Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.359
    Да не ни е мака барем:tmi::D
     
    На JoyJoy и gjoker4e им се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    32.442
    Пол:
    Женски
    Не бре пеј си и свиркај си.
     
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    36.342
    Пол:
    Женски
    Ова е реалноста склопена во една реченица! Кога некој се интересира за Германија ова е првата реченица која што треба да му се каже, воведот. :D Ама никогаш не ми текнало толку добро да објаснам.

    Значи да се пакуваме за Канада. Во Канада викаат германците Deutsch sprechen, das ist Deutschland? :rofl: :rofl: :rofl: Е убаво им е, и тоа ги удрило од глава.

    Мене Германија ми е уау. Парите заклучивме дека може и во Македонија да се заработат ама начинот на кој се функционира ми е совршен. Уствари битното е што функционира воопшто. Ама се гледа дека наскоро се полошо ќе е, односно веќе постепено станува се полошо одамна според она што кажуваат постарите, па наскоро или ќе треба да останеме тука и да се чувствуваме како во Мк да сме или пак селење како на пример во Канада. Или може кругот ќе се сврти па Македонија ќе е како Германија па ќе се враќаме во родното ни место. Ништо не се знае. Со секој нов доселен негерманец и отселен германец со дупла брзина пропаѓа Германија.
     
    На Ava.84, danichap, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    32.442
    Пол:
    Женски
    Е ова е суштина на се. Губењето на „Германската“ култура. И те како се забележува кога некој од надвор ја посетува државата. И не само Германија, јас последно шок дожиевав во Холандија. Ништо не е исто како што беше на пример пред 15-20 години, а камоли уште пред тоа. Додјенците со себе го носат менталитетот, културата, начинот на живот и со тоа неизбежно се се менува. А да бидеме реални дел од тие што се селат се селат зашто не сакале во сопствените земји да се потрудат повеќе и начуле дека во Германија се добвиваат разно-разни стимулации и се преселиле ради тоа. И испаѓа дека мора да работат ама децата не ги учат на Германските вредности туку на своите. Жално е тоа што се случува.

    Е во САД, Канада и слично нема лабаво. Работнички права се по принцип: Аха важи дојди утре. Ако си болен пример во Канада тие до една година имаат 3 дена платено боледување во 12 месеци, после 3 месеци уште 3 дена (workplace.ca LAWS). Во УСА е уште полошо. Таму команијата сама одредува дали ќе ти следува нешто или не. Се си плаќаш од свој џеб (брутото плата е висока, ама пак повеќе од пола од брутото ти оди да подмириш различни осигурувања). Ако немаш соодветно осигурување одредени болници нема да те примат ако не платиш. Во Германија ние како странци плативме 300 евра кои потоа ни ги вратија (друго прашање е што услугата беше спора, сите се чудеа како добивме земање крв, за ехо како итен случај чекавем 4 саати итн итн). Толку. Универзитет се плаќа и не е ефтин нит во Канада нит во УСА. Цимерката моја од Канада славеше со шампањи и кафани кога отплати студентски кредит зашто имаше добра стипендија за докторат (и јас имав иста, мене ми остануваа пари, она со вишокот плаќаше кредит). И беше една од ретките што се ослободила од таков товар пред 40 години, барем според нејзино кажување. Во Германија сакаш Универзитет бујрум, само покажи дека залужуваш место и студирај.

    Исто бидејќи УСА и Канада се огромни јавен превоз ретко каде има. Има само во центрите на големите градови и толку. Во Европа скоро секаде се стига со организиран јавен превоз (па дури и во Македонија). Така што некаде мораш да купиш кола за секој од семејство некаде не мораш.

    Така што разлика во концепти е помеѓу држави.


    И да го завршам рефератов. Економската криза од 2008 никогаш не заврши. Економистите ги спасија банките, макроекономските показатели се стабилизираа, ама луѓето секаде останаа посиромашни и со понизок стандард од претходно. И од тогаш наваму само кризи и кризи. Или подобро кажано редиструбиција на приходи и се повеќе разлика меѓу богати и сиромашни. И така. И сиет одат натаму наваму во потрага по подобар живот кој се повеќе и повеќе станува илузија.


    На крајот од денот ако тебе лично тие убаво во твојот личен круг тоа е тоа. Ништо друго не е битно.
     
    Последна измена: 7 декември 2022
    На gjoker4e, danichap и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Како ова го заклучи?Колку време живееше во Де?
     
    На mKdevojce, Neda997, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    32.442
    Пол:
    Женски
    Не сум живеела нешто многу вкупно 3 месеци, ама кај моите едни комшии и плу едни роднини се преселија во Германија зашто ќе имале добри додатоци за децата па жените нема да морало да работат. Со по 3 деца беа. Плус демек багатела било во Германија, млеко 1 евро итн итн. Се сомневам дека им успеала математиката, ама така размислуваа. Мене не ми се виде Германија толку ефтина. Кажав и претходно жално.
     
