Какви колачиња? Ние правиме леб со паричка и/или баница и ореви, локум… И за Божиќ бајадера и шишарки. Како да најдам нутриционист тука? Проблемот веќе ми го знаете. Решение сеуште нема. Пробиваме да јаде само здраво, јадеше vollkorn леб и исплука се на крај рече нема шанси да проба веќе. Таков леб ми рече педијатарот. Проба грав го исплука. Грашок никако не сака да проба. Вчера и денес Heidelbeeren јадеше конечно. Пред некој ден три пати дента јадеше само јаболко на ситни коцки со јогурт и многу е ослабена сега. Линсен супе една лажица, а порано обожаваше линсен. Кашкавал и патлиџан не јаде. Манџа со нешто портокалово или зелено во неа не јаде, Макар и ситно да е од вегета на пример. Морков салата јаде тоа добро е. Банана не јаде. Мандарина понекогаш ако е ептен добро исчистена. Јаболко јаде посебно ако е зелено. Краставица јаде. И ставам грав вчера и рече ќе земе лист и пенкало и ќе си нацрта за јадење и си нацрта шпагети заборавив со што. Не знам како да се ослободиме од хроничниот запек. Седнувањето да јадеме ми е кошмар, цело време се убедуваме, па станува бара во фрижидер друго, и на крај вика јогурт и јаболко. Од мало беше претешко да и се погоди. Сега сум сигурна дека затоа плачеше толку дека гладна, а јас бе можам да и погодам. А помалово буквално се јаде. Ако намириса јадење одма трча накај хранилка. Меша пржено јајце во јогурт, грав во јогурт, се што му е во близина јаде не пребира. Не знам како да се справам. Маж ми вика дека веќе ќе се откажува и што биде нека биде. Како да натерам дете со сила да јаде? Или што да правам?
Во наш крај се прават колачиња и утре сабајле доаѓаат деца и им се дава колачиња(брашно, вода шеќер , квасец),парички,ореви итн, а Коледарите ни пеат коледарски песни.Ова во Мк.Ама јас им правам на децата т.е заедно месиме и пееме на баба и деде. За јадење не ми збори големата е нејадач ама како малата проблематично дете нема.Да пробаш да и дадеш железо капки за да и се подобри крвната слика, може оти е слабокрвна не јаде. На моите им правам овошен јогурт , ставам банана, јагоди, малини и боровинки,плус малку овес и неколку големи лажици грчки јогурт.Мешам со блендер и децата го обожаваат.Можеш да комбинираш со било кое овошје. Супа обавезно и прави за запек.Зеленчукова морков ,целер, компир,праз, стави кромид повеќе.Некогаш ставам брокула ако имам и ѓумбир.Мм па наместо брокула и ѓумбит додава малку црвена пиперка и една црвена јаболка.Ја прави густа и двете неговата ја обожаваат. За запекот овошје и зеленчук.Пробај ленено семе со јогурт да отстои некои 5-10мин. Права исто многу брзи и едноставни мафини -лепчиња, благи и солени. 2јајца , 1 чашка (300мл ) млеко,1 чашка брашно, претходно лупам една банана и ја гмечам и ставам 2-3г.лажици нутела.Тавата за мафини ја мачкам со зејтин. Солените наместо нутела и банана ставам сирење откутура и сецкан магдонос. Течна е смесата ама се многу вкусни и апни голтни се.Две тави обавезно правам за да ни стигне на сите. На ист начин правам и мали палачинки каде додавам наместо 1чаша бршно ( 1,5 чаша брашно треба) 1чаша овес пола чаша брашно.Ставам 1-2г.лажци шеќер, пола пециво и пржам во мала тава. Ама кога не јаде малото не јаде . Нека пише некоја др жена -мајка ,Königin рецепт за нешто брзу вкусно , здраво/помалку здраво. П.С Морков даваат за пролив и препорачуваат супа од моркови.Да не јаде многу моркови па да и прави запек.Вода чаеви да пие повеќе.
Рецепт за брзо, вкусно, здраво ваљда се едни овесни каши во Росман @Ava.84 .И Џоки може да проба. Јас сто купив, ја бендиса една со кокос, другите мама ги изеде. И таа со јаболка не е лоша, башка без глутен се. Имаше едно против запек, стално го заборавам како се вика, деновиве ако ми текне да прашам. Мада зависи и колку долго трае запек и дали е проблем нејадењето или запекот, извини @gjoker4e слабо сам информисана
Ако ставам јас една лажица шеќер и две нутела ќе завршиме во болница. Морков ретко јаде, само сакав да кажам дека го јаде. Ленено семе во јогурт не сака ни да погледне. Во супа не смее да има нешто зелено или портокалово како што пишав погоре. Не знам каде да барам решение. Не знам каде грешам. Со сила не може да јаде. Му викам на маж ми пред неа затоа може порано им викале ако не изедеш во врат ќе ти го истурам и тоа слушна и вика и што ако ми го истурив во врат, во вратот нема дупка па да влезе во стомак.
