Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Во споредба со Минхен, во Берлин ви се багатела кириите. :D На почетокот, ние плќавме 900евра за гарсониера од 25 м² (а за 75м² и да не ви кажувам подобро^_^) па сега видете ја разликата. :D
     
    На Mari*, Ava.84, Makedonka95 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    11.226
    Пол:
    Женски
    На кој начин може да се направи здравствено осигурување за сопругата која нема стален престој, потребно и е да има осигурување за месец дена што ќе биде во Германија, а сопругот е вработен таму со постојан престој?
    Ќе сака ли некоја да ми објасни вие што живеете во Германија?
     
  3. Makedonka95

    Makedonka95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2022
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Точно е дека ко за главен град приступачен ама од 2023 ке нема такво нешто.
     
  4. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    16.855
    Пол:
    Женски
    Да потврдам 2,5 собрн стан плаќавме 850, сега откако се дадовме кундигунг станот се качи на 1000€ од кои 50 евра дигна на калт миете а 100 на небен костен и тоа во селце. Трособен стан ќе плаќаме 1060€ во град од средна големина и тоа еден од поефтините е, цените за трособен стан одат до 1300€ :envy: (За нормални станови зборувам не екстра луксуз и пентхауси)
     
    Последна измена: 6 декември 2022
    На gjoker4e, Makedonka95, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Секаде дигат цените не само Берлин:(.
     
    На Makedonka95 и Chantal им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    36.342
    Пол:
    Женски
    Добро е кога оди нагоре. :D
     
  7. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Џоки ти изненадуваш со последниве постови многу позитивно размислуваш:clap:.Сигурно почна со раб :!:.
    За Автралија заборавив да ти кажам .Наши блиски се таму и не молат и ние да одиме велат за 4 години куќа се купувало|(.Имаат 2 куќи и BMW Q7 .Имаа и 3 та ама таа ја продадоа за вртоглава сума.Мажот си има фирма за плочки, а жената домаќинка. Мм ќе заработувал со неговата струка 4 пати повеќе од час.
    Не знам дали во Де ова може да си го дозволи некој, а да не е некој во илегална работа:shake:.
    Ама ние поблиску да сме си до мама и не одиме толку далеку:D.

    Дадов сируп на малата немаше пеницилински шок:whew:|(:D.

    Туку ние го напишавме писмото на Дедо Мраз и ќе го пратиме денес до Химелпорт.Дедо Мраз добивал над 300 000 писма од целиот свет и на сите одговара.
    Исто има оваа година и посета на Дедо Мраз.Вистинска бајка е.Ние бевме во 2019 .Пееше песни на децата и им даваше чоколадца:inlove:.Заради короната го немаше 2 години.Има и музеј да видат децата каде живее.Околу него има тетки облечени како ангели во бело и му помагаат со поштата.Кој има шанса и ќе доаѓа на север топло го препорачувам да го посетите.Ние исто планираме да одиме да го видиме.
    Еве ви веб:
    https://www.weihnachtshaus-himmelpfort.de/weihnachtsmann
     
    На Biljarkata, Chantal, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.537
    Допаѓања:
    23.092
    Пол:
    Женски
    Ќерками има температура 38.5 , ја избањав и и ставив свеќичка. Ако во случај не и помине , каде да ја носам? Во брзата помош ли или? Дали ќе и стават инекција?
     
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.359
    Во болница, на итна.
    За што инекција?
    Порано носев кога со саати не симнуваа под 40, ми викаа да луфтираме и да даваме чепче/сируп. Како сме оделе така не враќале, не ни одам веќе за тт уствари.
    Инекции не ставаат, ниту инфузии или слично за “освежување”. Дома враќаат, евентуално и таму чепче/сируп парацетамол/ибупрофен да дадат.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.359
    И ние имаме гуглано каде колку би заработувал мм со неговата професија. Секаде повеќе од Германијава:envy:. Трошоците кон државава не отепаа. Тука едвај човек може да си приушти куќа. Мм цел живот штедел и работел за една моч*ана куќа на два спрата да спечали. Кога ќе размислам и дека е “нормално”30г човек да отплаќа кредит за стан а тука вакви приказни… да му се одмили на човек и Германија и се:devil::rofl:.
     
    На Neda997 и Ava.84 им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.156
    Допаѓања:
    88.524
    Пол:
    Женски
    Едно прашање.
    Дали е многу да и пратам 5 шишенца Далерон (парацетамол) сируп за деца на другарка по автобус?
    Да не и направам проблем?
    Таа ме замоли 2 ама докупив повеќе,нека има зошто вели дефицитарен бил.
     
  12. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    5.801
    Јас се од југот да се јавам со цена на станови од 650 еднособни, 850 двособни и околу 1050 трособни.Градинки над 3 години 300 евра, под 3 години 600 евра.Градот е мал и се наоѓа измеѓу 2 средно големи градови. Ама цената ја диктира големите фирми и фабрики што ги има .Сега во соседниот мал град купивме стан ситуацијата е горе доле слична со цените,моментално има еспанзија во градби на станови и се гради логистички центар за 3000 вработени на Амазон и тоа се си ја качува цената.....

    Како да се справам со оние од Hermes имав машина порачано требаше во петок да стигне, чекав ги немаше ... Се јавив викаат биле никој немало дома , а јас окапав чејаќи. Крајно арогантни, рекоа ајде понеделник еве денес Вторник нема никаква трега ...Незнам дали јас така налетав ама крајно безобразни се .
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.359
    И јас сум во мало градче помеѓу големи градови. Цена на стан 500 000-600 000 за 100-120 м2.
    Постар стан и да најдеш, ќе треба санирање и ќе ти испадне исто.
    Куќа за една фамилија, стара, со потреба да се санира 750 000. До крај, додека ја средиш, милион ќе те фати.