    На danichap и gjoker4e им се допаѓа ова.
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Не сум во Германија, сеуште сум во Мкд, ама знаеш колку сакам да се потрудам да живеам пристојно во Македонија, а неможам? Башка што луѓето не си одат веќе ради пари, па радо би била "сиромашна" во друга Европска држава, отколку да сум во државава. Згадена ми е. Па и никаква финансиска помош нема за деца и таа една што беше ја прекинаа
     
    На senza.parole, Dancewere, Chantal и 4 други им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    32.442
    Пол:
    Женски
    Ако не си среќна тука направи се што можеш да си одиш. Пишав и претходно личното чувство е најбитно. Светов е денес "глобално село" секој се сели таму каде што мисли дека ќе му е подобро. Субјективно е многу тоа.
     
    На gjoker4e и danichap им се допаѓа ова.
  9. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.208
    Пол:
    Женски
    Женски, и ние пополека се спремаме за Де, прво маж да замине па со спојување на семејство ние.
    Е сега, ни едниот ни другиот ни збор Германски не знаеме, само волја имаме :D
    Ние тука се си имаме, а и убави плати но никако не сакам тука децата да ми растат, ми е смачено од тука..
    Е сега вака.
    Сестра ми е менаџер во ресторан за фаст дуд, како што разбрав најлесно преку нив се земало виза? Планираме преку неа мм да почне после да дојдеме и ние.
    Второ- некаде прочитав дека ако мажот имало финансии на сметка полесно било да аплицира за спојување? Или да ни среди некако адвокат, оти нема да можам прво време да работам..Така нешто ми кажаа..

    Трето, дека децава растат брзо па таму дали прво би ишле во школо за странци или? Сестра ми уште за тоа не знае да ми објасни ..
    Поназад ве читав, криза е и таму но мене не ми е да печалам, само да им пружав здрав сигурен живот на децава.

    Мм тука работи во ИТ сектор, дали и таму покасно би се нашло работа во таа област?
    И за мене најбитно, татко ми е шофер вози автобус, мајка ми е негувателка во градинка. Дали за нив би се нашло работа? 54год се..
     
    Последна измена: 7 декември 2022
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.359
    Почетокот е тежок а со плата од бургер кинг/мк доналдс би рекла уште потежок. Претпоставувам ќе му дава екстра смени за да може доволно да заработи за да ве повлече, ама многу напорно ќе му биде, посебно ако нема работено физичка работа.
    Втор проблем стан. Доволно голем за сите да ве повлече. Под 1000еу тешко, па и опремување доколку е потребно, треба готовина од старт.
    Колку што знам бараат сертификат за јазик за тебе, последни три платни листови од него и дека рента стан со доволна квадратура. Не ги интересира заштеда или слично во амбасада при спојување на семејство.

    Мајка ми беше околу 60кога сакав да ја повлечам. Максимумот што го извадивме, со адвокат, со приватно здравствени осигурување да и плаќаме и да покажеме дека двајцата доволно заработуваме и имаме заштеда во германска банка, беше виза за нега на болно лице(да ја чува ќерка ми, ама имавме тон лекарски извештаи). Бидејќи двајцата бевме во полн работен однос а детето со дијагноза, едвај некако, после триста перипетии, виза за дома да седи.
    Веќе и 62беше додека се заврши се мислам. Сега е со бугарски пасош. Видовме дека е тешко и скоро невозможно и поднесе за бугарски, па испадна за некоја година.
    Знам мм сакаше да ја пријави во неговата фирма колку за виза, ама не беше воопшто едноставно.
    За нив тешко за виза на таа возраст…не викам невозможно, некоја дупка може има, ама јазик учење, полагање сертификати, процедурата за виза за нас беше прекомплицитана.
    Децата ќе треба најнормално во градинка место да добијат и да си ја посетуваат. Најбрзо ќе се снајдат со јазикот они.
    Од твое конто во мак можеш на твое конто во Германија без проблем да префрлаш пари. По 30-40илјади сум префрлала без проблем. Треба потеклото во Македонија да го докажуваш доколку сега плаќаш, мислам дека последно беше за уплати над 14.500. Можеш трансфер на пари кои се веќе на конто.
    Тука малку потешко уплата на готовина на контото.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Дека постојат такви кој очекуваат државата да ги издржува постојат постојат и Германци такви познавам лично.
    Ама што значи не се потрудил во сопствената држава? Сите треба да сме високо квалификуван кадар за да живееме пристојно? Не богат туку пристојно да не се мислиш дали ќе имаш млеко да му купиш на детето. Лично во мк имав пристојна работа иако ете не сум се потрудила да работам во струка, ама со таа плата ако ми се расипе машината за перење морав кредит да земам за да купам нова и да имам од што да живеам. И немав деца. Не е само не сте се труделе треба и обичниот работник да има за пристоен живот.
    И како што кажа секој прави како што мисли дека му е најдобро ама генерализирање дека не сме се потрудиле во нашата матична земја е малце навредливо. Впрочем ако си продавачката во маркет пример никој не ти е крив што не можеш да си дозволиш пристоен живот затоа што ете не си се потрудил.
     
