Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    20.075
    Пол:
    Женски
    Уште не знае што сака. Затоа е пуна мисли. :D
     
    На joana18, Chantal, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Honey Eyes

    Honey Eyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2022
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Баш затоа и собирам информации а видов дека за градинки се правеше муабет во темата. Тука во Македонија од септември треба да почне со прво одделение, ако дојдеме пример летово во Германија кои се опциите, од која возраст се почнува во школо, за во градинка исто се чека долго колку што читам по групите. Ако не може да тргне никаде тоа значи дека ни јас не можам да почнам со работа.
     
  3. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Пробајте откако ќе се пријавите во општината, да го исконтактирате југендамт. Има училишта што нудат грундшулефордер програма, у превод програма за деца кои не го достигнале нивото за училиште и им треба малку помош, предшколо практично, па од следната година се стартува во прво.
    Имало и случаи на сред година да стартуваат деца во програмата кои не го говорат воопшто јазикот. А имаше сега со децата од Украина дирекно во средина на училишна година ги ставија во редовна настава. Е тоа што на децата им е претешко и имаат проблеми е друга приказна. Важно решение се наоѓа. Отворени се службите гратски за комуникација и советување.
    П.с. мислев на украинските деца им беше претешко да следат настава, овие маливе полесно се вклопуваат во предшколска, пошто на адаптација таму повеќе се обрнува внимание.
     
    Последна измена: 12 јануари 2023
    На Chantal, Honey Eyes и gjoker4e им се допаѓа ова.
  4. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.807
    Допаѓања:
    33.752
    Пол:
    Женски
    Изгледа е различно од покраина до покраина.Во Германија општо од авг 2023 ќе тргнат деца родени од 02.07.2016-01.07.17.
    Во Берлин е од 01.10.16-30.09.17.

    Така да тереба да се прогугла. Ако имате кој да ви помогне сигурно ќе знае кај да ве упати .Или пак гуглајте и барајте што како.Не е многу едноставно.Моите овде се родени и сите инфо ги добивме од градинка.
     
    На Chantal и Honey Eyes им се допаѓа ова.
  5. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.808
    Од која возраст почнаа да ги викаат децата на родендени од деца од градинка..
     
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.038
    Допаѓања:
    36.350
    Пол:
    Женски
    Ме просветли. :D Тоа и шефот ме прашувал дали можам, а јас балкански наштелуван напатен ум го слушам дека поради тоа што имам две деца. А прашањето било јас дали можам. (facepalm) Јас па мислев дека се подразбира дека можам, зошто не би можела и го сфатив дека не сака.
    @Ava.84 Аусбилдунг сеуште не е на распоред. Ама курсот онлајн од крај јануари.
    Јас сакав курс како би можела многу културно да зборувам. На пример кога отидеш во некоја клиника и на шалтер зборуваат ептен културно. Таков курс барам.

    Откако почнав на работа ми го снема стравот и паничните напади. Три дена и апче заборавив дека ок ми беше и скроз изумив на апчето. Па наредни денови пиев преку еден ден ама ќе мора пак секој ден да не заборавам дека крвна слика ќе правам за две недели.

    Ќе ме префрлат на 30 саати или фолцајт. Само дете да се адаптира во градинка. Денес прв пат саат и пол беше. Многу спора адаптација. Ама после распустот многу подобар е скоро ич не плаче па ќе се убрза најверојатно.

    Денес гледам вошки во градинка објавиле. Сеуште немам искуство со вошки ама веќе почна се да ме чеша.

    Уште ова. Болна имам одено и во школо и на работа. Никогаш немам отсуствувано од никаде. Прв пат овде слушнав дека болен дома се седи па и децата 48 часа без симптоми. И сеуште ми нема легнато тоа дека и изморен можеш кранк да се пишеш. И ако треба кранк да пишам јас дупло болна сум. До сега само еден ден имам земено за болно дете, односно пола, и еден за мене.
     
