месецов и од утре, 1ви, место во 8, ќе почнува во 7ипол. Денеска гледам од градинка ми повлекле пари од картичка и за Јануари. Нормално е вака унапред да наплаќаат?
Може стомак од запек да боли и истиот може цистит да праи, не прашувај како, така ми имаат кажано. Чудно е стомак да боли при цистит, баш е болка на мочање/печење и честа потреба од мочање, ама не знам колку е големо детето за точно да објасни што му е.
При подолго неодење по голема нужда и те како болел стомак. Најмалото, во фазата на одвикнување од пелени, стискаше, па мака имаше после.
@gjoker4e давај и многу течности да пие, и детски чај од брусница земи од росман/дм исто има и природни црвени сокови, колку повеќе пие повеќе ќе мочка и ќе се намали инфекцијата Точно е и тоа @danichap што кажува за какањето, и ние имавме таков проблем. Пиши ни денеска како сте @Yowannty незнам зошто ти земале пари и за Јануари, ама мислам дека поради распустот треба и помалце да наплатат, барем така беше за летниот распуст на нас само 12е ни земаа, бидејќи седеа дома скоро 3 недели, сега здравје ќе видеме колку ќе земат во Јануари. Дефицит само на парацетамол/ибупрофен има во аптеките или и на други сирупи? Сакав да земам некој сируп како Бронлес за искашлување ако сте задоволни од некој таков сируп ставете ми сликичка да знам што да барам. И дали можам да купам слободно физиолошки раствор за инхалација или стриктно морам да одам по рецепт од матичен?
Ние сега не плаќаме градинка Пред една година се преселивме во Баерн и градинката ја плаќа градот колку шо сватив. Ногу са фини овде @gjoker4e фала На боловање сум се оперирав пред 3 недели,жолчката ми ја извадија Иначе јас и време за луксузи последниве 2 години два различни поими станавме
Немам искуство ама мислам дека не ги ослободуваат овие станови и се само за луѓе со вакви ваучери. Многу се нервирам кога ќе видам стан со прифатлива цена , а стои WBS. Оние без се огин и пламен скапи. Кај нас во населбава никнаа над 200 нови згради повеќе од 50% се вакви т.е државата им дава пари на фервалтунзите за да градат и им кажува број .Сега ќе ги изнапунат со бегалци.Ти биди глуп и работи за 1200 евра плата. Извини не е за тебе @Mari* Gute Besserung. Па Могли ти е во школо веќе затоа не плаќаш.
Да ама одеа скоро една година овде во градинка двајцата Од 7 до 4 ипол и тогаш 12 евра само требаше да доплатиме Сега за мали ништо Mittagsbetreung се плаќа само за Могли,30 евра месечно и тоа е се Карта автобуска исто не плаќаме со автобус оди на школо
Ова поефтино од кај нас.Дај кажи кадесте за се преселиме и ние. Јас за малава плаќам 90евра.До август плаќав 90 за двете. Кај нас исто картата за превоз на школарчето е бесплатна од полани ова.
Проспан мене ми дадоа кога прашав за таков сируп во аптека. Ист е како и кај нас. Имаше ефект кај малата.
Во Баерн градинките се бесплатни,уствари по дете градот плаќа 100 евра и останува нешто ситно да се доплати Ваљда низ цел Баерн е исто @simona_baby
Јас сега за двете ќе плаќам 460 евра затоа што поради недостиг на персонал до септември 2024 градинката ќе работи со скратено време, од понеделник до четврток до 16:30 и петок до 14:00. Па намалена е цената и плус за второ дете е поефтино, и плус првото ми е само до 14:00, второто целодневна. Кога почна првото исто плаќав 456 евра, па сега за среќа за двете 460 евра, па од септември само за второто околу 430, па од јули 2024 само за второто 321 или 164, зависи до колку саат ќе го запишам до 17 или до 14. Значи тек јули 2024 ќе ни се зголеми буџетот. Ако не ни се прошири семејството до тогаш. Еј конечно сфатив зошто во зградата до нас четирисобен 1800 евра живеат едни чудни луѓе што се по цел дома и терасата ја изградија со една бела хартија што се испокина на првиот дожд и така си стои. А ние се чудиме како по цел ден се дома, а плаќаат 1800 евра и ај викаме нешто фирма да не имаат или станови да не издаваат, и сега сфаќам од вас дека се социјален случај и државата им го плаќа станот. Ич не е фер. Исто едни од Авганистан 1600 евра државата им плаќала, а веќе три големи деца на Аусбилдунг, шест деца се, малите две во градинка исто бесплатна градинка. А јас ќе работам како коњ и ќе плаќам 460. А на крај месец тие повеќе пари од мене ќе имаат. Не ми е ама ич јасно. Мажот исто работи нешто. Нека работи и жената, и со пет вработени дома можат сами да плаќаат стан. Не знам дали има правило додека се на Аусбилдунг сеуште да им плаќа државата стан? Или тоа што се од Авганистан има нешто врска?
