Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.808
    Iskustvo nekoj so online bank N 26
     
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.040
    Допаѓања:
    36.353
    Пол:
    Женски
    Немам искуство ама во една ФБ група читав многу позитивни коментари. Сепак страв ми е мене некако да отворам таму конто не знам иако се најдобро пишуваше.
     
    На SanelaS му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.807
    Допаѓања:
    33.753
    Пол:
    Женски
    Во петок и мојата има само 4 часа и е до 11ч.Ама и претхотно пишав имаат хорт,ги чуваат децата до колку треба.
    Кај нас школото е од 6-18 со бетројунг.Тоа треба уште сега да го средиш.Нели ви дадоа листови од школото?Исто и за храна да си прашаш .Јас на родителското слушнав пд една мајка дека трбало есенвертаг да имаш па поднесов.Па детето одеше една недела и ми воспитувачката ми вика нема вертраг па среќа чував копии и мејлови и се дадов.Инаку без јадење ќе останеше не ради моја грешка.
    Во петок им е последен школски ден за прво полугодие и завршуваат во 10ч.Да дојете да си ги земете.Аха утре си пишав нотбетројунг.
    Знаеш што ми направија во ноемви 5-6 дена нема школо или завршува во 10ч.Јас и мм се поделивме со одмори плус графинката се погоди 2 дена да е затворена ау полудев цел месец.За една недела пред термините да прашат дали имаме потреба од бетројунг.Не се ич организирани во градинката знам кга е затворена .Овде не.Дојде дек и добивам лист во хасовгабе хeфт затворено е школото поради Weihnachten нема бетројунг ви кажавме на почетокот на школската година.
    Ништо не ни беа кажале среќа мм имаше одмор.
    Така тренинг за живци:!::D.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.040
    Допаѓања:
    36.353
    Пол:
    Женски
    Кога е затворено видов на интернет и тогаш напишав одмор.
    Ако сакам од 7:15 треба да се јавам на еден број. За јадење ја запишав. И до 16:00 ја запишав. Од 7:15 до 16:00 е. Петок само до 12. Нема хорт. Не знам дали да ја запишам од 7:15 или од 8:00. Ако ја запишам од 7:15 морало да ја носам секој ден тогаш инаку ќе се јават да прашаат каде е. Или има едно како пункте карте и за 50 евра можеш 25 пати да ја однесеш од 7:15 па купуваш нова кога ќе се потроши.

    Туку сега ме изнервира од градинка како никогаш до сега. А јас тука ги фалам најдобри најпрекрасни. Нели имам две недели урлауб. Прво ми рекоа ќе го одложиме спиењето дека една вработена не е тука. Ок. И договорени за утре да пробаат со спиење. И денес ми го предава другата, не таа што е одговорна за него, а ја видов внатре, била малку болна и не знаела дали ќе може со спиење да е утре и дали било ок за мене, и викам не е ок ама што да кажам ако мора, и ми вика секако имате рест урлауб! И тогаш сите жички ми се споија, викам што ако имам, што ако се разболи дете и пак треба од почеток се, и вика ок тогаш утре пак ќе ви каже дали ќе спие дали не. Не знам дали добриот дел од мене да ја сфати дека веќе и е незгодно да одложува или лошиот дека треба малку повеќе да се потрудат. Секако дека лошиот. @Ava.84 Во право си гледаат не работиш или одмор имаш и одма да ти го бапнат детето. Намерно ќе им речам дека немам одмор веќе дека ме викнале итно да се вратам на работа. Уф.
     
    На WonderGuurl и Ava.84 им се допаѓа ова.
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.807
    Допаѓања:
    33.753
    Пол:
    Женски
    Ма не им ни кажувај.Одам на раб и готово нивен проблем со персонал и со се.
    Од колку е школото кај твојата?Мојата почнуваат од 7:45ч.Запиши ја кога ти одговара јас не ја носам на бетројунг одсабајле директно на школо.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.011
    Допаѓања:
    32.452
    Пол:
    Женски
    ТВ ич не мора да е пуштен по дома. Едноставно нека биде изгаснат. И ќе се договарате колку време секој има право да гледа и што. Ќе си направите распоред и правила на однесување. Тоа може да помогне.

    Иако ако проблемот ви почнал во Германија и ако детето сака да се врати во Македонија и одбива да пишува и слично има некој проблем со прилагодување. На некои деца едноставно им треба повеќе време за прилагодување. Особено ако и јазикот е проблем.
    Друга работа е што можеби со начинот на однесување бара внимание и сфаќа дека кога прави „глупости“ добива внимание. Ова може да има и корени од порано (пример сестра му добивала повеќе внимание бидејќи имаше здравствени проблеми), а може преселбата да го има поттикнато на тоа. Како и да е ќе треба да го решите коренот на проблемот.

