На Гугл пиши Еуролинк осигурување и одма излегува опција Купи онлајн. Додека да прикачам линк ќе го најдеш, ко стара баба сум за линк прикачување.
Ибеј трет дел. Таман се активирав на инеј од 1.1.23 за секоја продажба ќе се плаќало данок. Уште од каде ќе проба да ни земе Дојчланд.
Wer demnach künftig mehr als 30 Artikel im Jahr verkauft oder mehr als 2.000 Euro einnimmt, dessen Daten muss der Plattform-Betreiber den Finanzbehörden übermitteln. Вака видов дека е, или?
Јас мислев секој артикл. Сега отворив на едно место пишува 600 евра годишно, на едно 2000. Којзнае како е. Јас не знаев дека и провизија зема ибеј. Колку купуваат на старо чудо е. А има ли некоја опција се што имам да се продаде наеднаш?
Ах, мислам дека нема таква опција. Или може да има, ако некој е заинтересиран да купи се што имаш. Ако некој се интересира за нешто, кажи му дека имаш и дополнителни огласи дали можеби има интерес и за остатокот.
Здраво женски Сакам да прашам за вашите искуства, доколку ги има. Почнав со курс Германски јазик во школо овде во Германија. Имам основа, овде живеам 3 години, почнав од а1, поради недоразбирање со професорката иако беше договорено да почнам од повисоко ниво, долго време чекав за да почнам, од мај, и затоа несакав да се откажам. Сакам да прашам како сте задоволни од курсот во училиштата, дали се совладува добро јазикот? Дали со завршено Б2 бевте сосема сигурни во себе да го зборувате и дали комуникацијата ви беше на добро ниво? Разговарам јас онака просечно, гледам дека ми фалат зборови и граматика, за тоа чувствувам недостаток. Мислам дека тоа се должи на тоа што јас дојдов овде малку работев, останав бремена и некако комуникацијата на германски се сведе скоро на нула. Имам учено во средно, имам и некои курсеви посетувано во Македонија не сум без основа ама некако немам самодоверба. Затоа сакам да слушнам искуства, па и некои совети, онака општо, и што би ми кажале за полесно совладување на јазикот, инаку ми треба Ц1 квалификуван, медицински кадар сум и ми треба за работа на струка, ама затоа после, сега учам до Б2 .
Само што спуштив и наместо нему да му кажам јас тука што дупло повеќе ме нервира. Зошто сум таква да не му кажам одма. Се јавувам во општина да прашам за Aufenthalt кога треба да го продолжам и што ми треба. И ми вика, некој спор и неработлив маж со нешишана коса и темна облека, околу еден месец пред истекот по пошта ќе ми стигне. И му викам сакам да прашам да не ми треба некој курс за јазик или нешто и вика се ќе пишува во писмото. И требаше да му речам што ако пишува Ц1 за една недела ќе го завршам? Или интеграционен курс или нешто слично… Маж ми е со БГ пасош, пет години истекуваат. Што ми е потребно за продолжување? И постојат два вида на продолжување или како? Во каков ќе ми го продолжат?
Ако имаш положено Б1 и политика ќе добиеш неограничен престој . Може сега има нешто разлика ама плус минус ова се документите што ги носеше сопругот -Пасош - Слика - Потполнет формулар - Договор од стан - Потврда од рентеверзигерунг - Потврда од Аок - Потврда од работа - последните 3 платни листи мои и негови - сертификати од јазик
Пишај како ќе поминеш @gjoker4e и за колку време ќе ти стигне Aufenthalt, наш роднина веќе 2 месеца има поднесено,уште не му е готов. Јас пишав меил во VHS дали можам кога сакам да пријавам полагање или морам со нивната група да одам на испит т.е да ги чекам да завршат со курсот па тогаш, и вријам уште ми немаат вратено
Мм е со европски мене на продолжување ми побараа само договор за стан, договор за работа од мм и мој ако имам тогаш немав. Никаков сертификат за јазик не пратив, све по пошта праќав. Можно е да требаше нешто од аок ама сум заборавила. Некако чисто процедурално беше кај мене, во време на корона исто така на телефон па писмо ми пратија што ќе треба па закажав термин на телефон за отпечатоци и добив daueraufenthalt. Ова пред две години точно.
На мене ми доаѓа да се пишам бегалка или од Украина или од Косово, буквално секаде каде што аплицирав за мини џоб никаде не ме викаат
Јас добив перманентен престој после првата виза која ми беше ограничена на 5 години. Сертификат за јазик не ми бараа. Потребен е само ако сопругот не ти е со европски пасош. Сертификат и политика бараат и за германско државјанство. Ако во меѓувреме се сменило нешто, немам инфо, пошо ова беше пред 100 години за мојата втора виза.
И моја пријателка продолжуваше пред околу 7-8 месеци исто беше чисто формално. Кажа дека во формуларот пишува многу документи но само договор од работа од маж и и дог од стан и побараа.
Да и јас исто. Пишав на каритас уште чекав одговор. Пред да дојдат украинците веднаш добив одговор. За неколку месеци и јас ќе барам работа кој знае како ќе биде. А работат ли воопшто Украинците? Кај нас само шетаат по градот во големи групи.
Како бе на никој не ви побараа 5 години рента верзихерунг заедно со маж ви.А мене ми побараа и оти немав лист во моментов ми бабпнаа пак 5 години?Овие овде се со интелегенција 30 ли ги бираат.Еден на големата и малата им даде колку пасошот наместо на 5 год.Ау колку ме нервира ова , а овие за државјанство 2 години не ми праќаат никакви листови за државјанство. Ме прашаа во петок кај се гледам за 10 год дали во Де реков ако бегам од Де ќе биде ради бирократијата . Џоки никој не ми барал никогаш за јазик.Уште кога уста отвориш знаат дали знаеш.А јас со тие од аусленде бехурде се карам.Ауу пукнав од нервоза само што ми текна дека во март имам термин.
Ќе пробам да положам Ц1 за секој случај да имам. И политика ама каков ли е тој курс. Дури цели две недели урлауб имам. Денес бев на работа да прашам за на 30 да ме префрлат и дали мора и наредната недела на урлауб да седам дека многу се две едно по друго. Таман се вратив во живот, одмор. И шефот рече јас би да ми ги поклониш мене ама не смее, мораш да ги искористиш. И така, не знам што ќе правам. Денес како будала се чувствував низ град, мислев дека сите во мене гледаат од што не знам што да правам и како. @Neda997 уште 8 месеци додека да треба нов ама сакав на време да се информирам. @Ava.84 мислам дека чека сеуште па нормално е да се чека. А како е со патувањето пред да ми истече визата? Колку време пред смее да се патува? После што ако чекам и јас со месеци, може да се патува во меѓувреме? Туку нз дали ви кажам кога рекоа дека не смееме да патуваме со бебе дека немаше Aufenthalt и бевме Мк и немаше никаков проблем ни за натаму ни за назад. Ако стигне казна допрва ама не ми се верува. Не знам зошто рекоа не смее, на сто места прашав, и балкански ум пак по наше отидовме Мк спремни и да не вратат од граница. @Ava.84 и кај нас ратхаус работат нискоинтелигенти, а очекувам поплатена да е работата не знам. Кога и да одам си викам јас на шалтер да се вработам дека и онака таква работа сакам со луѓе ем најпаметна ќе бидам вработена.
Malite tvoi dobile kako sto im vazi pasosot a moevo dobi na 1 godina, znaci dva pati ke mwnuvame dodeka da smenime pasos. Toa bese vo stariot grad. Sega se malku pookej .