Оти се од Авганистан им плаќаат. Бегалците, сега овие од Украина, се е на товар на обичниот граѓанин кој рмба од јутра до сутра и плаќа даноци. На крај на месец ќе живее човек во помал а поскап стан и ќе му остануваат помалку пари за живот од нив. Дефицити на станови а со тоа и стануваат поскапи, дефицити на места во градинка, во секоја област се осеќа. За 4 деца се зема 1000еу само детски. Ако имаат мали деца од 1г по 250 еу од дете, над три деца и по 300 еу месечно. Па каритас, па вонгелд, па социјално ехе хе. Будали се ќе одат да работат
Kaj нас од 7 до 16 за деца под 3 години е 630 евра со ручек без доручек. Сега се селам таму е малку поефтино и Август не се плаќа.
Во Ауслендерамт не можеш да припариш само со украинци работат, на телефон не се достапни, на меил не враќаат а термин да букираш нема. Не е фер, истечен ми е престојот и сега не можам елтернгелд да земам бидејќи треба да ми дадат фикцион за да приложам дека имам престој па да ми ги одмрзнат елтернгелд и вака е два месеца, катастрофа, да не спомнувам дека тој ќе биде втор фикцион по ред, постапката е започната уште во мај не се нормални. Моментално за да се исселиме од станот треба да најдеме нови кираџии, газдата го скапна станот за 150 евра и е прилично скап освен украинци на коишто ќе им биде платен станот од џоб центар никој не се пријавува. Значи цела кирија некој да ти плати а нас не дерат со скоро 30% данок. Исто и за сертификат за јазик сакав да полагам ц, 50€ беше на времето пред 3 години сега е 200€ плус место не можеш да начекаш од украинци.
Јас направив онлајн термин за Престој и тоа во Март. Јас веќе 2 години се мачам за термин за Einburgerung. Немаме персонал, дрн дрн прво корона слободни термини нема на нет и едноставно губам желба за германски пасош. А оваа министерката па направила олеснување наместо 8 год да се дава на 5 год.Мена нека ми издадат 2 Бог да чува.Штом дојдеш во Де направи си термин за Ајнбургерунг тамн ќе поминат 5 години.
Добар ден на сите. Дали некоја би знаела да ми објасни... Во Германија сме дојдени преку бг пасош од сопругот. Јас и малото веќе добивме визи на 5 години. Следната виза после оваа од 5 години, ќе биде нели виза за стално. Ме интересира, дали во овие 5 години додека ни е првата виза, мора цело време да живееме во државава и да имаме приходи тука? Дали би било проблем за добивање на таа втората виза која ќе важи за секогаш доколку се вратиме во Мк на одреден период во следниве 5 години? Се надевам ќе ме разберете
За добивање на постојаната виза треба да имате стаж вкупно од тебе и мт 5 години.Нормално приходи за да живеете овде .Мислам дека не гледаат дали си тука или не. Станав најактивна на темава тоа оти на раб ми беше досадно.
А тука не лажат дека Баерн е поскап од BW Со среќа на новото место и gute Besserung Јас знам дека ако напуштиш повеќе од 3 месеци го губиш правото на престој автоматски нема да ти важи картичката. Или 6 месеци беа не сум сигурна. Исто пријава на адреса и осигурување ако правиш прекини незнам како е ама може да е проблем.