Во игротека славевме последниот пат, подобро нешто нема.Ги оставаш тие си се анимираат ги собираш да јадат и свеќи да дуваат, на крај плаќаш.Во едната игротека имав мени и со поклони за децата па имаа на масата уште кога дојдовме. Инаку во Теди имаш секогаш некои интересни работи за бастење како гипсени свеќници, риби,животни итн со бои со се ти се.Лани големата на еден роденден бастеа свеќници од стакло и внатре ставија лепак и со светки наоколу многу убаво испадна. Исто имаа и гипсена каса не ми текнува што животно беше не беше свиња исто го боеа. Ама ова женски не знам машките дали ќе седат? Братучетка ми за машки им организираше шатцсухен и им направи оргинална мапа изгорена па го нацрта пато од зградата до богатството и бараа децата .Богатството благо. Торта -deinetorte.de. Порачувам 3-4 пати од таму.Вкусни се и се точни.Изгледаат исти како на сликата. Ај да трчам сега.Каснам.
Za tie torti bas sakav da prasam mi izlegoa na fb , dostavata e po dhl i doagaat bez ostetuvanje nekoe ?
Доаѓаат по дхл без оштетување на посакуваниот термин, убаво спакувани и не треба во фрижидер стоат до 14 дена мислам. Пр. Сакаш да дојде тортата на 5 и таа доаѓа или 4 ,5 или 6.Ти кажуваат уште при нарачката.Можеш само до петок да порачаш како ден кој може да го одредиш. На големата беше еднорог лани и стигна со тортата дополнителни дрангулии како рогот цвечиња со лепак сам да си ги доукрасиш.Бидејќи не би стоеле сигурно во кутијата.Ама тоа трае 5мин.Ќе ставам слики сваќе после на паузата или ќе ти пратам пн.Немам време имиња да бришам.
Не знам што чудаци се луѓево ама не се нормални.Одам во Лидл 2 каси огромни редови .Си велам чекај колку е часот?Гледам 7:21ч знаете што купуваа петарди и ракети.
Ова за тортите да ми пишеше вчера топ ќе ми дојдеше, ама ќе знам за друг пат. Јас све во последен момент слаткарницата каде што планирав да порачам е на одмор баш до роденденот, а ние порано го славиме па нарачав кај една од Босна што прави по дома, а и таа денес ќе ми пише дали ќе најде таков прелив како што барам. За игри боење ќе запали кај моето дете ама колку што му ги знам другарчињата не баш. Купив веќе таква црна хартија за гребење во форми е Дани што ја спомна, план ми беше да испринтам од фигурите од темата што ни е да имам за секој случај ако сакаат да бојат плус. Шатцсухен баш имаа кај другар му на роденден. Лани купив диносауруси такви во гипс да ги откопаат кога видов колку може лом да се направат одлучив да им ги дадам за дома со кесичка тоа со чоколатца. Ќе пријдам денес да видам што можам во теди да докупам. Јас сакав во шума да ги однесам да гриламе маршмелоу секако мислам најзабавно ќе им е ама јануари маж ми рече дека сум луда и дека никој нема да го пушти детето.
Се чувствувам како секој ден да е понеделник, есен. До 9ти јануари ќе работам само од 6 до 10 сабајле, маж ми ќе го чува. Сеуште дојам, цело време гледам саат ноќе за да видам како ќе биде и цица 5:30, 6:30, 7:00, 7:30, 8:30 пак сакаше ама го прелажав до 10:45 да не цица. Кога ќе станам во 5 кревет и нема да ме осеќа нема да плаче за да цица? А ќе ме осети 100% како и секогаш до сега па ќе треба да цица и да чекам погоден момент за да станам. И ако е крајно време веќе да го оставам да плаче и да излезам. Од 10ти јануари ќе работам од 6 до 10 ама ќе оди во градинка од 9 до 10, па полека ќе зголемуваме се додека не се прилагоди целосно и не работам од 8 до 14 или 16, а до тогаш маж ми не може да работи до 10 бидејќи може уште 9:15 да се јават дека плаче. Плаче без мене и само вика мама, мама, мама и тоа едно јасно, гласно, категорично МАМА. Според план третата недела од Јануари ќе сум кранк, а првата недела од февруари одмор, за некако да изгураме до март кога очекувам дека ќе е прилагоден од 9-12. Женскиве деца тешки за чување во една смисла, машкиве во друга смисла. Ако продолжи вака додека да се ожени, сите мои зборови за свекрви ќе паднат во вода. Може затоа порано војска ги праќале. Да се очеличат и да научат без мама да живеат. Ама секако џабе била и војската.
@SanelaS спакувани се како првата. Спојлер: Торта снајка Спојлер: Торта Џоки овие моите машки требале да бидат освен мама друго не знаат.
