Денес одеме по Н да ја земаме и тетката од градинка: ааааа денеска Н си кажа дека ќе кака и ние ја избришевме, гледате ли дека и ние работеме,втффаааала Богу после незнам колку пати кажено дека покакана си доаѓа од градинка, со каката на газот и гаќите, па црвенило, па масти, ја боле итн.
Толку брзо откажување никако. Треба да го потполниш профилот. Вака ти стигаат сите прашања, а за некои не си целна група. Кога ќе потполниш деца, работа, хоби… многууу ретко може да се случи да не си целна група или ако покасно го отвориш да ти се појави дека веќе завршена е анкетата. Јас сега имам четири анкети за 50 центи, 1 евро, 1,5 и 2 евра ама само од лап топ може тие и додека да стигнам до лап топот скриен в спална ќе се потполни бројот за анкетите. Кога е од телефон немам проблем. И секогаш ако е првото прашање дали имаш брод на пример, а јас немам, одговорам дека имам бидејќи за тоа е анкетата и ако одговорам дека немам ќе ме исфрли.
Здраво на сите. Да ми препорачате некои таблети за апетит, за дебелеење… откако дојдов тука има само 1недела и ослабнав 3кг затоа што уште не сум навикната на оваа храна и овој живот па да земам некои таблети колку толку да не си расипам здравјето
Само понеделник ќе биде се затворено така? Од вторник нормално? И утре со скратено време од 8-13 отприлика? Па на 31ви скратено, на 1ви е недела и од 2ри нормално? Кога е се затворено ме фаќа паника дали имам се дома…
Маркетиве утре до колку час отприлика работаат? Претпоставувам со скратено, тазе сум па појма немам до колку точно.
Што ти е толку различно од храната тука во споредба со Македонија? Ако готвиш дома, ги има сите намирници што ги имаме во Мк, тоа што нема во германските има во турските маркети. Јас лично не осетив голема разлика кога дојдовме... .... Јас нешто не сум упатена со неработниве денови, дали дека сум од денес на одмор. Зошто е понеделник неработен, затоа што Божиќ се паѓа во недела или...?
Кај мене лудило, бебе со температура цела недела, маж на работа се знае. Туку дали имате некогаш проблем со отворање на форумов? Јас неколку дена не можев да отворам ми пишуваше нешто како од безбедносни причини "не е сигурна страната, вашите податоци можат да бидат хакнати" итн. А еве денес ми отвара без проблем.
Мене! Уште не ми дава, кога сум приклучена на домашен wifi не ми дава да влезам, кога сум на 4g ми дава...
Имаше проблем, ама Реин пиша дека го решиле. Јас не можев два дена да упаднам. Во Мк изгледа се функционира како што треба, пошо само ауслендери се пожалија.
На колку години тргнуваат децата во школо? Ние сме 4, треба на лето да се преселиме официјално.. Како ќе биде со јазикот и психолошки како ќе се одрази на детето многу ме мачи
Од 6год или со 30септември заклучо. Пр ќерка ми е јули 2016 и од авг почна прво.Генерација 2015-2016.Другите деца родени пр. од 01.10 2016-30.09.2017 ќе почнат догодина . Ќе научи јазик.Имаат подешка во школо за деца кои имаат потреба за јазикот или уште не е доволно созреано за 1 одд.Пример не ги знае броевите итн. Прво се оди на школски доктор и тој кажува дали е детето спремно.
Дали на сите Аусбилдунзи се оди на школо? Или има и такви само пракса? Јас немам никаква диплома овде, а ниту во Мк. Се ми е фрлено при психолошки напад. Може ли без диплома? Не ни сакам да помислам да треба од ново да вадам диплома во Мк, ептен ме нервира секое влегување во било која институција, а со живците не стојам баш најдобро, ептен ми е прелиена чашата па може срцев удар да ме чукне на прва нервоза. Се мислам за еден Аусбилдундг ама не сум сигурна. Што ако не е тоа тоа? А како да знам кое е тоа? Ќе дојде пак септември и пак ќе останам без Аусбилдунг. И треба со воз 10 минути со таму. Сте се возеле сп воз до сега? Се мислам дека ќе ме нападне некој во возот. За 7 минути стига точно мислам. И сега работам на 5 минути пеш до градинка. Ако ми се јават дека мора итно да земам дете од градинка 10 минути вечност ми се гледаат, плус пеш до возот и пак пеш до градинка…