Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    36.342
    Пол:
    Женски
    Може ли мене уште месецов да ме потрошите, па од Јануари почнувам на работа и би требало главата подобра да ми е.
    Многу сум под стрес, ми се врти во главата, најмногу од мислење. Садовите со денови седат во мијалник, два дена ама како вечно да се во мијалник. Термин имам на 7ми психолог, 9ти забар, 13ти вакцина едно дете, 15ти вакцина друго дете, дете почна во градинка јас не успеав да извадам слика од дм за да закачам во градинка на едно, немаше фолии во дрогерија до мене и не купив, нема целосен скафандер, сабајле однесов памперси и марамици немав име кога да напишам, детската немам кога да ја сортирам, сабајле каснев две минути во градинка... Не знам што ми се случи, а децава спиеја од 19:45 до 8:00 сабајле ама јас чекав стомак да ја заболи ништо не правев, а не ја заболе стомак. Па сабајле немав ни кутии миено за во градинка, едвај ташната си ја најдов, таман да излезам по втор пат за во градинка во 9:30 гледам прслуци немам, а мора да облечам... Овие два дена вака ми е, а апчето за тироидна го пијам, нередовно, како да ќе треба пак да ми ја зголемат дозата дека пак почна ништо да не ми оди. Овие два дена вака ми е, претходно ок ми беше.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.359
    @gjoker4e провери си и витамин д. При голем дефицит бев континуирано уморна, без воља, концентрација итн.
    Пробај со ту ду листи, дневни и неделни. Нешто што ќе го визуелизираш и тргаш од список. За скафандер, имаше големи попусти за црниов петок, цела недела, ама мислам завршија.
    Стварно треба помалку ставање на срце и помалку паника, арно си знаат германциве:D
     
    На ines.h, mal.ecka, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Си аплицирала до BAMF за Berechtigungschein за курс за јазик? Немојте да плаќате кога може бесплатен да добиете. Освен ако не заработувате над границата па да немате право, а границата и не е баш толку ниска.
     
    На Dancewere му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    ^ на мене не ме следуваше бесплатен курс, а на една пријателка ја следуваше ни она работеше, а маж и само мини џоб, она е со Бг пасош, а јас преку мм сум тој има Бг пасош.
     
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Видиш Џоки што убаво ти кажа Дани.Пробај внесувај витамин Д ако не ти се оди на др.За апчето за тироида и сите термини пиши си ги на тел.Еве и мене ми се случи пред 2 дена да заборавам термин.Ама мм ме потсети за чудо.Јас заборавам од неспиење моево бебе-дете се буди како новороденче па со хроничниов бронхит кашла па дрн дрн и ќе се смири па маж ми рчи оф.Така си легнувам и си посакувам да се разбудам во друг свет кога ќе бидат малку поголемки и помалку зависни од мене:(.
    А садовите имаш маж ќе се мењате.Еднаш ти еднаш тој или тој ќе преземе обврска садови ти ручек или обратно.Машка и женска работа нема.Има само мрзливи мажи.
    Со среќа на работа.А во градинка се флексибилни мене и со двете не ме замарале ако немам слика ќе донесеш кога ќе направиш:).
    Дај едноставно некоја обврска на мт, пималку мисли за болести ќе бидеш супер:hug:.
     
    На JoyJoy, Mari*, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Honny

    Honny Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2021
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.155
    Пол:
    Женски
    Ве читам за градинките и дефинитивно како и за се, и за нив зависи од покраина до покраина. Хамбург се пресметувало према примањата, има дигитрон онлајн да си пресметаш и за 8 сати со ручек околу 200 евра ми излезе. Така мотивирана се јавив и во градинка да ми го потврдат местото за од в лето, вели Јануари ќе кажеле за сигурно?! А минатиот пат ми рече супер се изгледите за в лето, ама ќе ти потврдиме и јас оптимист си реков готово наредено е (facepalm) ама не било.
    Има уште месеци до лето и од една страна со душа чекам да почнам со работа, од друга страна како ќе оставам бебе 8-10 сати се секирам:(
    Ама и ова домашарењево не е лесно, а дури работев еден ден слободен не знаев што побрзо, шопинг, дружба со пријателка, дотерување, кино и уште 300 идеи. Си велев како немам повеќе време, а еве ме сега слободна со бебето дома, до Лидл, кругче низ парк и пак дома. Не знам што ми бидна, може дека бебе в количка одвај пола сат доседува, и дека одвај успевам пред излегување да се облечам, а камо ли да се средам со шминки со коси пеглани ко на времето.
    Иначе и јас сум во потрага по стан, убав и ефтин8) и скафандер ми треба. Ми се свиѓаат многу бебешки/детски работи од Ernsting's family ама пошто секаде почнуваат попусти сега ми се шета по продавници ептен, ама на бебево не баш:wasntme: така да изгледа онлине ќе се нарачува пак.
    А секој ден се потсетувам дека слободното време во Германија е скапоцено и треба да се користи до максимум :D
    Уште нешто да прашам, користи ли некоја онлајн банкинг од Postbank и зошто им е толку ужасна апликацијата? Ми иде банка да сменам, е до толку не ја бива.
    Убав ден и убав викенд ви посакувам :f:
     
