Нормално дека е нервозна кога е гладна, очекувано е. Но ме чуди инаетот што го има, додуша, дали е инает, дали нешто друго, не сум компетентна да кажам. Затоа психологот треба да помогне Ако сакаш нутриционист, мој предлог е Антонио Велковски, или @ajde_da_jademe на инста, од сите што ги следам, најдобар впечаток ми оставил. Ама не знам колку нутриционистите работат со деца. Сепак мислам дека може да ти помогне консултација, пиши му, објасни ја ситуацијата, види што ќе ти каже.
Мојава е пребирлива, и само одредени јадења јаде. Ама некои типови храна мора да ги има, покрај макарони, значи мешунки (грав, леќа или грашок) житарици (овес, хељда) и месо. Плус млеко во некоја форма, плус овошје свежо и зеленчук свеж. Менито за денес- - ужина за на школо- тост - ручек во школо- ќе јаде што и да е - ќе ја земам сега, ќе јаде грав и салата - вечер палачинки со банана Во меѓувреме некое јаболко или сок свеж од портокал, јаболко, ананас Ако јаде црвена супа, прај и доматова (со ориз), го користам од Росман пирето киндер нешто био. Во тоа теоретски можеш да пикнеш и миксан компир и кромид , ако е само за бојата, пак ќе јаде компирова супа а ќе биде црвена. Ако ми текне друго ќе допишам.
@gjoker4e не ти треба нутиционист, бидејќи ќе си дадеш пари само ,а таа нема да јаде пак. Пробај најди на нет некои рацепти со булгур, амарет, просо итн и пробај да комбинираш.Да ми беше поблиску ќе ти дадев туршија морков и карфиол само со сол.Подобар пробиотик здравје. Земи пробиотик на др валц може и тоа ќе помогне околу запекот. Јас моментално за малата зедов ми го препорача др од мк заради повторувачкиот бронхит. Еве ваков
Женски дали во Реве или Едека може да се најдат готови кори за пита? Демек зедов као кори, ама испадна лиснато тесто дека е. Па ако сте земале ми треба чисто инфо само и како изгледаат. Честит Бадник нека е, за многу години
Па по правило педијатрите се тие што би требало да знаат за исхраната кај децата, ама кај нас баш и не се нешто многу запознаени со тоа. За во Германија не знам. Нема нутриционисти посебно за деца, ама сепак ако веќе се учат тие студии, и децата треба да се опфатени.
На педијатар ми дадоа лист на којшто пишува што да не јаде и тоа не јаде. И усно ми рекоа да јаде супа од леќа, грав и грашок ама не сака да јаде тоа. Стварно можеби грешам некаде. Купечко ништо не и давам, а можеби би требало? На пример купувам само јогурт нормален ама не и другите врсти на јогурт кои нз со што се. Да купам нешто за апетит? Убаво готвиме дома на пример кус кус салата со патлиџан краставица сирење.. и од сето тоа само краставицата ја јаде. Макарони Vollkorn со болоњезе ги јаде цели ама не може секој ден тоа да јаде. Досадна сум ама се си викам можеби ќе се најде некој што ќе ми помогне. Ќе пробам со уцена @Chantal , немам пробано, се чувствувам лошо така да и речам, што ако стварно не и се јаде… Едвај чекам да кажам дека конечно се средило. Читам и кај други траело година две и се средувало само од себе.
Ќе и даваш тоа што јадете вие, нема зошто посебно да купуваш или да спремаш. Мислам дека со тек на време ќе пројаде и нема да пребира толку.
Не нуди работи што секако не би ги дала само за да јаде. Јас нудам пример животинско царство чоколдце или некое така таа големина, да одиме некаде каде што секако сум планирала, ама ако не јаде не ми е проблем да одложам и така. Да не се зезнеш да ветуваш работи што ти е напорно да ги исполниш или не ги одобруваш.
Каде да најдам онлајн курс по германски? На Гугл има многу курсеви ама за признат да е, а за што признат не знам ама битно важечки да е ако имате вие завршено некој некаде само онлајн да е. Може и интензивен б2 или ц1 ќе видам кој
Јас се запишав на nana Deutsch Kurs, прво плаќав приватно по 250е за а1.1 и 250е за а1.2 т.е 500е за еден курс, а сега 100е за цел курс плус многу битно ми е дека не е фокусирано на граматика т.е има многу зборови.
Дали некоја користи Киндл овде? Знам дека овде пиратерија не е дозволена, ама има ли начин кога ќе бидам во мк или гр да може да симнам книги без притоа овде да треба казна да платам? Онлајн книгиве коштаат исто како да ја купам нова или дури и поскапи се од оние во Талиа, па купувам книги место да симнам.
Јас имам. Мене другарка од Мк ми ги праќа на мејл, маж ми ми ги конвертира на компјутер и ми ги префрла на Киндл. Јас уствари чекам на готово да читам Досега немам никаква казна платено, а стотици книги ми има пратено, мислам дека затоа што ми се на мејл и си ги даунлодирам како обични документи, не се рачуна како нешто нелегално. За книги купување, во печатена форма, многу често имаат акции во Kaufland или Müller, по 3.99 им се, често купувам од таму.
Лелеее фала ти најмногу на одговор. И маж ми вака ми објасни да направиме, ама искрено ич не се разбирам овде што е дозволено и што не, све ме плаши. Баш ме израдува, киндлот одамна не ми е во функција и таман е време да го вратам. Јас германски не знам, далеку сум од читање, од Талиа земам со англиски превод, кауфланд ми е многу далеку, а овде во мјулер немам приметено на англиски… ама ако има ќе одам почесто.
Значи може на било кој курс? Мене ми е после ако ми затреба за работа или Аусбилдунг и да не ми речат не ти важи овој курс… или тоа да мора да е гете важи за само ако некој од Мк доаѓа во Германија?
Нема врска каде ќе учиш, дали ќе учиш онлајн, сама или на друг начин, битно е на крај сертификатот да биде признаен. Види таму каде што сакаш, за каков сертификат полагаш на крај или ако не е признаен нивниот, пријави се сама само за полагање признаен сертификат. Јас полагав за еден сертификат директно без курс во Vhs, земав Telc сертификат, признаен е насекаде.
Дали знаеш отприлика да ми кажеш колку пари е само за полагање? Да знам дали да пробам да полагам или сепак прво да го завршам курсот па да полагам.
Добар ден. Од каде да се купи фустан овде во ДЕ? Заландо, Асос, Зара, Манго, Масимо Дути и уште куп бутици онлине вртам и ништо да ми се допадне Да излезам на шопинг со бебе уште помалку ќе најдам. Од каде купувате најчесто? П.с. Шајн и Трендиол ги инсталирав и кога видов реални слики одма ги одинсталирав