Здраво мајки . Се работи за една деликатна ситуација во врска со моја братучетка којашто живее во Германија. Го пријави сопругот за психичко насилство и со полиција ја земале од дома и и нашле смештај. Е сега работата е тоа што она е со македонски документи и има добиено виза преку него а он е со бугарски пасош. Имаат детенце од 3 години и моментално е со неа. Она сака развод . Сакам да ве прашам што се прави во ваков случај ? Дали може да и го земе детето ? Дали кога ке и истече визата ке мора да се врати во Македонија а детето ке мора да го остави ? Што понатака ? Би била благодарна на секој совет
Ако е помалку од три години во Германија треба да се врати во Македонија. Детето со неа. Каде може да се гледа фудбал кога нема на телевизија? Магента немаме. А сега нема да има во 16:00...
Не може да и го земе детето и апсолутно не мора, ниту пак треба да го остави ако се враќа во Мк. Детето секогаш со неа. Нека најде адвокат и ќе ја реши одма ситуацијата. Ако не може да го плаќа, има опција државата да и плати адвокат, ама не знам ова како оди. Можеби некој поупатен ќе пише. Не знам како оди со визата, на колку време и е? Обично даваат временски ограничена и после тоа е перманентна. Ако е во работен однос, можеби и ќе може да остане тука.
@Yowannty ти имаше сличен пример на рода/другарка некоја? Или да прашате на фб групата македонци во Германија.
Визата и е ограничена на 5 години . Иначе не е во работен однос. А за детево да го донесе во Македонија нели треба одобрение од таткото да има ? Затоа мислев дали ке може да го земе со себе
Најважно е колку години е овде. Немам сама преминато граница па не знам, ќе каже некој. Памет за друг пат прво да го излаже за полномоштво дека онака на одмор ќе оди во Мк па да го пријави па да отиде Мк. Ама уствари зошто го пријавила ако сака Мк да оди? Јас сфатив дека сака овде да остане да живее. А Мк треба да одат за да се разведат па секој по свој пат после.
Ниту ќе остави дете, ниту мора да се врати. Ќе си најде работа и ќе се среди. А за развод, ко што кажа Џоки, мора да се разведат таму кајшто е склучен бракот, таму ќе се реши и старателството на детето.
Може да испадаат дете од градинка ако не оде повеќе од 2 недели? Кај нас страшно е на детската клиника од новиот вирус, плус шарлах и стрептокока во градинка, а со имунитет сме 0, до некни имаше температура и страшна кашлица.
Колку подолго не оди толку подобро за нив. Зошто би ја избркале? Плаќаш, а дете помалку имаат. И кој нов вирус? Нели корона е најнов. Шарлах е на македонски или германски? Ама стварно не би сакала да дознаам што е, не гуглам, единствено ме интересира на кој јазик е?
Ако е помалку од 3 години во Германија морала да се врати во Мк. Така заклучија еднаш во фб групата кога прашуваше една жена. А жената била сместена во Frauenhaus заедно со децата.
Нема ,зошто да ја испудат.Треба редовно да ја пријавуваш само и од што е болна.Може и онака да си прави пауза во нашата градинка и до два месеци може ама мора после пак да се носат прегледите од доктор исто како кога почнува. ЕДИТ: Мислеш нашите не се разболуваат.Ех кога ќе пораснат најсреќна ќе сум што немам деца во градинка и нон стоп со болести.
Не, само пријави и готово. Среќни ќе бидат едно помалку. Исто беше и кај нас пред некоја недела. Истовремено корона, рсв, инфхлуенца, стомачен, коксаки. А цела градинка 30деца
Од рсв вирус е преполнена кај нас болницата, баш свекрва ми денеска е правила муабет со една нејзина пријателка што работи во болницата, хаос било, ни едно слободно место на одделение немало. Шарлах е насекаде во светот, пиши на гугл ќе ти излезе. Фала Ви девојки, само да не изминат овие вируси, страшни се, ептен се плашам
Да, јас прашував слично за пријателка. Не и кажале ли што понатаму откако ја земале од дома? Би требало да ја информираат. За жал не сум веќе во контакт и не знам што се случи, колку што ги памтам опциите, ако не е во работен однос самите власти ќе ја пратат назад во Македонија со детето. Нема по кој основ да ја чуваат во Германија, не бара азил, не бега од војна итн. Не работи, не плаќа даноци не е нивна одговорност, Македонија е одговорна за своите државјани. Детето нема да и биде одземено. Ако сака да остане во Германија, мора да се вработи и да проба да ја преиначи визата во работна, ама не сум сигурна дали тоа е условено и со колку време престојувала овде. Мислам дека не би требало.
Фала ти многу за одг Денес баш земав се , сирупи чуда , капки , спрејови , пола аптека Здравје летаме за некоја ден натаму За вигантол , познаничка таму ќе ни земе со рецепт и кажав одма штом те прочитав , да не го мислам дури најдеме матичен.
Неколку пати какаше по малку проливче, помалото дете, што треба да правам ако е стомачен вирус? За да не трчам на итна ноќеска за џабе дека нели лек нема. Ама што се да правам? Што може да дадам од аптека? Само така да седам и да чекаш да престане да повраќа и пролив да има?