Не ми вади муабети ма, све си разбирам јас, и данке и мерси, уште норвешки ми остана да научам Ама мрзаа...
Мајки да ми сподели некоја искуство за подигање кредит тука во Германија, како е со каматите, која банка е најдобра, доколку имате подигано.Фала
Јас мислам дека најдобра е таа банка во која што имаш конто. Или да провериш на Check24 каде има најниска камата. Или Smava ја има на реклами. Не ти помогнав можеби ама јас ако земам би зела од мојата банка Шпаркасе. Не сум ни помислила за од друго место, се мислев дека од таа банка треба кај што се има конто, ме подзамисли сега ти.
И ние сме на Шпаркасе таму и закажавме термин за да ги видиме поволностите и што како е со каматите, но сакав да знам ако некој веќе има подигнато како е која банка е најповолна и како е со каматите.А искрено и не знам дали може да се зема од банка кај што немаш конто.Сепак фала ти
Дали кога ќе се запише детето во градинка после некој период може да се отпише, потпишуваш ли договор со градинката или како оди ?
Да. Има договор со одреден отказен рок кој мора да се испочитува. Ние плативме и кауција од 1000 еур и имаме отказен рок од 3 месеци за време на кои детето мора да оди на градинка. Тие можат да не ја вратат кауцијата во случај ако не де одвива според напишаното во договорот.
Кај нас мора затоа што градинката ја плаќа градот а ние само храната. Така да, во договорот пишува дека за време на тие три месеци мора детето да биде присутно, секако има начини да се заобиколи тоа преку "боледување", "одмор" и сл.