    На Lianna Anna, mal.ecka и Ava.84 им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    181.127
    Џоки, реално 30 саати мене ми се оптимални, се повеќе е малтретирање.
    А од мк мозокот и мене некогаш сеуште ме стега глава, на секое нормално прашање, некои трипови си вртам ( поретко е додуша, отколку на почетокот, ама нема спас, фабрички сетинг е јбг(facepalm)).
    За да зборуваш многу културно, треба многу културни книги да читаш:makeup:. Мислам единствено така се гради вокабулар:?:.
     
    На mira.mira, Lianna Anna, gjoker4e и 4 други им се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Колешка од последната работа, се пиша две недели болна, ради психичко преоптеретување на работа :D:D:D. Па види сега. До три -четири дена кај мене матичен дава, дури ни преглед не треба, само преку телефон. Мислам не злоупотребувам, еднаш во две години бев болна, може и затоа. Вајда ако е секој месец нема да може.
    Колешки на последнта работа,( пошто таму два дена ако си болен, не мораше ни кранкмелдунг да носиш) секој месец/ втор месец беа болни и тоа секој пат четврток/петок или понеделник/вторник.
    Знаете инаку дека и 6 недели да сте болни, значи лично болни, 100посто од плата земате. Не се крати. После 6 недели одиш под касето и се крати некој процент. Да не зборам по колку болни беа постарите колешки со хронични болести. Мислам и нив не им било лесно сигурно.
    Кај нас ќе дојде може тоа, после 10 години, прво да ни се смени начин на мислење, дека не се умира за работата и дека тука најлесно е работа да најдеш ко шо кажа некој во предходните постови.
    Јас многу културно зборувам, дури мислам некој пат и претерувам :D:D:D.
    Б2 ниво, ко ќе ги научиш коњуктивите и после гајле немаш.
     
    На mira.mira, Gosh, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.807
    Допаѓања:
    33.752
    Пол:
    Женски
    Како е тоа културно?
    Ако мислиш правилно без акцент итн ова требало преку Muttermilch да ти дојде или тука да си растела:P.

    Кај големата во школо колку често има леле мајко:puke:.Во градинка ретко беше или само еднаш имаше во нејната група.

    Јас се согласувам со колешка ми Биљи 30 е перфект за жена со 2 деца.

    Ранк гледам болна да одам на раб оти често отсуствувам ради децата.Ова моите нон стоп болни:envy:.Јас во трудноча бев над 6 недели катастрофа и мислам затоа си добив отказ.
    Искрено гледат колку дена си бил болен не е да не.Еве ја гледам шефицата брои , ама секогаш е фина со секој за да му каже гуте бесерунг ...
    Болест не може да се наведе за основ за кундигунг.

    Ај да поработам малу и после викенддд(poolparty).
     
    На Lianna Anna, Dancewere, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.
  10. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Да имало кој да те подучи дека трудна не смеат да те отпуштат. Освен ако ти истекува договорот. Инаку смееш и нон стоп да си дома со бешефтгунгсфербот ако не си у состојба да работиш, да ти плаќат 100%. Тек таму после елтернцеит ако ти се одмаздубваат.

    Инаку луѓе не знам како е кај вас, кај мене, и во последнава и во новава работа толку сме унтербезец шо велат дојчовци, нема работници.
    Со новава работа сакав пак 50% три дена. И ок се согласија. И сега шефка ме моли да одам некоја недела со 100% па пак да смалам. Мислам не знам еве им се исплаќа, два пати у месецот само договори да мениме.
     
    На Gosh, joana18 и Ava.84 им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    181.127
    Продолжение, од мозокот ме стега главата. На 30 саати сум пишана и мада реално некогаш повеќе од тоа работам, нема шанси да се пишам на 40, пошто после тешко назад. За себе зборам, јер таква е работата. А луксузот да гасам компјутер порано, особено на лето, ми е бесценет, тогаш ми доаѓа како стварно 2 дена да имам во еден, еден за работење, еден за живеење(poolparty). Уф, едвај чекам да дојде лето(waiting) :D.
     
