И јас многу се нервирав за истото. Ама мене ми рекоа не да ги растворам во млеко, туку да му ги ставам директно во уста странично на обравче и да дадам млеко да пие. Демек многу брзо се топат нема опасност од давење. Ако не ти е страв вака пробај. Комплицирано не е и на клиника и педијатарката му даде пред мене да видам. Ама џабе јас не можев никако, умирав од страв, еднашка не ја голтна па му чачкав низ уста му ја барав, трауми првиот месец натегање ми беше и не му давав. Си побарав следно капки и сеа сум раат.
Ти кажаа погоре, не постои такво нешто. Никој не дава државјанство оти таму си се родил или си родил, инаку сите ќе одеа да раѓаат таму кајшто е подобро,
Првен сакав сама да земам од аптека нешто што е со ист состав, после си реков ај почекај до У-то за две три недели па педијатарката да каже кои. Не дека е голема работа или тешка, ама баш нервира и непотребно комплицирање ми е. И мене ми делува страшно вака како што кажуваш да му го ставам
Германско државјанство детето со раѓање може да се стекне само ако таткото е Германец. Државјанството се наследува од родителите, односно од таткото најчесто. За германско државјанство да има треба да живее во Германија неколку години, Или ако родителот се стекне порано.
А зошто апчиња? Нема вигантол сеуште?Одамна не сум барала, најдов замена божем, ама вигантол од доктор знам дека најдобри беа.
Апчиња ми дадоа во болница. За без пари толку. Знам за вигантолот пред некоја година(не паметам за кое дете беше) ми бараа рецепт, не го даваа така да си го купиш
Нормално на рецепт, ама сега гуглав, не знам дали го има. Пред 2 години може и повеќе ни на рецепт го немаше, просто го снема. Имам едно со прскање сега, vitashine, ама дали и колку брка работа не знам, треба да провериме крвна слика, ич не ми се влечка по доктори без потреба. Згодно е иначе, и од капки позгодно прскањето.
Со самото раѓање може да добие доколку еден од родителите живее во Германија повеќе од 7 или 8 години беше, не знам точно. Истиот тој родител не мора да има германско државјанство. Кога го родив помалото дете, од Ратхаус ни стигна писмо дека они веќе направиле проверка колку години ние престојуваме во Германија и кои се процедурите за да детето добие германско.
Го имаше пред 5 месеци. Кога побарав да ми ги смени таблетите за маслени капки ми даде Вигантол. Ама еднаш ги заборавив на прозор место да ги вратам назад на ладно и побарав нов рецепт, и еве денеска земав нов пошто почнав и на двајцата да им давам, а и да имам оти следниот преглед веќе по 6 месеци ќе биде па да не трчам по рецепти и еве овие двапати иако пишува Вигантол на рецепт, во аптека ми даваат замена. За рецептиве ништо не плаќам. А видов во ДМ меѓу другите исто имаше и маслени околу 4 евра беа.
Во аптека проверував јас вит д. Спонтано без термин секогаш одев и завршував работа. Ама не знам дали секоја аптека нуди, барем поголемите би требало. @Blackkqueen ниту виза ниту државјанство ќе ти дадат. Барај Германец, таму лежи шансата
Ми објаснуваше една пријателка, не се сите маслени капки баш баш. На суплементи од ДМ не верувам па ич. Може предрасуда ама ете. Види го тоа прскалото. Абе електронски рецепт не ви даваат? За рецепт реално не мора ни да одиш.
Не знам Биљо, за деца земам од педијатар препишано, а за мене си земав сеа некои за коса и нокти и магнезиум од ДМ. Може не се сите маслени не знам, ама баш се зачудив што имаше во ДМ а обично треба рецепт… или можда не? За електронски рецепти прв пат слушам.
Види ако можеш да запишеш мастер студии во Германија. Или некои доквалификации. Или збори со газдата таму кај што си работела претходно, некогаш кога им требаат работници излагаат во пресрет да ти средат виза за да те задржат. Или играј лотарија за визата. Имам читано тие што веќе биле во Германија имаат предност.
Кога пишувате сега за д витамин сакав да прашам значи мора да е до рецепт Син ми е 6 ипол години и уште има како вдлабнатина на главата Вк Мк ми рекоа не е страшно ке се израмни тоа беше пред година време но уште ништо Дали овде да барам доктор или би можела да почнам со витамин Д иако е веке голем Дали може да има некоја штета од него или можам слободно да давам
Првен ниво проверете и според истото ќе ви кажат која доза. Кога имав дефицит имав една доза, потоа, кога се надокнади истиот, друга доза.
Знаеш кој момент ме замислува, факсот во мк не е исплатлив, јас немам моќна фамилија ниту финансиски ниту општествено за да ме изгураат напред. Затоа сакам да си одам ама морам да дозавршам факс за да не ми е трудот за џабе
На мене многу ми е мака учам онлајн јазик, ама мислам дека додека не влезам некаде на работа и немам контакт со Германци шанси нема така да почнам да зборувам. Сакав да прашам, сакам во Март да полагам во VHS schule, дали ќе можам одма да излезам на испит, или ќе морам да чекам групата за Б1 да заврши па со неа да полагам?