После третово прашање мислам дека е доволно. Прво што треба е да пораснеш најискрено кажано. Дојди на лето и врати се и не останувај трудна те молам. И поднеси за виза во амбасада македонска.
Боже Боже што муабет во доцни саати ,без мене. Во Америка се добива државјанство со раѓање.Млада и паметна си ќе се снајдеш. Давав и на двете директ во уста не се имаат задавено. Мајка е Македонија(дијаспорски патриоти).Македонија вечна, никогаш северна . Си имаше време на чекање и си имаше ред според почетна буква . Најбитен ти е вокабуларот колку повеќе зборови научш подобро ќе збориш и разбираш. Туку како деца кога си гледавме на колку ќе се мажиш .На 23 пишував , прво факс, па после маж деца.21 година и како дете ми е под стандардот.Добро јас стара се мажев може требало малку поранко .Имам една сокласничка на фб .Се омажи т.е остана трудна на 18 и има сега деца по 18.Таа со мм си се шета втор меден песец си прават.Слики ставаат од секое шетање, луѓе зошто ми е грдо да ги гледам, дали мојот мозок забегал.Не не им љубоморам ама ми е многу смешно.Па жената позира како на 16.Анфалов да им направам ќе ми ги дава ли на стори? Ајде да ве видам сега со муабет во 6ч.
@Ava.84 јас 21 или 23 пишував . Прочепкај ќе најдеш како да не ти се појавува на стори . Сега да прашам за мислење. Барам работа и многу ми е тешко да најдам нешто само од сабајле додека е детето во градинка, мм оди во смени од 5 сабајле кога е прва и до 23:20 кога е втора. Сега дојдов на идеја да пробам да аплицирам исто за работа во смени со тоа што би била различна смена од мм АМА ќе треба детето да ми го чуваат комшии 2-3 саати кога едниот ќе тргне на работа додека дојде другиот. Жената работи само навечер рече дека не и е проблем се дружиме ама не сме преблиски. Би и плаќала, ама нели ќе одат на одмор, ќе се разболат, евентуално и ќе се преселат. мм ми вика дека е многу комплицирано, јас мислам да пробам ќе се снаоѓаме ( а жал ми е колку ќе стигнам да му се посветам на детето, знам дека мм нема да го изнесува секој ден како јас па ќе гледа повеќе цртани, за времето поминато сите тројца заедно ама за тоа реков ќе гледам викенди да сум слободна). Сакам само мислење дали би влегле во таков ризик, зошто знам дека и ќе добијам нешто ама и дека доста ќе изгубам? Имам шанси и за само наутро ама нешто што стварно не сакам повеќе да го работам, а и не е нешто платено.
Бев влезена на почетокот. На долги стази неиздржливо е. Кога мора тогаш да ама во твојот случај не мора. Не сте нови тука па да мора да се мачите. И јас сум во слична ситуација сега ама на крајот на краиштата никој трет не доаѓа во предвид освен јас и маж ми. Дополнителен огромен стрес е тоа што не ви треба ни вам ни нас. Можеби сепак постои работа само прва смена само треба да ја пронајдеме. На колку саати сакаш да работиш? Јас максимум на 30 и плус минус мини џоб. Фолцајт нема шанси. Во градинка не ми се работи. А и цело време им зборуваат на децата, а јас ем не сум зборлеста ем не можам со деца. Тоа што сакам да го работам не може само кога децата се во градинка. Од неодамна би можела и со свекрва да живеам. Никогаш немам заборавено во една тема @Annath кога пиша да не се караме со свекрвите дека може ќе ни требаат кога ќе имаме второ дете. Пред 5 години пиша ова ама многу добро го запомнив. Не сум скарана јас, само сакав да кажам дека немам проблем сега да живееме заедно. Сум го изгубила некаде проблемот брзајќи. Ама си викам што убаво сега свекрва дома и јас да работам кога сакам и што сакам. Многу убаво изгледаа 500 евра киндергелд на сметка. Денес слушнав во февруари ќе ни пуштеле нас од тие Einmalzahlung ама незгодно ми беше да прашам колку, едвај чекам да дознаам, всушност се надевам дека и мене ќе ме следуваат и што повеќе тоа подобро. Главата ме боли. Почнав на работа и ете ја главоболката секој ден. Дека не спијам во исто време и не пијам кафе на време. А не дека не смее кафе на работа ама ај. Пак до памет значи. Летам по дома дека почнав на работа. Толку станот две години не го средив колку овие четири дена. Јас сум човек што мора да оди на работа. Да го знаат тоа и газдите ќе ме земат и само од 8 до 14, а понекогаш си мислам дека и од 9 до 13 е најдобро дека ќе немам скоро ич стрес, нема да треба да брзам за до и од градинка, ќе можам кафе да пијам секој ден во некој кафиќ. А може и треба да престанам бајки да пишувам и да најдам работа од 8 до 16 ко нормален човек. Или сепак 9 до 13 е супер. Има една мајка од 9 до 12 работи и и љубоморна сега. И само 96 евра плаќа градинка. А јас 500 евра за двете ја поскапеа сега. И киндергелдот се потроши значи. ај да престанам да пишувам да потрае бајката
Можеш unfollow да направиш нема да ти се појавува на стори ниту на почетна. Ако сакаш да видиш нешто ќе треба ти да и влезеш на профил. Имам и јас така неколку одследено вклучувајќи и јатрва. А ние што не сме сакале деца, а сеа кога имаме сакаме што поише во која категорија влагаме? Стара била леле бе. Абе и ја стара се омажив ко така. Ама годините се само бројка. @Chantal освен ако е финансиски оправдано и ти е потребно, или е само привремено додека се снајдеш за подобро. Стави си на лист за и против и направи математика што ќе добиеш, а што ќе изгубиш и ќе знаеш дали вреди. Што ми треба за да сменам гинеколог? Директно да се пријавам кај новиот, или треба да одам прво кај претходниот да се одјавам? Дали ако сменам сега, ќе ми следи бесплатен пап, оти ми рекоа 6 месеци по пораѓај пап да направам.
