И да ми кажат кој пробиотик тука или оној со пандата? И електролити кои? Имам едни ама да не има некои подобри.
Најчесто H&M, Zara, zalando, Otto, персонализирани од Etsy. Некогаш се наоѓа нешто и во C&A, best secret, Ernsting’s family.
Ова ти е како пивски квасец.На мојта не и помогна многу.Тогаш и траеше проливот повеќе од 1 месец и имаше норо вирус. Банана исто помага, ориз и некој дава оризова вода ама како не знам.
@gjoker4e стави во едно тенџере ориз и вода, повеќе вода, кога ќе зоврие ќе ја процедеш водата во едно садче и ќе му ставаш во млеко, сок, јас така и направив на мојата, повеќе млеко помалце оризова вода и се потсмири. Види во аптека електролити без вкус, и за пролив сигурно ќе ти дадат нешто. Со помин да е кај сите дечиња, страшен вирус владее. Сте давале витамин д купен од росман или дм?
Премногу поскапени некако ми се видоа работиве од Ernsting‘s family годинава. Лани имаше блузички и хеланчиња по 1-2€ истиов период, сега над 6-7€ е една тенка блуза и тоа на попуст демек. Фала, ќе ѕирнам и во другиве што ми ги наброи.
И Lidl да не го заборавиме, квалитет по ниска цена. И обавезно рецензија да се чита, се што е 5ка е ок.
Здраво, жени. Извинете вака шо ви се убацувам надвор од темата, ама би сакала да ве прашам што е разликата помеѓу Niederlassungserlaubnis и Erlaubnis zum Daueraufenthalt, и за што би ми препорачале да аплицирам? На крај од месецов ми истекува 5 годишна виза, и по 3 години би сакала да аплицирам и за државјанство, па барам совет и искуства што е попрактично. Искрено, не знам дали би сакала да живеам во друга држава меѓувремено, ама и не сакам да го изгубам правото на државјансво после 8 години. Живеам у Баден-Вуртемберг. Секој совет и искуство е добредојдено. Фала пуно.
Сакам да ве прашам дали имаме право на некаков надоместок за невработени мајки? Бебето е запишано во градинка, но нема никаде место, а не можам сега ни minijob да работам, сопругот работи од понеделник до сабота до 6 часот..
Не сум сигурна во одговоров, ама мислам дека Erlaubnis zum Daueraufenthalt се добива во случај да имаш добиено право на престој поради брачен партнр. Пријателка доби таква пред некое време, сопругот и е ЕУ државјанин, не знам дали тоа менува нешто што е ЕУ. Знам дека ништо не и бараа од документи, само од маж и некоја потврда да се пополни, не битно е дали имаш курс за јазик завршено, дали си работел или не. Niederlassungserlaubnis добиваш ако имаш 5 год непрекинат работен стаж, ти треба B1 + Leben in Deutschland и уште нешто од документи. Е сега дали имаат визиве иста "тежина" навистина не знам, ама претпоставувам дека доколку првата е поврзана со брачен партнер, во случај на разделба, може да има некакви последици и по визата, а втората е лично твоја, ако можам така да го наречам тоа. Пак земи го одговоров со резерва, не сум сигурна дали е тоа разликата.
За државјанство ти треба Erlaubnis zum Daueraufenhalt.Не мора да имаш 8 год ако имаш повисок степен на германски B2-7год, C1 -6год или ако имаш некое Weiterbildung во Де.Ама никако не смееш да имаш ALG 1 и 2 зимано. Инаку во предлог е да се намали давањето на државјанство на 5 год и да не мора да имаш јазик и да се откажеш од сопственото.Само се чека на парламентот. Се добро јас чекам 2 год за термин.Направи си уште сега.Уште неам. Тука пишуваат и жени што не се мајки alle sind Willkommen .
После вакцината денес го мачи Нешто. Не сака ни да игра ни ништо само во раце и се гледа не му е ок. Да дадам парацетамол помала доза? И рацете го болат може. Цело време ги чеша прстите на нога меѓу палец и тој другиот и плаче. И мн е чуден црвени очи поспан се прозева ама не сака да спие. Што да правам освен да паничам. Ќе ме убие паниката
Не паничи и не давај парацетамол. Зошто парацетамол? Колку време после вакцина? Обично, ако креваат температура, мислам после 7 дена од вакцината беше.
Јас порачувам од С&А, многу сум задоволна , нешто имам и од Н&М ( тука моделите се малку поголеми ќе ѓи носи подолго ). Има поделени мислења некој преферираат Н&М .
Не ми се верува дека уште малку и јас сум цели 5 години тука и појма немам што следи после. Мислев само ќе ми ја продолжат на уште 5 години и тоа е тоа. Треба да прашам на време во општина. Прашањето е кога поминаа, да не сум грешка нешто. Дадов парацетамол и се смири во 19:00 и во 22:00 пак исто. До 23:00 треба да чекам за ибупрофен. Нема тт ама го мачи нешто.