    На senza.parole, Yowannty, Mala panda и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Мене твоето сите се селат оти не се потрудиле во своите земји ми забоде во очи и го сфатив како навреда на културен начин:^).
    Зошто пак обратно не кажеш останвме во Македонија сите што имаме врски да не наместат на добри позиции.Тие врски ни ги завршија и факултетите ни ги платија и магистарските и ни најдоа работа во државно.Вие што заминавте сте без врски.
    Еве пак ќе беше наврада во помал домен.
    Секако има и вакви и такви кој се одселија и неможе да се стават сите во ист кош= неспособни.
    Ние дојдовме со мм прво во 2012 2 и пол месеци.Знаеш што научив од Де за тие 2,5 месец дека е катастрофа и не сакам да се вратам пак.Ама се вратив за 8месеци .Така да читање како е во др земја не е исто со живеење.Кога го знаеш јазикот комуницираш,слушаш вести и ја знаеш точната ситуација.
    Ова ти го кажувам во контекст дека постојано се јавуваш јас кога бев кога живеев.Живеев и бев на гости не е исто.

    Со плата од фаст фуд прво нема да добие ниту стан .Нема ни за живот да имате.Извини што сум дирекна.
    Зошто не си проба со ИТ на англиски да си најде работа?
    Ако научи јазик 100% ќе најде работа за ИТ бараат многу.
    Се др Дани ти кажа.
     
    На gjoker4e, Marge, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.778
    Допаѓања:
    53.208
    Пол:
    Женски
    Брат ми кај и дае ќе иде па планиравме со мм да дели стан. А вујко му на мм пак издава негови станови но он е баш подалеку од моиве.. Тој ни кажа да земе виза преку Бургер кинг па после он ќе му најде подобра работа, а јас секако би почнала да работам само децава да се средат во градинка/ училиште..
    Не знам, секако многу тешко ми изгледа но желбата ни е огромна, а пак од друга страна и се плашам дали ќе успееме страв ми е да ја напушти оваа работа оти скоро Германска плата само он зема..
    Моментално го убедувам да запише академија уште една, за Ит но како што гледам не е призната во Де.
    А сепак доста е скапа па да фрлам пари.. Што знам на сто памета сум:(
     
    На gjoker4e, Ava.84 и Chantal им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.359
    Ама не може тоа така, виза преку едни па после друга работа.
    Мажот ми има градежна фирма и гледам сите нови работници сега ги влечат со фикционал виза од по 3м- 6м, и на ново и на ново продолжување. Мислам дека дури после 2г може да си бараат работа во друга бранша и на друго место. Ако дели стан нема ни да му дадат виза.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Штом имате роди кои се спремни да помогнат не му ја мисли.Ќе се снајдете ,кој не снашол-звучи клише ама е вистина.Штом сакаш и ти да работиш немате зима(fingers).
     
    На Mala panda, gjoker4e, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Јас ти имам спомнато за човек што без проблем зема виза со голема сума на конто и доказ за постојани приходи од ќирии на конто ама жената беше со европски пасош и една од ќириите од европска земја. Убаво ти кажа Ава подобро да проба одма ИТ да најде за виза да му посредува зошто кога ќе добиеш виза за мек приме и не е лесно да ја промениш за друг работодавач. Може и туристички да дојде да проба да најде работа каде што ќе сакаат да му направат виза.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    32.442
    Пол:
    Женски
    @Ava.84 фала што ме навреди зашто навистина знаеш како сум успеала во животот. Пишав на кого мислев а ти едноставно се најде лично засегната. Не знам од која причина.
    @Chantal и ти читај погоре на кого мислев. Не рипајте одма.
     
  18. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Јас не знам што е тоа фикцион виза јас одма престој си добив.
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.359
    Пред пола година што дојдоа работниците, со сите спремни документи од работодавец, стан дека рентаат, патни листови…буквално кај сите е ова фикционал. Лист со траење 3-6м. Поради преоптеретеност на ауслендер бехурде и тоа печатницата ли што е за пластичните картички, никој нема зедено како порано. Директ на 1-2г. Ги влечат вака, со кратки визи.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Не те јас прва навредив и немав таква намера пошто не ни знам дали раб на државно и имаш магистратура.
    Ти пак не пиша дека мислиш за некои комшии туку кажа сите не сме се потрудиле и не е скокање туку не дозволување да ме вреѓаат при здрав свест.
     
    На mKdevojce, Mala panda, SanelaS и 2 други им се допаѓа ова.