Кога му ги масирам рацете и нозете мирен е. И го туширав. Ќе чекам до вечер па вечер пред спиење ќе дадам парацетамол ако плаче и не може да заспие како вчера.
Си мислам ако му дадам да не му правам лошо. Не знам како треба. Да е температура давам ама сега не сум сигурна дека е болка ама што би било друго. И после втората доза исто вака паничев на Фемина, ист беше ама бебе, немаше тт и му ставив чепче и чекав фебрилни конвулзии да не има па да викам брза помош проверувам батерија да не имам. Со паниката пак заборавив да го испијам апчето за тироидна.
Од заби не бил никогаш ваков, тројките излегуваат горе. Во двете раце е вакцината. Не проверив, ни фластеритњ ги немам извадено од страв, се надевам па тоа дека не е опасно, тоа не ми текна ич дека може опасно да биде ем го бањав ем му ги оставив фластерите мокри, не излегоа од прва и оставив, мислев мокри ќе излезат одма ама не.
Здраво и од мене Само да ве поздравам. Не спаѓам баш у групава, ама сигурно ќе ве прашувам по некое прашање за се што ме интересира како тазе дојдена во Дојчланд, Мене тазе ми е, се ново ми е, чекам здравствено па да средим документи за ауслендербехорде , ама ќе фати време повеќе. На либе веќе му е познато, веќе 11та година како е ама друга покраина само, па ја кога излагаме со него ко шарено теле, он збори ја слушам ( шо дека учев јазик основното, срам ми е и здраво негде да речем)
@gjoker4e заспа ли малото, велат тројките најтешко ги ваделе. Кауција од стан кога ја враќаат,се чека ли прво небенкостен абрехнунг?
Добредојде и чувствувај се како дома, и во групава и во Германија И јас учев во основно и во средно ама кога дојдовме ниту еден збор не ги разбирав, тежок дијалект е тука кај мене, со тек на време ќе се опуштиш, ќе сфатиш дека многу странци има дека не си само ти и ќе се опуштиш Тројките најостро мислев најлесно пробиваат. Ама од вакцината е 100%. Заспа и сега плачеше со рацете нагоре, баш и вчера маж ми рече плаче како да му се укочила раката на спиење, се надевам ќе го преболат до утре. Кауција најкасно 6 месеци, нас за месец дена мислам ни ја врати, не чекаше да дојде времето за небенкосхенабреунг, а сега ми текна ни задржа 200 евра за кога ќе дојде небенкостен абрехнунг ама требаше да ни врати па ни ги врати и тие 200 и плус од небенкостен вишокот. Најпозитивната вест денес што ја прочитав е инфлациско порамнување, работодавачот по своја волја може да исплати максимум до 3000 евра до декември 2024 одеднаш или на рати. На некои веќе им кажале дека 1500 евра ќе им ги исплатат во јануари 2023 и 1500 евра во јануари 2024. Мене никој ништо ми нема кажано, се надевам дека ќе ми исплатат и мене, не мора 3000, може 1500 за мене. Не ми се свиѓа што по своја волја, требало да донесат одлука секој работодавач.
И не се фалиш. Со убаво да ги трошите 330 евра собрале од продажбата на колачи, се зачудив, од 8 до 12 продаваа и мало гратче сме, и грч ладно беше. Околу Велигден пак.
Што давате на мали деца со воспалено уво? Бевме на итна, им кажувам има температура, треска, се жали на увото, затнат нос па и почна да кашла ептен. Го прегледа и рече само да продолжиме со Ибуфлам. Имал воспалени уши, зеде крв и ЦРП 14.6, демек тоа било од вирусна инфекција а не бактериска и ништо друго не ни даде. Неможам да го оставам така детето и да се мачи само. Што да барам во аптекиве, без рецепт што даваат?
Прво пробуваш да го излечиш увото со свеж воздух, спреј за нос и црвен кромид пресечен на пола ноќе, и нешто за болка. Штом не ти дале антибиотик ни требало да се малку воспалени ушите. Ако продолжи исто или полошо се јавуваш пак на педијатар или пак итна и ќе ги видат план ушите и ќе препишат антибиотик. Стар лек да капнеш лук или растение куќа чувар немам пробано ама викаат помага. За кашлање луфтираш дома, шетате надвор на свеж воздух, пие течности, и прашај дали ладно или топло да даваш, јас секогаш ладно давам ама некогаш мислам имам читано топло дека треба за грлото, не знам која е разликата кога што се дава.
Ист случај имавме на итна, само што ни крвна слика не направија. Навистина беше вирусна инфекција, продолжив уште некој ден со парацетамол и се смири и увото кога помина инфектот.
Кај оние кај што се плаќа градинка. Дали ако пр 1 месец комплет не стапнува таму се одбива нешто од сума, или бар она за јадење што се доплаќа? Едит од кој топломер (бесконтактен или за во уво сте задоволни)
Мене ми рекоа само со претходна најава дека ќе отсуствува минимум 4 недели не треба да платиме 50 евра за храна. Или ако е на прилагодување прв месец и не се прилагоди се плаќа пола сума. Топломер од Лидл онлајн околу 25 евра во уво се мери, ако пробам линк да прикачам ќе ми се укочи телефонов. Ќе го најдеш онлајн има и позитивни рецензии.
Ако ништо не ви дале на лекар тогаш само држи го носето што е можно попроодно. Син ми често има болка во уво кога му е носот затнат. Од запушеност на синусите и зголемен трет крајник кај деца се јавува болка. Не знам за Германија ама во Македонија во моментов коси некој луд вирус со многу густ секрет од нос, запушен нос и слично. Син ми ноќеска пак се жалеше на болка во уво, сабајлево стана издувавме нос и си отиде во школо. Рече ништо не му било. Поголем е веќе и ја отрпнав па ако болката се смири и не се повтори пак дента или утредента не го ни носам на лекар. Отрпнав и сфатив дека џабе ќе го малтретирам. Е за помош често му прскам спреј на база на маслиново масло (OttoOliveOil). Кај нас го има во аптека и за него ми кажа ОРЛ лекар кога сеуше го носев по лекари за болка во уво.