    Последна измена: 2 декември 2022
    На Mari*, Ava.84, WonderGuurl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    Мајки, што им давате на децата за грло и затнато носе тука? Малиот од вчера зарипнат, купив еден сируп од лишај на природна база, ама не гледам ептен подобрување. А кога спие, хрчи на носето цело време. ТТ почна да крева ама до 37.5 и му се спушти самата. Имам од Мк спреј за нос ама и тој не му помага многу. Не е склон на разболување, а и не знам ни што да барам тука во аптека. Матичен лекар за него сè уште немаме, а не можам да издржам вака да го слушам кога спие :(
     
  8. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    300 еу градинката, заедно со "јадењето" (ајде да не почнувам на темава, завчера Churrywurst имале, па ми се чудеа учителките како мојов "највкусното" јадење не го јадел...:x)
    Некој спомна Хамбург, јас како што знам таму не се плаќа за градинка ништо, или грешка сум разбрала?
     
    Последна измена: 2 декември 2022
  9. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    16.855
    Пол:
    Женски
    Нас тука со Мк пасош и виза дојдените по дифолт ништо не ни следува. Кај нас од општина со првиот ауфентал те упатуваат да одиш на курс б1 и лебен ин дојчланд и ако не ги почнеш нема продолжување на виза, јас бидејќи од предходно го знаев јазикот па не одев на курс, само полагав за сертификат и еден месец ориентирунг курс, мм 5 месеци одеше пралелно на работа и курс и сам се си плаќаше, откако положи поднесовме за рефундирање 50 проценти. По тоа се водам дека најверојатно не ни следува а моментално сум на елтернцајт+ што значи околу 35 проценти од плата земам.
    @Honny јас сум на постбанк маж ми е на шпаркасе, мене оваа на постбанк во споредба на шпаркасе многу подобра и полесна за употреба ми е.
    @zemzela91 проспан сируп давав последно се покажа ефикасен, за спиење можеш да му ставаш кромид расечен на четвртинки и тоа помага кај нас. Не се нервирај за педијатар со вакви симптоми најверојатно нема ни да ви направат термин може само телефонски ќе те советуват што да правиш.
     
    На zemzela91 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    5.801
    Luftiraj, setajte nadvor, sprej vo nos, mandarini ...teraj germanski stil na lecenje.
     
    На Ava.84 и zemzela91 им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    36.342
    Пол:
    Женски
    Кога спие ќе исечеш црвен кромид на пола и ќе го ставиш на еден метар до главата. За колкаво дете станува збор? Нека спие на стомак. Луфтирај пред спиење и преку ден. Спијте без греење. Спијте во ладно. За грло видов неоангин има нз дали за деца над 4 или 6 години беше. Спреј за нос Emser Nasenspray користам. Ако тт има повеќе од три дена тогаш лекар. Јави се во здравственото осигурување за матичен педијатар.
     
  12. Mala panda

    Mala panda Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2020
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите и извинете ако моиве прашања не се за во оваа тема.:(Ми треба совет што како се прави од моментот кога ја купуваш картата па на аеродром во Скопје и се до слетување на аеродром во Германија. Како иде целата постапка со багаж, проверки, чекирање, букирање, плаќање и на крај слетување земање багажот и така понатака… прв пат летам, имам чувство дека ќе се изгубам на аеродромите затоа што не знам што како иде пред летањето и слетувањето. Секоја информација ќе ми помогне да не се погубам таму сама…

    И имам уште едно прашање. Бидејќи одам да работам со виза неколку месеци ќе престојувам кај пријатели(додека не најдам нешто сама), они се 4ри члено семејство( маж, жена и две деца) и сега прашањето ми е колку пари јас да им давам на нив секој месец бидејќи за таа услуга не можам на друг начин да им се одолжам знам дека најубаво е нив да ги прашам и ги прашав Али они не прифаќаат такво нешто, но јас сум свесна дека секој има свои трошоци и морам некако да одвојам од мојата плата за услугата што ми е направена. Бидејќи вие живеете подолги време таму, што мислите колку би било доволно да им давам( ако не ги прифатат од старт, секако кога ќе си заминам од кај нив на крај ќе им ги дадам парите. А притоа ќе бидам тука да го наполнам фрижидерот некој месец, да помогнам во домашните работи и така).
    И многу ви се извинувам на долгиов текс.:)
     
