Јас кога полагав, 2019та некаде, беше околу 250 евра мислам, со тоа што имаше и 4 часа Vorbereitung за полагањето. Имаше опција да одбереш и без нив, само полагање, мислам дека беше околу 60 евра помалку.
Каков фустан? Свечени има во трговскиот кај нас преубави баш какви што има и во Мк. Можеби ќе најдеш и ти таква продавница во близина. А онлајн имам видено само да ми текне и ќе ти пишам.
За Telc испит (што е исто така официјален и секаде признат како тој на Гете институт) се плаќа околу 150-170 евра.
Знае некоја колку се доплаќа за промена на датум на лет? И ако за првиот датум сум ги платила поскапо, а за вториот цените се поефтини, дали ти го враќаат износот што е разлика? Ова за со wizz air
Фала мајки за одговорите. Мојот оди од 7ипол до 3, татко му го носи, јас го земам. И пак некако многу ми се чини дека седи Реално доста е напорно полно работно време плус дете плус домакинство... Секако дома ни се поделени обврските ама осеќам дека немам толку сила да му се посветам попладне. Ако би скратила на 6 часа, би го земала во 12ипол-1 и се би изгледало поинаку. Кога се работат 6 часа не се прави пауза така?
По закон, до 6 часа, ако не сакаш, не мораш да правиш пауза. Над 6 часа, па и една минута само, мораш да правиш пола час пауза, и над 9 часа, мораш да правиш 45 минути пауза. Затоа треба да се пази на времето на куцање и одкуцување, затоа што многу фирми автоматски системот им одзема пола час од работното време, ако задоцниш да се одкуцаш и една секунда само. Многу работни места манипулираат со тоа дека мораш пауза да правиш според нивната политика, иако тоа не е во договорот, особено коа работат со ауслендери, оти ние нели глупи сме. Затоа за секој случај, еве ти го членот од законот.
Фала ти. Нешто ми се моташе низ глава со задолжителни 10 мин во тие 6 часа, па ќе гледам да се договорам така со работодавецот во случај да се решам да скратам раб време.
Евива - Штип ако ти е за онлајн. Јас следев сега во декември почетен курс A1.1, 3500 ден., едно ниво месечно - интензивен курс, секој работен ден има часови. Имаат и за други нивоа.
Преостанат урлауб од елтернцајр е четири нели така? Од вкупно шест. Подобро е да го земам на купче односно два пати по две недели на пример или секој ден порано да си одам или наместо пет дена да работам четири на пример? Туку школото колку дена или недели е затворено годишно?
Јас од времето на елтернцајт немав одмор. Само оној одмор што ми беше останат пред да започне елтернцајтот.
Зависи од школото,покраината итн.Можеш да ги видиш распустите на официјалната страна на градот. Инаку имаш во тоа време хорт кај ги чуваат децата. Еве мојава за зимски распуст цела недела ќе иди на школо. За Божиќ си седеше дома оти беше затворено школото и немаше хорт. Мене градинката ми е повеќе организирана од школото знам за цела година што како, во школото ми кажуваат во окт во ноември има 4-5дена нема школо.Се пошекнав од нервоза .Една недела пред да биде затворено школото доаѓаат и викат ви треба хорт?А јас сум пишала одмор веќе оти морам порано да го дадам за потврда. И така ...
Видов на гугл скоро исто како градинката со тоа што во лето има плус три недели. Значи мора дадилка за во лето три недели. Освен ако нема и тука хорт, крај јануари сум на елтернабенд ќе кажат што како. За се многу се стресирам претерано и една од тие работи беше што јануари почнувам на работа а 24,25 и 26ти јануари имам буквално по два термини секој ден и викам што како ова она и кога гледам шефот сам ми пишал одмор таа недела. А јас планирав се да одложам ама да му барам слободни денови нема шанси дека само што почнав. И зборот ми е дека се се средува џабе косата ми обеле од грижи за се на млади години ама и знам дека пак исто ќе продолжам.
Јас со каснење ама фустан уште немам. Да, ми треба некој елегантен сакам, не сакам да е баш свадбарски, балски, за крштевка и роденден на малово, нешто поедноставно а елегантно. Уствари и јас не знам што сакам точно за пригодава, битно гледам и јас во трговскиот до мене сето светкаво уште, со шљокици од Нова година им се останати и знам дека тоа не сакам. Сори на каснењево и добро би ми дошла нечија идеа кај да се купи елегантен фустан во Германијава по можност онлајн. Фала ти. П.с. Да не сме комшивки ?
Не ми се испратило претходниот пат. Изгледа и јас на асос мислам. Ако сме кафе да пиеме. Во градов има две продавници кај што има фустан каков што бараш. Иако не знаеш каков нели. Ама уште на излог се гледа дека има облека на каква што сме навикнати. Најчесто се е обавезно стомакот да се гледа минимум една третина како демек сите женски со стомачни се па нема потреба од облека што прикрива стомак.
Кога ќе најдеш кажи ми и мене Најчесто гледам насекаде Асос, Зара, Трендиол, па на среќа најдам нешто. Не ти помогнав ништо знам
Да де, плочките на стомак да не ми се џабе да се гледаат обавезно Туку шала на страна со очекувањата мои тешко да најдам. Си мислам да не е некој краток и да не е со прерамки/ голи рамена пошто зима, а и в црква нели ќе одиме па да биде пристојно Друго, боја да не е некоја темна, ниту јака, значи беж и други бледи нијанси. Појма немам а време кнап. И бундичка некоја мечеста сакам ама не најдов до сега некоја што ми се допаѓа ццц многу се покварив, порано се си најдував. Заландо има избор ама до сега мене не ми западна ништо во око.
Мајка и кај моево не спијат. Мешана група е тој е 2ипол има уште две толкави и се најмали. Ама детето не издржува цел ден мора да преспие и го легнуваат. Мислам само 2-3 деца спијат од цела група, и жими спиењето што е тоа, пола саат ама ајде. Колкаво е твоето? Во однос на храна јас праќам појадок, а ручек таму добиваат. Ама знаејќи го колку би јадел, обавезно дома доручкува па оди на градинка. Така барем знам нешто каснал. Како така ќе приговараат до 2 што ќе седело?! Цц не разбирам стварно, па сигурно ако имаш избор не би го оставила на нив да го чуваат..
Мојата е во Donnergruppe, сега ќе полни здравје 4 години, да да ми преговорија еднашка, и реков фино лепо на тетката дека имам и јас обрвски, и мора да е до 2 па ништо не ми кажуват веќе
Ризрвд си ѕирнала? Зависи додуше многу од стил и вкус, јас овде често наоѓам, па еве линкче ако не си ги разгледала. https://www.reserved.com/de/de/damen/kleidung/kleider