Да пробаш заедно да зготвите, да замесите нешто, може ќе упали Инаку за Vollkornbrot, јас на моево му правам домашен и го јаде многу и стварно е превкусен и јас му крадам Да пробаш некој рецепт така, па и она нешто да направи. Немам поим, лупам, моево јадач е, јаде и што треба и што не треба Секоја чест за нервите, јас мислам би се мрднала ако одбива да јаде
Не внесувате воопшто шеќер? Јас имав дете што све јадеше до 2 дури загрижена бев што ми е дебело детето за сега да му паѓа све од облека ( позагрижени бев на дебело, слабо си е на мама и тато). Е сега мојот јаде јадења со мелено месо како болоњезе, полнети пиперки, мусака поретко па користам во меленото месо додавам морков, пиперка, тиквичка, модар патлиџан т. Е све што имам дома и може да изблендирам. Не е многу ама подобро него ништо. Јаде спанаќ онака во тавче со ориз, супа само бистра некогаш и морковот го јаде ама почесто не. Макарони, тост, јајца само кајгана, пржено лепчиња, ( палената одамн и тоа ми избегнува), компири и претходно што набројав само тоа јаде. Некогаш сам бара оние пченкарни галети со путер од кикиритки ( ете ти здрав десерт). Гравче по најново пробува ама не јаде да се најаде. Има правило да јаде солено за да добие слатко па сам бара некогаш да јаде некогаш се ушлепува за палачинки да биде јадењето. Леб не му ни нудам со ручек ние не јадеме. @Ava.84 скоро на гости кај другарка од Словачка бев па им спремаше она вечера не сум пробала ама морам зошто му се допадна и лесно ми се виде. Имала пире компир останато го измеша со брашно како тесто кинеше парчиња ги сукаше и ги испече како палачинки на крај со маслиново ги премачка. На мојот многу му се допадна а она баш брзински го сперми ќе видам дали мене ќе ми оди така брзо, не дека е нешто здраво ама ете ново ми е. И јас на 28 се омажив на тазе 32 родив прво и второ одлучив да нема.
@Biljarkata ај те молам дај слика какви се тие од росман да ги пробам? Ми носеше некои којзнае од каде маж ми ама не бендисав ниедна па престана. Додуша не сум сигурни ни овес дали беше. @Ava.84 ти каков овес користиш? Ќе ти ги крадам рецептите, мојава само мафин јаде и тоа едни од Лидл мене ич не ми се вкусни. Више немам идеја што да и праам. Росман отвараат за недела-две ептен блиску до мене многу се радувам оти иначе ми е многу далеку.
По колку саати ви се децата во градинка? Јас работам полно раб време, се мислам да сменам на 30 часа, ама тогаш би го земала многу порано од градинка.
7 саати, без јадење и спиење И тоа ми преговорија кога им кажав до 2 дена ќе остане, ама не им беше сеедно кога им кажав дека и јад имам обврски Сега кога се на распуст разбирам колку ми помага градинката, ама ај уште некој ден ќе издржам
Vakvi nekakvi, ama probaj povekje, nekoi se bezveze so struktura (obichno orizovite) nekoi se ok, rabota na vkus e. Спојлер: foto ili Oves pa meshaj so chokolado i banana, takva mi ja jade a 1 minuta rabota e E, da, ovesot go melam so rachna melnica, da ne e ni mnogu krupen ama ni kako brashno somelen. Ama sve e toa rabota na vkus, valjda nekoja varijanta kje se pogodi
За готви со мене не треба ни да и речам. Готви од бебе. Ама како растеше се повеќе работи одјавување гледајќи што ставам во јадењето. Ама се сеќавам и јас кога одјадов гулаш кога видов мајка ми брашно дека стави во него. Па кога не гледа и ставам кашкавал и тиквица во омлет на пример. Некогаш приметува и вика има нешто плус во ова не го јадам. Шеќер како шеќер не ни имаме дома. Не дека без ич, понекогаш јаде благо. Болоњезе јаде ама не го рачунам за здраво тоа. Значи не е нејадач, и се јаде, цело време бара за јадење ама треба да и е погодено. И таман одлучив секој ручек ќе и е линсен супе на пример таа утредента престана линсен супе да јаде гадна и била на изглед. Треба здраво да се храни. Второво се јаде буквално, што му дадеш тоа. Со првово се ми е проблем од сам почеток. Педијатарот рече да јаде грав, грашок, леќа, Vollkorn. Да ве прашам поинаку. Ако го изеде следново подоле што ќе го напишам дали е ок? Појадок: јогурт со јаболко Ужина: јаболко Ручек: Linsen penne со болоњезе Ужина: краставица Вечера: јогурт со јаболко Ок е денот? Всушност тоа што го јаде не е нешто што создава хроничен запек. Не знам како да се ослободиме и да оди редовно.