@Yowannty @gjoker4e не е за финансии ( добро повеќе подобро ама не е криза), за стаж ми е повеќе зошто не сум баш млада од мк 6 месеци стаж имам и две години тука. Дека ќе најдам нешто ќе најдам и тајлцајт без да ангажирам други луѓе. Изгледа ќе биде мм во право. Впрочем најдов еднаш до минута ми одговараше со додатно пензиско ама колешката не ми одговараше ( не сум размазена јас најдолго издржав од 4 колешки што се менуваа додека бев таму). Јованти само се пријавуваш кај новиот и све што би те следувало кај претходниот ќе те следува кај новиот.
Mc donalds, burger king i stareckite domovi skoro sekogas baraat luge i mozes da se dogovoris koja smena i kako.Za vo starecki negovatelka samo ne preporacuvam . Vo pekari isto moze nesto da pronajdes za pomalku saati da se dogovoris.Sekako ova momentalno pa parapelno baraj si nesto poadekvatno.Nie posle 100 promeni na rabotni modeli sega sme dvajcata vo tri smeni jas 25 h nedelno a toj 40.I sekogas nekoj e doma.
Летово имав мини џоб во мек и ме излудуваше тоа што не знаев кога ќе сум на смена следно. Само прва не се сложија инаку ќе останев и тајлцајт. За флеге не ни сакам да пробам а баш мислев како опција да пишам по старечки домови за кујна или за чистење само ми мати вода што се работи саботи. Сега сум без работа затоа што реков да пробам нешто подобро. Има во маркетиве да работам на каса тајлцајт различна смена од мм ама ете сакав да пробам да најдам само прва. Искрено баш би сортираат писма во дхл ноќе ама до 8 сабајле се работи автоматски кога е мм прва не би можела. Кај него во фирма супер работа има само втора смена. Некако све што ми е по примамливо е или ноќе или само втора. Имам и опција секоја година од септември бундесфрајвилигџоб за нешто многу блиску до мојата струка ама тоа е цело работно време скоро со никакви примања и би одела ама неможам 8 саати без да плаќам некој додатно а тоа ми е многу и многу несигурно.
Да не знаеш саатница колку е? Таман ќе ни одговора ама ќе треба секој ден по 3 парацетамоли за главава да пијам. Најмногу саатница ме интересира дека ноќе.
Имам пријатели што работат во мек таму само прва смена можат да добијат луѓе што подолго време работат таму. Јас во старечки имам мини џоб ама она што го работат никогаш не би можела да го работам затоа и не ти препорачувај види за во кујна или нешто слично , што не бара капење, преслакање на старите и слично. Ноќните смени се убиточни ... јас после 3 ноќ сум мртва некогаш. Ќе најдеш штом бараш само трпеливо.
Еве побарав оглас 13,61 пишува плус ноќен труд додатно за ноќните саати. Има една смена од 1 до 8 сабајле. Јас тоа го гледав. Има и некој вечерни со помалку саати. Разгледај кај вас во близина. Ова да заспиеш со деца од 9 до 12 одиш на работа се враќаш и продолжуваш да спиеш додека земеш деца од градинка. Sortierer für Briefe
Поголемово спие многу цврсто ама помалово се буди на еден саат па маж ми ненаспан ќе е. Многу малку како за ноќна смена. Јас мислев минимум 25 да не е па викам да се жртвува човек некој период.
@Chantal сега ми текна со ова погоре, а кујна или чистење во градинка или училиште? Или мора државјанство за тоа, ако се рачуна како државна фирма? Тие сигурно работат само прва смена и тоа кратка ваљда.
Ако не ноќе можеш да возиш точок и да разнесуваш писма.Мене ми изгледа интересна работа.Ем на фрише луфт ем спорт во исто време.Еве прва смена е само. Може и е мачно не знам. Исто што не бараат аусбилдунг се овие одржувачите на зеленило да кроеш и сечеш дрва исто тоа нема викенд и е прва смена. Рајнигунг на влезови .Исто можеш како спремач на појадок во хотел и раздигнување ама се работи за викенд.Исто рецепционерка во хотел. Јас не би сакала да работам втора смена.Денска птица сум и ми било напотно веќе навечер. Повеќето се приватни градинки.
Не треба државјанство за државна фирма, предходната работа ми беше во државна фирма ама ете сега не сум налетала на нешто што ми одговара со работно време. Инаку супер е многу поволности има, ако ти се погодат колешките .
Затоа ти кажав да почнеш со раб оти од дома седење човек од мисли ќе се разболи. Јас ќе бидам дефинитивно во др живот од тие што не сакаат деца.Овие моиве ме пукнаа .На работа ме зезат дека сум дошла 10 мин порано од работното време , а обично доаѓам 10 мин покасно.Велам па сама без деца, оставив на маж и трк на раб да се одморам малку. Се омажив на 28 год ама за деца почекавме до 31год за прво и 36год за друго. Пред некој ден стојам на каса на Лидл и си мислам колку ли време ќе имам кога ќе пораснат и нема да трчам во маркетот по нив.Нема да знам што да правам па си замислив како ќе одам од дуќан до дуќан за да им најдам интересен поклон.Имам уште време ќе си почекам некоја година за тој луксуз. Ќе месите ли колачиња за Коледе?