    Ќе мора да поработите со психолог. За почеток можеби и поедноставно ќе ви биде со некој од Македонија да работите онлајн заради јазикот ама понатаму можеби ќе биде подобро да најдете некој во Германија заради континуирана поддршка.

    Е сега ако е школото и јазикот проблем и школото би требало да се вклучи во реашавање на проблемот, односно да видите дали има можност да му се понуди некаков курс за усвојување јазик (обично има такви за поддршка на деца каде што пред/после часови остануваат чисто за да работат на усвојување на јазикот и да им се забрза интеграцијата).
     
    На Annath, Lianna Anna и gjoker4e им се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.040
    Допаѓања:
    36.353
    Пол:
    Женски
    Проблемот уште во Македонија им е мислам како што кажа погоре бил многу разгален од цела фамилија дека бил единствено машко. @blessed.an Не сакам да се навредиш ама баш од тука потекнуваат сите мамини мази поради кои страдаат жени после. Јас ич не можам да го сфатам тоа ама знам дека ако е машко е разгалено, а женското мора да помага, да чисти. Затоа и се нервирам кога некој селото во вис го крева кога ќе се роди машко бебе. За мене исти се и машки и женски. За второво многумина ми рекоа дека демек маж ми на газ паднал или нешто во тој стил што било машко, а ние никогаш немаме нит помислено нешто дека машко е и сега уау, значи ни на крај памет.
    Како и да е среќа што сте се тргнале на страна и имате шанса да почнете од почеток и да поставите граници и правила за кои сепак треба и трпение од ваша и страна и доследност до крај.
    Туку сакав да кажам дека децата што не се сеуште спремни ги ставаат во посебен клас Förderklasse така нешто ама штом не го префрлиле до сега, а веќе Јануари е, значи ок е детето во школо. Прваче е така?
    И @SanelaS еднаш праша од која возраст ги викале на родендени од градинка, нас прв пат на 4 години. Зависи може и децата колку се дружат и родителите дали си го имаат муабетот. Според мене до 3 години не би викала деца од градинка, на 4 според ситуација, а од 5 веќе ок е големи се веќе.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.011
    Допаѓања:
    32.452
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e јас и ти може само да погодуваме каде е проблемот. Дека го има, го има. Дека преселбата во Германија го влошила, го влошила. И сега ако пишам пак некој ќе се најде навреден, па ќе испаднам како сум против Германија и сум затуцана и све остало, ама селидбите мнгоу тешко има паѓаат на децата. Некои полесно ќе се адаптираат, некои не. Некои ќе изгледа дека се добро прилагодени па демоните ќе испиливаат покасно, некои веднаш бурно ќе изреагираат, ама и те како преселба може да поттикне проблем. Особено на поголемо дете (над 3 години) во земја во која и родителите уште се снаоѓаат, каде што го губи системот на поддршка (фамилија, другарчиња итн итн), каде што не знае јазик.
    Децаат во принцип се многу конкретни. Мислењето не им е апстрактно, конкретно им е. Мали работи ги прават среќни, ама и мали работи ги прават несреќни.
    Е сега доброто е што со соодветна работа може да се реши. Само треба да се реагира соодветно. Во ситуацијава е добро што мајката го препознава проблемот и се труди да го реши.
     
    На mira.mira, Cosmic Girl, Ava.84 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.110
    Пол:
    Женски
    Школото е секој ден до 12, бетројунг е до 17. Во петок, нема бетројунг кај постарата ќерка, ама она иде на активности до 14. И двете, мора најкасно да се во школо до 7.45. Во спротивно, одма реагираат.

    Градинката и кај нас беше до 17, ама исто скратија до 16, а во петок до 15.30. Не им кажувај во градинка кога ќе бидеш на одмор и решен проблем. И мене така ми правеа кога беше прилагодување.

    Нема поволности, освен бетројунг. Така функционираат и тоа е тоа. Треба да се снаоѓаш. Иди на тајлцајт. Јас не знам, ако можеш да издржиш цело работно време со две деца, секоја чест. Јас ни нерви ни време имам за цело. Сакам време за децата, за себе, за милениците, за мм. И вака ми е многу и ми фали време, ама се организирам многу подобро него на Vollzeit.
     
    На Biljarkata, Ava.84, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.040
    Допаѓања:
    36.353
    Пол:
    Женски
    Не мислев ништо лошо, во право си за се. Ама јас како што сфатив проблемот е истиот уште од Мк. Секако дека влошен. Ама јас тоа го сфаќам како во Мк бил разгален и тоа не било “проблем”, а откако дошле тука е проблем бидејќи на родителите не им одговара така. Во Мк не ни можело да се среди поради другите. Мислам секако можело ама ете не поставиле на време цврста граница на другите до детето.
    Секоја промена е промена ама затоа постои зборот прилагодување.
     