    На MarijaMi90, јolene, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.807
    Допаѓања:
    33.752
    Пол:
    Женски
    Се од ова знам оти две слични искуства имав.И никако не добив јас.Не ме отпуштија во тек на трудноча туку по елтернцајтот кога "сакав" да се вратам.Додуша не сакав и многу сум среќна што не сум таму.
    Тој сакал да ми го даде отказот додека сум на елтернцајт ама не ми дозволиле од Arbeitsamt.
    За бешефтигугсвербот не збори.Се нервирам штом ми текне. Првите 4 месеци се утепав повракајќи и ништо само ме пишуваа болна.После не можев од глупите маски да стигнам до раб се гушев.Не маските не сметале исто се дишело(facepalm).
    Така одев 3месеца со сила и после поради слабо железо останав будна 7 дена и се пишав кранк до пораѓај.
    Едноставно не сакав таму да се вратам и не му ја мислев.Супер што ме отпушти си најдов поблиска работа.

    Зависи од браншата здравството е ептен зафатено со персоналмангел .Кај нас не се чувствува на раб .Тешко се доаѓа до персонал .Има 3 мил невработени ама не сакаат да работат.Тоа го дозволува државата.
     
    На gjoker4e, јolene и joana18 им се допаѓа ова.
  13. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Знам што мислиш. Пола година последна бев со чет. и пет. слободни. И пак имав прекувремени оти 50% бев, а работа куп имаше. Сега почнувам со еден проект кој многу ми значи и е трики, ако не сум 100% за пар недели, како што вика шефка, црно на бело на мејл пиша, додека да се даде согласност за вториот да почне, тој е најден веќе, нема да може да се почне со проектот. Така да и јас губам. И велам ќе стегнам заби, и онака само ради лагодност ми е. Оти реално поголеми обврски низ дома и немам. Кај вас друго е.

    Туку остај. Си загорев вчера едно тенџере rösle шо мислв не загорува. Ќе си пукнам од мака. Ам дур се свестив дека манџата на максимум врие, то не крчкање вулкан у ерупција беше :D:D:D. И сега ако не се зачисти, ново ќе треба да си купам. И толку од мој домаќинлук. Гледаш поарно да работам бар да печалам повеќе :D:D:D

    Ава бар услуга ти направил. Колку толку и арбеитслозенгрлд нели следува по отказ.
    Искрено овие со харц4 шо се, шо не работат ништо и само се пијанчат и влечкат, не да ме нервира, нема до дека. Епа затоа ние ќе плаќаме данок за сите. Мислам морат сега бар во кризава да сменат нешто, бар селективно да дават, ја веќе стварно не знам од каде толку за социјална помош.
    Т.е знам . Од мене и тие како мене . Кога имам цушус некој ми се плаче колку ми го оданочуваат со класа 5.
     
    Последна измена: 13 јануари 2023
    На Ava.84, Lianna Anna, Dancewere и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Honey Eyes

    Honey Eyes Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2022
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Јас се извинувам можеби ви делувам и смешно со прашањата, но речиси и да немам од кого да се информирам таму, само вака гуглам, по групи и на форуми.
    Ние ќе бидеме во NRW, сопругот веќе отиде со сина карта, сега и ние треба да аплицираме за спојување на семејство. Јас почнав овде со курс А1.1, сега ќе продолжам А1.2, но тоа е ептен почетно ниво, и малку се плашам како ќе биде таму без познавање на јазик.
    Јас сум дипломиран инженер, секако не очекувам веднаш да се вработам по струка без познавање на јазик освен ако имам среќа да најдам со англиски, но и други огласи баш и не наоѓам освен за нега на стари лица и во фабрики со три сменско работење. Или јас не знам кај да барам, не дека веднаш ќе аплицирам за работа додека трае процедурата за виза ќе поминат неколку месеци. Или си викам таму на лице место ќе биде подруго, па сигурно ќе се најде нешто.
     