Od 7 do 15:30.Уште нема 2год. Големата ми одеше од 8-16:30.Работам 30h.Раб ми е на 20мин , ама додека ја оставам и земам големата од школо малата останува подолго Додека се мали не планирам повеќе од 30ч да работам оти малите треба да скапат на школо и градинка. Жал ми е. @Yowannty од Едека купувам или од Лидл тој био другиот ми горчи затоа.Инаку не сум некој што верува во био производи.Мноу се убави мафините и солените и благите сама си ги смислив.Така да можеш по желба да ги правиш и што имаш низ дома. @gjoker4e нема шеќер кога ставам нутела. Во нашата супа нема остатоци се е мазно па не може да мека.Штом бебево мое ја јаде или пие на секој ќе му се допадне. @Chantal големата обожава пире до сега не е останло.Ама ќе пробам.
Мојава супа јаде само ако е црвена на изглед и хомогена смеса. Проблемот е тоа што не јаде тоа што се јаде кога се има хроничен запек. Понекогаш си мислам дека со царски родено и цревата не функционираат правилно. Надвор гледам деца многу нездрави работи јадат ама ок нз дали имаат некаков проблем. Да и давам био гаја? Чај не пие никаков. Само вода пие од работи што се пијат.
Едното дете е запишано од 7 до 17, другото од 7:30 до 14:00. Првото ќе оди најчесто од 7:30 до 15:00, второто од 7:30 до 14:00. Работев фолцајт и мини џоб, па 20 саати, па сега ќе се враќам на 30 најверојатно. Ти си знаеш најдобро. Не сме Мк, не мораш да работиш на цело. Скоро сите мајки тајлцајт работат. Ништо не разбрав. Како мислиш 7 саати без јадење и спиење?
Уште овојпат ќе пишам за јадењето, и веќе не. Малку ти јаде, затоа и има запек, успорен е метаболизмот. Нема врска што е родено со царски, еве и моиве се, па немаат проблем. Менито што го пиша погоре нема доволно калории за петгодишно дете кое е во раст и развој. Ама мое лично мислење е дека ти изводи малце и те манипулира со јадењето, оти гледа дека се нервираш. Можеби и грешам, но мене ми личи така. Мора малку построго со неа. Ќе си готвиш нормално, ако сака да јаде ќе јаде, ако не, не мора. Мислам дека после ќе пројаде кога ќе нема друго. Едно е да е нејадач на година, две, три, уште не разбираат толку, ама на пет години, мислам дека те манипулира. Моиве така пробуваа за некои јадења, ама не попуштив, и јадат сѐ. Ако нешто не сакаат да јадат од било каква причина, а има такви денови, не им спремам друго за јадење, свекрва ми така го научила мажот ми, па и тој знае да изводи некогаш. Мојот став е тој, појадок/ручек/вечера е тој, кој сака нека јаде, кој не, не мора. Јас така би направила, не мора да ме послушаш. Психологот што ви кажа?
@gjoker4e па не спијат во градинка, а не ги ни следува ни оброк може лошо се изразив, доручек ручек и ужина и праќам од дома
Мајки дали овде прават во цвеќара пример како кај нас да си однесеш работи кои си купил и тие да ти направат Утре брат ми има веридба па би сакала нешто поубаво да ми направат Јас земав линд сега за нивниот бадник имаше многу убави направени и не би сакала да се распакуваат само дополнително да се направат со цвеќиња и плус тие како кај нас во кутија но не знам дали овде би ми направиле такво нешто Тие што сте подолго тука може знаете
На психолог два пати бев по еден саат и не стигнавме до јадењето, следен пат за тоа, крај јануари. Ако не го сака тоа што е за јадење и правам ново. Ако не и направам сама зема од фрижидер. Ако е гладна е нервозна. Ако не и се свиѓал ручекот во градинка ја земам гладна и нервозна е до дома цело време бара да јаде нешто. И јас гледам дека не внесува доволно хранливо, цело време едно исто јаде, за се има замерка. Ама не можам да направам грашок манџа и ако не и се свиѓа ќе е гладна од 9 појадокот до вечерта 18-19. И тогаш бара јаболко на пример. Ако не и дадам знае сама да си земе. Не можам сите јадења дома да ги докријам. Гледам дека грешам. Ама не сум сигурна дали е ок за ручек да е грашок, а знам дека не го јаде? Педијатарот е убеден дека е до исхраната и дека ако не го решиме ова со години ќе продолжи истиов проблем. Веќе се скоро две години. Затоа мислев нутриционист да ми направи мени и 6 месеци по тоа строго да готвам само. Може и од Мк и да платам онлајн само каде да најдам. Прашав не добив одговор.
@gjoker4e а си пробала со “уцена”? Кај мојот пишав тоа пали сега мора да ја изедеш супата и ручекот и после ќе добиеш чоколадо, пез бомбони, ќе шетаме, ќе правиме палачинки итн. Важно да се работи што ги сака. Јас лично не го ни терам све да изеде од тањирот ако е некое јадење што не го сака се договараме за супата и пола од ручекот. Мене не ми смета и нездраво да јаде после ако добро ручал плус секако не давам неограничено од слатките работи. И јогурт и јаболко кај нас може како ужина да пројде не како оброк, да има и овесни во јогуртот може да е веќе оброк бар за мои стандарди. Евентуално ако баш добро ручал и ужинал па вечерата да му биде банана и чаша млеко (ова ми е исто како јогурт и јаболка).