@gjoker4e proveri nogickata kade e bocnat, moze öd toa da e kenkav i da go bole nogickata. Kolku vreme trae recept daden öd Doktor?
Еден месец. Во раце го боцнаа во двете. Како да проверам? Дадов ибупрофен во 00:10. Нз дали ќе му помине до сабајле за во градинка. Од првите две дози не беше ваков. Мислев бе за реакција ќ е. А се гледа од вакцината дека е, дека не е нешто друго.
Мислам дека ќе му помине од ибупрофенот,он е за болка, само не му давај цела доза ибупрофен. Ќе го фатеш на ракичката каде е боцнан, ако го боле ќе реагира. Кај нас педијатар ни кажа дека ревакцината е секогаш потешка од вакцината, незнам дали беше од ревакцината од ммр, ама на Н цела ногичка ја болеше, ја влечеше, и реагираше на допир.
Ако има тт нема да ти го примаат во градинка. Јас така прашав што ако има после вакцина реакција -тт?Ми велат во градинка дома ќе си ја чувате 48ч ние не може да направиме разлика дали е од вакц или е од болест. Во моментот ми идеше да им удрам бокс.Нон стоп е болна и плус вакцина фали за паак да е дома. Онаа недела беше на антибиотик тргна во градинка 2 цели дена и сабајле поврати.А најнервозно е што имаме термин кај пулмолог прво терминот ни е од пред 3 месеци второ ми беше итен заради второ мислење.Сега да одиме ли?Што да правиш да не се убеш се прашувам.Мене во зимово ми фали зимски сон ем да преспијам болести ем да преспијам и ладно .
Mutterschutz земаш 100% од плата пријави се во здравственото, ќе потполниш нешто и тие ќе ти исплатат дел и ќе го известат работодавачот уште колку да ти исплати до цела плата. А елтернгелд 67% се зема за една година, за две 33% како што ти пишале, за три години 22% ќе дојде ужас Фактички парите се тие 67% за една година, па на колку сакаш месеци ќе ти ги распоредат. Малку излегуваат во секој случај освен ако имаш плата 3-4000 илјади па да дојдеш до некоја нормална сума.
Ма знам тоа, првите 6 недели ми се исплатени. Кај и да е ја треба да се породам ,документацијата ми ја води бабицата за овие работи.. Ама знаеш како ми бодат очи овие 33% Како и да е Elternzeit ќе земам 2 години, а Elterngeld на една да не се цепкаме.
Ако земаш 1200 евра плата, 67% е 800 евра, во загуба си 400 евра, пола кирија да речеме. Ако земаш 4000 евра, 67% се 2700 евра, во загуба си 1300 евра, и кирија и сметки и развод најверојатно поради финансиски проблеми хахах мислам и дека 65% земаат тие со поголема плата. Останатите 23% одат за невработени мајки да земаат 300 евра 12 месеци.
Колку и да земаш плата максимумот за Elterngeld е 1800 евра, што значи дека и тие што имаат 3000, 4000 или 5000 евра плата не можат да земаат повеќе од 1800 евра Elterngeld. Апсурд голем...
Да,точно ограничено е до толку и нека е, не е страшно ако не си самохрана ако не се разведе маж што пиша @gjoker4e
Има ли некој продолжувано Елтернзеит? Знам дека треба однапред да се јави. Јас пријавив една година, но некако времето мн бргу минува и сакам да продолжам неколку месеци.
Здраво, женски. Од понеделникот сме во Германија, денеска цел ден по меил се договарам со Ауслендербехорде, ми рекоа прво во општина да се пријавам, им пишав меил, ми немаат вратено уште, ама според други е институции тука, брзо реагираат. Прашањето ми е откако ќе се регистрираме во општина и ќе се пријавиме на адреса, која е процедурата за пријавување во градинка и за kindergeld? Сама дум по цел ден со 2ца каубојци и нема шанси сама да одам по институции, бар за сега, ама би сакала да знам кои документи ги бараат, што и како ако некој знае. Иначе сме во Нидерзахсен. Фала ви однапред.
Јас продолжив месец пред истекот за уште шест неплатени месеци. На работа отидов, потполни шефот, прати и ми стигна писмо дома. Ако можеш на пребарувачот да пишеш градинка и Kindergeld на оваа тема само, не мож сега на опширно, до после ќе пишам. Во општина само отиди со каубојците или телефонски направи термин. Градинка онлајн. Киндергелд онлајн копираш па праќаш по пошта, не одиш никаде. Добредојдовте
Фала ти, Џокерче, ценам брз одговор. Пишав за во општина, ако може преку ѓеил,ако ме, здравје понеделник работат до 18 па ќе стасаме. Ќе пребарам и за киндергелд и градинка, ма да пишав до една посебно, па ќе видиме. Хаос ми е во главава, среќа Германија е средена држава, ваљда ќе ме средат и мене . Убава вечер ви посакувам.
Здраво на сите. Дојдов во Германија и ме дочека снегче но не си земав чизми ахаха. Како одат цените да си купам ?
Добро дојде и тебе. Квалитет и цени подобри од Македонија во секој случај и за чизми и за облека. А тек па избор а и плус попустите почнуваат така да ќе си најдеш поповолно него долу 100%.
Леле помагајте ќе полудам. Цел ден кенка. А нема никаков видлив симптом. Освен вакцината вчера за тетанус и пнеумокока. Не е ни за педијатар ни за на итна. Ако му дадам парацетамол се чувствувам како само да сакам раат да имам. Дали да му дадам парацетамол? Вчера му дадов во 19:00 и беше смирен до 21:00 па му дадов во 00:00 и се смири во 1:30. Денес немам дадено. Се изнамачивме цел ден и тој и јас. Давате вие во ваков случај парацетамол? Вчера ги виде ушите и грлото педијатарот и ок беа. После вакцината стана ваков и не престанува.
Чизми од Deichmann имаше на попуст многу модели. Не знам која друга е онака ок со цени. Кај мене и во Едека има чизми. Deichmann онлајн ако се најавиш за известувања ќе имаш 10% попуст плус.
Кога веќе сме кај Елтернгелд ај некоја да ми објасни просто пошто гледам очигледно дека не ги разбирам работите точно. Значи вака јас поднесов елтернцајт за 18 месеци и партнерот за 2. Од тие 18 напишав само првиот да земам Basis а останатите Елтернгелд плус. И така бидна првиот месец зедов отприлика 65% од плата а потоа половина и така си земам скоро година еве. Исто тогаш добив и одговор дека имаме право на дополнителни 2 Basis месеци заедно со партнерот па сега прашав како може да поднесеме за нив и одговорот ме збуни скроз. Ако може некоја да ми објасни што можам да сменам ? Дали доброволно си одбрав да земам помалку пари или ми се чини ? Полудечууу на мм неќам да му спомнам оти кој ќе се расправа
Џокерче јас не би дала ако нема температура. Може да е реакција омалаксаност или локална болка од вакцината па затоа кемка. Јас би истуширала и измасирала да се опушти малку. И секако следиш ситуација да не нешто ново јави.