Многу е комплицирано за да го процесирам. Пријави, одјави, Германија, Холандија, ваму адреса, таму адреса. Не знам да ти кажам точно инфо, ама да не биде слушнал недослушнал, да не си направите проблем. Освен тоа, во работен однос е и сигурно и киндергелд земате. Ако се одјави, да не ви го прекинат. Оти се си влече последици. Бољи да полага тука пак. Нема да мора часови мислам, евентуално еден практично. За теоријата не знам. Што значи и поевтино него сите часови, ама сепак многу поскапо од Мк. Сега мм полага за Е категорија и баш го прашав. Он вика дека признаваат, со дополагање на некои модули. Најубаво ќе ви биде да прашате во фурешајнштеле, најсигурна е информацијата од таму. Каде има термин? Не верувам дека ќе му речат да се одјави за да ја признаат. *** Среќна Нова на сите. Сите неубави работи зад вас во старата, новава само на убавини да влече.
Која крема ти треба конкретно? Ќе прашам утре во аптека. Јас земав кортико, ама на рецепт. Може другиве ќе пишат ако се поинформирани.
Advantan (генеричко име: methylprednisolone) Decotal (генеричко име: diflucortolone) Ги пишав и генеричките имиња бидејќи не знам дали во Германија ги има под името Декотал / Адвантан. Ако не ти е тешко, те молам прашај. Било која од двете ми треба.
И јас се плашам од тоа слушнал не дослушнал Бидејки така беше и пред да полага му рекле ке му ја признале па на крај еве што се случи Затоа сакав и овде дали некоја имала сличен случај Не знае добро Германски уште затоа и не знае дали ке успее со тоа слушање овде за да му биде признаена Во местото каде јас ја променив возачката и каде децата добија офентал незнам точно како се вика Тоа е градот под кој се водиме, мислам дека објаснив Сепак ти благодарам на инфо
Прашајте за код 95. Не знам дали е уште во важност, го даваат за Е категорија, како призната дозвола му доаѓа. Ама треба да се исполнат некои услови, на пример да му е потребна за работа и слично. Иначе, теоријата мислам мора да ја слуша на германски. А да полага може и на друг јазик. Прашањата исто ги имаат на повеќе јазици. @fana Утре после работа ќе поминам во аптека и одма ќе ти пишам.
Ти благодарам навистина на одговорите Ние сме со бг пасоши и двајцата Тој има и бугарски код моментално но не знаеме дали нешто ке влијае тој или не Ке праша таму да виде што ке му кажат
Адвантан го имам јас дома ,го користев за малава. Го зедов со рецепт. Ако сакаш и јас ќе прашам во аптека.
Што и да треба да се праша секогаш онаму каде што треба. Гледам во ФБ групите на едно прашање има минимум пет различни одговори. Понекогаш и сите пет се точни ама за различен случај. Колку и да не знаете јазик да не прашувате по луѓе туку во општина и слично. Напишете на лист и покажете им го. Нека ви напишат одговор па ќе го преведете. Од луѓе и ненамерно се добива погрешен одговор, а со тоа и последици. Најважно е зошто одлучил маж ти да се сели во Холандија. Претпоставувам пари, по претпоставка дека ќе заработува повеќе во Германија, а во Холандија ќе има помалку трошкови. Да беше тоа глобално гледано најдобро решение тогаш сите ќе живее таму, ќе работеа тука. Се си има свои предности и маани. Треба да дознаете кои се, да ги запишете на лист и да заокружите што ви е поважно. Кога станува збор за пари, најскапоцен совет ми е тој од @Herrera дека најважно е да имаш помалку трошкови. Јас се што можев смалив на минимум, интернет од 50 на 37, телефон од 30 на 15, нетфликс од 18 на 0 и онака никој не гледаше, осигурувања од 80 на 6 евра итн. И во Германија можеш да живееш и работиш да имаш повеќе пари отколку да живееш во Холандија, а да работиш во Германија. Можеби друга ви е причината, пријатели или нешто сосем трето. Вие двајца најдобро знаете што е најдобро за вас и вашите деца. За возачката најточно ќе ти кажат таму каде што имате термин. За жал така е, не смее да се полага Мк. Морам да ви ставам слика за моето прашање. Кој германски курс треба да го земам? Се разбирам, и знам да зборувам ама многу се плашам, цело време се тресам на работа да не ме праша некој нешто што нема да разберам и ако ме праша јас се блокирам. Да ме праша на писмено истото одма ќе му напишам реферат. Уствари да не треба курс за самодоверба да запишам? Кој од овие во спојлер ми треба за да научам да зборувам брзо, течно и со самодоверба? Спојлер
Зависи и од тоа што работиш. Има курсеви кои се ориентирани кон конкретна професија/бранша. Исто така, доколку сега не си била на курс и немаш сертификат, скоро секое училиште нуди Einstufungstest според кој може да се види до кое ниво си. А самодоверба за зборување се стекнува исклучиво со многу вежбање (зборување) во реални ситуации како и доста слушање на содржина на германски. Јас најмногу слушам на youtube различни емисии и слична содржина од твој интерес. За граматика можеш сама да си купиш некоја книга со вежби и да си повторуваш/вежбаш во слободно време. Овие курсеви што ги имаш на избор ми се некако многу генерички.
Ти благодарам и тебе многу на исцрпниот одговор Не за стално да биде на адреса во Холандија туку само 6 месеци па после пак да си биде овде пријавен, демек така ке му ја признале возачката на што јас мислам дека кога ке се врати овде на адреса после 6 месеци ке видат компјутерски пак се Но сепак ке праша наредна недела на терминот
Јас по групите што имам читано не признаваат ако си полагал после прва пријава на адреса, дури и тие што доаѓале како студенти на три месеци па после години кога ќе се вратат имаат проблеми да им признаат возачката.
Среќна нова на сите, многу здравје, среќа и само убавини. сакав да ве прашам како можам да испраќам пари од тука на сметка на сестра ми во Македонија. Преку апликација или како иде тоа
Jas ne bi se igrala prijava odjava ziveenje vamu tamu toa se e vneseno vo sistem i pisuva koga polagal koga ziveel tuka i slicno.