    На gjoker4e и Ava.84 им се допаѓа ова.
  13. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Одиш на Ск аеродром читаш за каде ќе леташ и го бараш шалтерот одиш и се чекираш.После одиш на втори спрат и си бараш Gate број што стои на мониторите што се наоколу.Ја наоѓаш портата и влегуваш во авион и наоѓаш кај ти е седиштето што ти стои на картата.Следиш што ти кажуваат стујардесите.Слетуваш и одиш по толпата имаш пасошка контрола и толку.Ако знаеш јазик ќе прашаш и не можеш да се изгубиш.Кога старците мои не се изгубија и ти нема да се изгубиш не се сеќирај.
    Прогуглај колку се движат 1собни станови во местото кај што ќе одиш па одприлика дај им толку пари.
    Добар гест е од тебе што сакаш да им дадеш пари.
    Со среќа и убаво прилагодување(fingers)
     
    На JoyJoy, Mala panda, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    36.342
    Пол:
    Женски
    Да идеш кај нас би требало 154 евра месечно да ни даваш за храна, струја, интернет и преостанати сметки (небенкостен). :D Пресметав храна 550, струја 50, интернет 20 и небенкостен 150, поделено на 5 особи.
    Би рекла зависи колку ти се блиски. Ако ти се многу блиски, јас би им купила пред да си идам во мојот стан на сите поединечно подароци.
    Ако се подалечни би давала месечно пари.
     
    На Mala panda, Biljarkata и Chantal им се допаѓа ова.
  15. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    @Mala panda
    1 собни станови посебно ако не се вг многу може да коштаат, ама можеш да покриваш дел околу 150-200 евра и некогаш да наполниш фрижидер е сосема ок. ако им се помали децата можеш да им помогнеш да ги причуваш да може да излезат или слично. Убаво кажа Џокерче ако ти се баш блиски (од сестра брат не би земала пари, впрочем девер ми живееше неколку месеци и му кажував кога ми требаше помош околу нешто што мислев дека може да помогне ама пари не земавме) купи им убави поклони на крај ако се подалечни оставај им пари.
     
    На Mala panda и gjoker4e им се допаѓа ова.
  16. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    Фала ви многу на одговорите. Нема тт воопшто, грлото полека се средува, после дневна дремка беше весел, уште малку хрчи кога спие ама еве црвениот кромид веќе е поставен. Се надевам од утре ќе биде веќе се поминато :l:
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    36.342
    Пол:
    Женски
    Направив мафини за во градинка и не можам да ви опишам колку ми е страв да не ги купи некоја постара особа и да и се слоши после и да испадне од моите мафини и да завршам во затвор. Тенџерето е малку изгребано од миксерот и страв ми е дека изгребаното влегло во смесата и плус се печело. Можеби ставив повеќе какао од што треба. Ние јадевме и сите сме сеуште ок.
    Ќе има цена на благите или кој колку даде?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.359
    Џокерче бре, мора повеќе да се опуштиш. Кај ти текна цело сценарио:tmi:.
    На нашите базари во градинка обично имало цена за се, никогаш не било кој колку сака.
     
    На JoyJoy, Mari*, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    16.855
    Пол:
    Женски
    Одмор зедовте додека бевте на породилно?
    Како оди тоа, мене за 2021 ми пропаднал изгледа ама за 2022 може ли да се земе?
    Можам ли да земам одмор и елтернгелд во исто време? породилното ми е до средина на април ако не го искористам до март ќе пропадне.
     
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    36.342
    Пол:
    Женски
    Кај мене одморот ми го кратат за една третина и можам да го земам откако ќе почнам на работа. Не го исплаќаат. Ако добро сфатив во 2023 ќе имам шест недели одмор редовни плус шест недели поделено со една третина е само две недели, значи осум недели вкупно. И осум кранк, тоа се само 8 работни месеци од вкупно 12. :D До сега само еднаш се имам пишано кранк за дете и еднаш за мене ама мислам дека редно е на секое заостанување на садовите во мијалник да се пишувам кранк. :rofl:
     
    На Ava.84, SanelaS и Biljarkata им се допаѓа ова.