    Нова 1.2-1.5милиони.
    На здравје бричење:envy:.

    И гледам на инста, топ вили, кои знам дека коштаат околу 1.5 па типс за штедење, диу проекти, па сами ова она правеле. Жити се оди купи ја вазнана за 20еу наместо да одиш до икеа за обична безбојна, па да возиш до баумаркт за спреј, па до не знам каде за некое лепило и уште три саати да ја мајсториш и на крај трошкови, пат, изгубено време од неколку стотини евра|(:D.
    @Cosmi ми немаат праќано, не знам на жалост. А дефицитарни се, го правиме редовно муабетот:(.
     
    На Chantal, Ava.84, Neda997 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.060
    Пол:
    Женски
    Не доаѓаат, а пишуваат на апликацијата само дека немало никој дома. Јави се таму каде што ја имаш направено нарачката. Јас така рекламирав во Ото.

    Хермес лажеа дека немало никој дома во периодот кога бев дома. Ниту картичка во брифкастен дека биле, ниту ништо. Сто пати се јавував во Хермес и џабе пошо ме убедуваа дека не сум била дома. Лол!

    На крај од Ото реагираа кај нив и конечно нели ме најдоа дома. :rofl: Ја добив историската пратка после цела недела, а требаше да ја добијам за 2 до 3 дена.

    И ова не им е прв пат, ама овој пат скроз ми нагазија на нерв, пошо еј, цела недела ме мотаа. Па уште и термин направив дека сум дома со сигурност и џабе. Сега кога гледам пратка со Хермес, ич не нарачувам. :puke:
     
    На Chantal, Ava.84 и SanelaS им се допаѓа ова.
  15. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    255
    Пол:
    Женски
    Јас само да се надоврзам за Хермес. Имавме порачано маса од ОТО, достава исто од Хермес, ми ѕвонеше му отворив и чекам да дојде, на трети спрат имаме стан, го нема. Ѕвони пак ми вика дојдете до долу. Слегувам долу, само ги оставил двата пакети и вика јас немам должност да ги носам до горe и си замина, а знам дека достава до пред врата треба да е. Им пишав негативен фидбек и на страната на ото, конкретно за хермес, а и на страната од хермес исто им пишав дека кога ќе видам дека некој соработува со нив за достава нема ни да порачам
     
    На Chantal и SanelaS им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.359
    Секогаш мора внимателно да се чита до каде е доставата. Кај некои стои до прва степеница, на тротоар, воопшто не внесуваат внатре, кај други до први спрат, други до соба.

    Имам нарачано повеќе работи од отто, среќа имав дхл да се. Кога не бевме вселени и не ни можеа адресата да ја најдат ми се јавуваа(иако не беа шпедиција со закажан термин). Овие хермес стварно често читам дека се безобразни.
     
  17. karibian

    karibian Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    3.423
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    Ве молам за помош. Дали во Германија би можело да се сретнат вакви играчки?
    Ако има дали би можела некоја да ми излезе во пресрет да ми ја прати?
    Дедо Мраз мора да ја донесе Screenshot_20221118-110724_Google.jpg
     

    Прикачени фајлови:

  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.083
    Ако праќаш по автобус, претпоставуваме дека ќе оди на црно т.е, никој нема да го види, ќе биде ,,личен, багаж на шоферот. И затоа ќе се плати на шоферот, појма немам колку, тие си имаат метод никој да не види:tmi:. Проблем шоферот едино може да има.Лупетам малку, лично искуство немам со лекови, ма со ништо уствари, ама вака ми имаат објаснето.
     
    На Mari*, Chantal, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    @danichap многу германци одат во Канада и гледав емисии во кој ниту еден не рече дека ќе се врати.Во Канада заработувале подобро и стандардот бил подобар.
    Германија е добра за државите од Балканот кој се на раб на егзистенција.Па тука ни изгледа понормален животот,ама не е сиромашен е.


    Што Хермес:o?Што си имам едно бате младо и лично и секси:$ редовно ми ги доставува пратките после 16ч.Другарче си го завикав:D.Ме знае по име и презие и да ме сретне во маало ме вика за мало пакетче.Срцка е, ама и јас сум срцка за порачките од дм кој се тешки му давам и до 5 евра:).Па ако ми го остави некаде кој ќе оди да го зима.Тоа со ДХЛ ми се случува нон стоп во пост филијала ми оставаат.
    ДХЛ :puke:.Сега се навикнав си ги препраќам порачките во пакет стацион преку патот и одам со апликација си ги земам.
    Враќав пред некој ден пакет од Ц&А и ми дадоа QR код без име презиме .Одам на пакет стационот го чита QR кодот и добив налепнца со мое име презиме и ЦА испринтано.Се изненадив епртен позитивно.
     
    На gjoker4e, SanelaS, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    32.439
    Пол:
    Женски
    Јас пак зна дека куќите се прескапи. Веројатно зависи од место до место. И од прилика сите се на банката (читај со голем и долг кредит врзани). Вака нешто слично е во УСА. Ситр со големи куќи и коли. Куќите се отплаќаат до пензија или крај на живот, колата е на лизинг. Без кола нуз двор само можеш да прошеташ.
    Времето за печалење го снема. Се печалело до кај 2000. Потоа за живот да обезбедиш и толку. Или еден период од животот да се скршиш од работа па да створиш нешто плус.
     
    На Ava.84, gjoker4e, Chantal и 2 други им се допаѓа ова.