  11. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.060
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e @JoyJoy ви благодарам и на двете за советите
    Секако ми пречеше и во Мк но едноставно таков е менталитетот таму како што кажа ѓокерче машко па ајде ке го мазиме
    Јас кога ке забранев нешто друг ке дозволи одев и на раб и неможев секогаш да сум присутна
    Сега веке ја согледувам ситуацијата и затоа ме загрижува и сакам да го решам овој проблем
    Во школо нема проблем само што не го интерсира на родителска учителката ми рече дека не се замара сите пишуваат тој си седи вели кога ке отидам до него и му кажам да пишува завршува пред сите но морам да стојам над него, на одмор кога ѕвончето ке заѕвони сите се редат тој си игра треба да одам и да го викнам
    Исто е и дома со домашните знае што треба но ако не сум јас до него или мм не пишува едноставно не сака
    Што со ќерка ми немам никаков проблем и таа сака Мк си кажува дека таму и е подобро но и тука се прилагодува нема проблем
    Секако направив консултација со психолог што ми предложи ѓокерче па се надевам дека ке го средиме проблемот
     
    На mal.ecka, Cosmic Girl, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.807
    Допаѓања:
    33.753
    Пол:
    Женски
    Нормално нема да ти се дурнам пошто пресебата и мене на 28год ми беше стресна и уште што не добив од болести итн, не па за дете. Истото ќе го пишев вчера ама несакав да изигравам психолог.
    А и научив да не давам совети за деца оти мене се ми се враќа како бумеранг .

    Ама сакав баш тебе да те прашам дали сум ненормална што почнав да завидувам на една инстамграмџика што си чисте сама без децата да и се мотаат во нози(facepalm):tmi:?
     
    На mal.ecka, Biljarkata, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.011
    Допаѓања:
    32.452
    Пол:
    Женски
    Оф леле. Инстаграм е вечита болка. И обично видеаатс е наместени. Децата за време на видеото се врзани за столче баш како во филмовите (со крпа преку уста);)
     
    На mira.mira, mal.ecka, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.807
    Допаѓања:
    33.753
    Пол:
    Женски
    :D:rofl:

    Абе знам дека децата се некаде, ама да забегам до толку и за чистење да завидува не сум тачна|(.Да речеш за нешто матријално или за некоја со убав став ама дека безгрижно си чисти:bandit:.
     
    На JoyJoy, gjoker4e и Chantal им се допаѓа ова.
  15. Makedonka95

    Makedonka95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2022
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Мајки во NRW колку плаќате градинка за децата? Кажете некое градче близу Дизелдорф што е средено за живот? Најверојатно ке се селиме од Берлин..:wasntme:
     
  16. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    Си има листа од градот според годишните бруто примања на родителите се рангира и одредува колку кошта градинката.
    Можеш да изгуглаш и ќе ти даде листи за поедини градови.
    Во околина на Дизелдорф има повеќе мали гратчиња, во NRW убавото е тоа што се влегува од град во град, ептен е густо населено и се е многу блиску.
    Е сега, не знам што подразбираш под средено за живот...:) во глобала од тоа што читам многу работи на другите места функционираат побрзо и поедноставно отколку овде.
     
    На gjoker4e и Makedonka95 им се допаѓа ова.
  17. NovaMihajlova

    NovaMihajlova Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски

    Јаас, презадоволнаа! Сите услуги ги имаш за џабе. Само таа сметка ја имам, од кога сум дојдена тука, скоро 3 години. Тогаш и физички картичката се добиваше бесплатно. Сопругот отвори пред пола година некаде,ја имаш онлајн верзијата на картичката а знам дека 10 тина евра беше ако сакаш да ја имаш картичката физички. Тој пр. Ја има само онлајн верзијата и ја користи само за онлајн плаќања или сп G pay за пазарење и сл. Да не ја користи таа пд плата заради се почести злоупотреби. Отвори и на Comdirect, со супер понуди се и тие и збогум шпаркасе. Многу трошоци се тоа пд шпаркасе на годишно ниво, а онлајн банкингот не им е баш сјаен. Ова подолу е линк од N26 за кој во моментот(некоја акција, често има) јас би добила подарок ако ти отвориш сметка преку него.

    https://n26.com/r/tanjap9186


    Имам пишувано порано тука за дел од онлајн банките кои ги проверував кои беа во избор од каде да отворам сметка.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. NovaMihajlova

    NovaMihajlova Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Ова беше тогаш, сега можеби имаат мали измени