    На Didajo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    807
    Имало предлог закон класа 5 да се укине. Но и да 4/4 секако многу сопираат за данок. Јас бев 1 класа потоа се венчавме и бевме 4/4. Оданочуввањето беше потполно исто како и кога бевме класа 1. Мислев дека е грешка па прашав во ФинантЗамт, тој рече исто е .
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  16. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Пишував баш и низ другите теми. Побарај ми мислења.
    Јазик до ц ниво, интензивни курсеви додека научиш. Колку поскоро толку подобро. Се пријавуваш у агенција за вработување. То одма можеш, таман ќе ти платат и курсови нешто. Правиш нострификација. Ако треба дообука нешто ќе ти дадат и та да. Лека полека за пар години ќе биде.
    НРВ е супер. И ние на почетокот таму бевме. Луѓето се отворени и фини. Се ќе биде ок. Ако немаш трпение, ќе одимаш. Германска бирократија ќе те научи на тоа. Со тек на време си зен и така.
    Ќе ти кажат и од агенција кај да бараш работа. За инжинери може да ти клапне и со англиски ама они си претпочитаат да знаеш бар да зборуваш добро германски. Едноставно такви се.
    StepStone и Indeed да видиш за работа?

    Јоана ја правев јас математиката со даночните класи. Вака и доплативме ама пошто у моментов сакам помалку да работам, пак повеќе се исплаќа. Да сум постојано на 100% би смениле.
     
    Последна измена: 13 јануари 2023
    На Honey Eyes, joana18 и Chantal им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    hola
    знам дека мислењево е скроз офтопик, ама вие сте активни
    кај учевте германски? освен ако не сте иделе таму на курс
    знаете некои германски форуми, или весници, за мода еве нека е било шо. Или курсеви ама да може да се тестирам па да учам бидејќи не ми треба од почеток.
    јас гуглам ама сѐ некои глупости ми искачаат
     
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.038
    Допаѓања:
    36.350
    Пол:
    Женски
    На инстаграм deutsch_eins пиши и deutsch и заследи ги сите профили што ќе ти излезат.
    На курс сеуште немам одено.
    Телевизија само на германски, телефонот на германски ми е, музика на германски (со музика како најмногу ми влегува во мозокот) и книги на германски.
    Само фемина на македонски. :D
    Кај deutsch_eins на инстаграм имаш и Einstufungs Test и можеш да се тестираш А1 А2 Б1 и Б2.
    И од Македонија имаше една жена на инстаграм ама не ми текнува сега нешто учиме германски со Мартина така мислам.
    Ако гледаш филмови од нив најмногу ќе научиш.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    т
    ти текнуваат некои филмови?
    јас еден знам ахахах, и Дарк еднаш почнав да ја гледам ама прејезива ми беше, а и многу брзо збореа дечиштата.
    Пишав во темата за германски, Мајн Кампф ја имам почнато, ама нешо ми здосади и ја баталив, не знам дали пак да ја фатам
    на Дуолинго не би бидејќи те враќа од А1, а не ми треба да учам јаболки, портокали хахахахж
    и мене телефонот ми е на германски, песни слушам некои ама не ми е тоа тоа
    сеа факт е дека ќе го забораам еден ден, бидејќи не го практицирам..
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    16.858
    Пол:
    Женски
    https://www.charivari.de/radio/webradio/player
    Јас слушав многу радио, погоре ставив линк од радиото што го слушав, имаат јавувања во живо, зборуваат доста па нешто останува во глава.
    Можеш и телевизија да гледаш, вести на германски. Има една програма Arte се вика прекрасни репортажи и документарци имаат со интересни содржини. Еднаш даваа репортажа и за Македонија.
    Од филмови, германски многу убав ако не се лажам добитник и на оскар (сигурна сум дека е номиниран а мислам и дека доби за интернационален филм) Das leben der anderen можеш да гледаш со германски тител, ем да слушаш ем да читаш.
    Namika има многу чист и добар изговор на зборовите па неа секогаш ја разбирам што пее, а и симпатични песни има.
     
    На Feminka22 и gjoker4e им се допаѓа ова.