Прати го во Норвешка, таму уште има војска Дали е џабе, штознам. Можеби треба почесто да одат во војска, на пример еднаш годишно
Истово дојдов да прашам. Што е ова мајко мила. Редици редици насекаде за петарди и остала пиротехника. Запрепастена сум. Вака е секогаш или годинава е нешто посебно? Лани не памтам петарди да слушав… Девојки каква е политиката на ХМ за враќање или замена? Во Зара кога нарачувам преку апликација без проблем можам да ги оставам во продавница кај нив, не морам да ги праќам назад. Нарачав едни папучки ама бајџи големи ми се, сакам да ги заменам, а апликацијата откако ми стаса нотификација за 60% попуст не ми се отвара.
Секогаш е вака само последните две год беа забранети и беа многу помалку.Кај нас од 16-04ч се пука хорор да не си овде.Многу мразам ни прозор да отвориш ни ништо. ХМ имам враќано во продавница .Рекоа ќе ми ги вратат парите на начин како сум платила ама што однесов не се сеќавам изгледа листовите од кутијата за враќање. Секаде и се можеш да вратиш.
До 9 спиевме ми се мати во главата. Цела ноќ огномет, деца се будат плачат. Повеќето изнервирани во ФБ групата на градот ама еден пишал генерална проба било ова за вечер па ај викам смешно нека е. Ако добро се сеќавам до сега само во 00:00 имаше огномети максимум 15 минути и толку. Што и е ок.
15min тоа во мкТука нема крај. Кај нас вчера пукаа ама чат пат.Денес е мирно оти кажаа дозволено е од 18-6.Доброто е што дува ветер па нема да се гушиме утре.
Леле огнометиииии Нема парче небо над мене а да не светка во сите бои. И сите се надвор. Гласно е, ама преубаво. Среќна Нова Година девојки. Ви посакувам блескава година како вечерашново небо.
Среќна нова дечки, стварно е преубаво И во право се што после коронава толку купуваа огномети ми фалеше дружбава. Тука на улица комшии излезе еден со греана ракија нема кој не проба од шишето па и јас што нормално не би ама убаво ми е ( може од виното претходно)
Јас ве поздравувам од реалноста. Сеуште деца презаспивам. На овие огномети само ако се пожали некој догодина дека немало пари за гас и струја. Среќна Нова Година!
Среќна Нова Година женски, бидете здрави,живи, среќни, насмеани и сакани. Си заспав јас Н.Г било.Ме разбудија во 00:02 ама не станав.Пукаа до 2:30, после беше мирно. Џоки со бели звуци кома беа ама едвај во 23 заспаа .
Јас која викам дека знам германски И јас која цело време му викав на маж ми да не заборавам пред да се вратам на работа да проверам на интернет што се вика кога некој ти вика mach‘s gut и денес денот Д истата колешка ми вика macht‘s gut кога си одев накај дома и од шок појма немам што и реков. Гугл вика се вика Ja, bis bald или Wir sehen uns. Мене ни едното ни другото не ми одговора. Како треба да и речам? И да си рече конечно научи оваа џокерче сега ќе и смислам некоја нова фраза.
џоки ако не не насмее кој ќе не насмее. Мислеш тие се замараат со нас како ќе сме кажале важно е да се разбереме.Тоа ти е поздрав само. Можеш и schön Nachmittag да и кажеш и schön Feierabend. Има и komm gut nach Hause.Bis Morgen , ich wünsche dir einen angenehmen Tag итн. Ме интересира каква waschtache имате?
Мајки може некоја од вас минувала низ оваа Се работи за возачка дозвола за мојот сопруг На адреса е овде година и 3 месеци и во работен однос секако Возачката не ја смени и не возеше после 6 месеци и сеуште каде треба јас сум, бидејки сакаше да полага за Е категорија во Мк и без да знаеме и се распитаме убаво тој си положи Мк и сега овде секако не му ја признаваат Е категорија само категориите кои ги има пред да биде пријавен овде т.е до Ц категорија Е сега слушнал као демек ако се одјави од Германија на 6 месеци и потоа се врати пак овде на адреса дека ке му ја признаат и таа категорија, што јас баш и не верувам кога ке се пријави компјутерски пак нема да видат се ? И дали ако е пријавен на адреса во Холандија може да работи во Германија бидејки тоа му е планот на што јас сум многу против Термин има наредна недела као демек да праша дали има некој начин да ја добие и Е категорија и да праша и за овие прашања но јас не верувам дека таму ке му кажат одјави се па после 6 месеци пак пријави се некако ми е несватливо незнам или и јас премногу преувеличувам Извинете на долгиот пост но се надевам ке добијам некоја информација и од вас Среќна нова на сите