    N26, ING Diba,Com Direct, DKB се сите онлајн банки и работат слично.
    Јас се одлучив тогаш за N26 затоа што најбрзо можеше да отворам сметка.
    Кај N26 не е потребно минимални примиња за да имаш бесплатно месечно пдржување на сметка.(значи вклучена, картичка и електронско банкарство за плаќање без провизии на налози)

    Кај ING DIBA,ComDirect и DKB од 01.05.2020 потребно е месечно прилив од минимално 700€(плата,пензија,од агенција за работа и сл.) за да немате месечен надоместок на сметка, во спротивно плаќате 4.90€(вклучено картичка и налози преку електронско банкарство).
    Во однос на картички, кај N26 е една картичка, на која може да примате плата и сл. И кпка служи исто и какп кредитна картичка за да може да плаќате онлајн(не е класична кредитна картичка за да добиетр средства на располагање од банката, тоа е истата сметка од кпја веднаш ви се одземаат парите при плаќањето).
    Кај ING DIBA имате 2 картички, портокалова Maestro и бела кредитна картичка и двете поврзани сп иста сметка.
    Кај ComDirect исто инате 2 картички, црна кредитна Visa и сива V pay дебитна. Тука 2 сметки не се поврзани и ако сакам да плаќам со кредитната мора да префрлам прво пари од дебитната.Главна предност тука е кај црната картичка, можам да вадам средства бесплатно каде било каде и € не е платежна валута. Пр.црната картичка ја дадам на моите во МК, јас им префрлам средства од тука тие може да пазаруваат или вадат пари на банкомат( Visa картички) и тоа е без провизија, само се наплаќа разликата во менувачкото работење на денот.
    DKB исто 2 картички VISA+Girokarte.
    N26 се смета дека има најдобра мобилна апликација, сами може да блокирате сметка- картичка во случај на губење, сами млже да менувате пин,при плаќање во продавници кај вас прво дава сигнал за наплатено а потоа на тие на касата
    Може да вадите пари на било кој банкомат(на било која банка) +во DM, Rewe, Penny... бесплатно 3 пати во месецот.
    ING Diba исто на сите банкомати.
    ComDirect(е онлајн банка на CommerzBank) што значи на сите тие банкомати плус на DeutscheBank,Postbank i HypoVereinbsbank.
    Во DKB е најтешко отварање на сметка, секпгаш бараат добар бонитет а и покрај тоа често пак одбиваат за отварање.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.219
    Допаѓања:
    8.740
    Пол:
    Женски
    Во однос на неисполнувањето на обврските кон училиштето ви предлагам следново:
    Сами или со психологот разговарајте со детето најпрвин баш за таа тема-дека не доаѓа на време од одморот, дека не почнува навреме со пишување задача и сл. конкретни проблеми. Значи разговарајте за поединечните проблеми, најконкретно. Прашајте го дали знае што се последиците од секој од тие проблеми. Пример, не напишана задача е минус кај наставникот. Што е минусот-пониска оценка за едно ниво и сл.
    Објаснете му дека дури и завршената задача ако е надвор од дадениот рок за завршување сепак не е доволна, т.е. си сноси последици и објаснете му кои конкретно...
    Детето може ги знае сите тие работи ама треба да се кажат јасно пред него. Разговор како со возрасен зошто дете од 7 години има доволно капацитет да разбере.
    Да му се објасни дека многу такви минуси во поведение имаат последица врз крајната оценка во годината или ако се изостаноци на пример имаат последица неоправдан, толку и толку неоправдани се таков и таков укор, и сл.
    Потоа прашајте го колку пати направил такво нешто во последната недела. Избројте колку пати не напишал домашна, не напишал задача на час, не послушал наставник и сл. Тој нека изброии и каже. 5, 10 пати дневно, неделно и сл. Да добие претстава колку често е тоа навистина, а не само да си мисли дека е понекогаш.
    Потоа со него договорете се да запишува за секое проблематично однесување еден знак на распоред или календар некаков. Да води евиденција колку пати прави она што не е дозволено секојдневно. За успешно извршените мали цели нека става друг симбол.
    Тоа е систем на наградување еден вид. Самиот список ќе го замени она што вие како родители му го трубите.
    И му дава увид на самото дете колку е дисциплинирано. Му дава можност само да се корегира.

    Децата на оваа возраст обично сакаат дисциплина и ред, без разлика што не личи така ама сакаат структура во животот. И обично добро ги разбираат последиците од своето однесување. Затоа и има ефект самонаградувањето.
    Има врска 100% промената во средината ама ќе се прилагоди.
     
    На mira.mira, blessed.an, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. GirlFromSwiss

    GirlFromSwiss Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2023
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    207
    Пол:
    Женски
    Комшики од Германија ако знае некој може ли да ми кажете дали некаде во Германија сте го виделе индиското масло за раст на коса? Некој спомна дека го имало Германија.