Како вака? Одма да одиш во училиште и да бараш навремено известување. Ова на ништо не личи. Мене ми праќаат меил секогаш, плус на апликацијата шулменаџер за двете имам известувања. И за часови, за тестови, активности, за се. И градинката на ваков принцип функционира, затоа ова мене многу ми е чудно.
Ама чудно е бе луѓе. Школото прво мора да ги извести родителите. Најбрзиот начин е меил или по апликација. Пошо нели, јасно е дека се случува некогаш буквално дента да дознаат за промена во часовите. Друго, мали деца, не знам сега нејзиното колкаво е, ама кај нас, првачињата ги гледаат додека не се качат на бус или ги собере некој (од бетројунг). Можат да се враќаат и сами (освен правите 2 недели од школската за првачињата), ама исклучиво ако тоа го дозволил родител, значи изјава со потпис и под услов децата да го знаат патот до дома и да не е многу далеку. Во овј случај, членката не дозволила детето да иде дома само. Не е ниту известена за промените. Стварно ми е многу чудно. @blessed.an Да не ти пратиле меил и да не си го видела? Како контактирате се школото, онака општо? Едитирам: Ќерка ми кога почна годинава во ново школо, нагласив дрка ќе ја земамаме ние првата недела. Еден ден каснев 10 минути, а они ја земале во секретаријат, не ја пуштиле сама. Значи, не смеат без дозвола од родител.
Пример кога невозможното станува возможно. Уште кога одев на адаптација во градинка со дете слушнав дека ќе дојде некое девојче кај малите да работи што не знаело јазик. После во јануарскиот пост од градинка пишаа дека во средина на јануари ќе дојде нова вработена која што сеуште е во аусланд. И деновиве гледам едно девојче цело време стои ништо не збори и дури денес сфатив дека таа е таа вработена што не знае јазик и дошла од аусланд, не знам од која држава е. Муабетов ми е дека поради огромен недостаток на вработени во градинка може некој од Македонија да аплицира и ќе го земат ќе чекаат јазик да научи една година или не знам колку и во меѓувреме може и курс ќе платат. Не нож да допишам оф Едит: накратко дека може и без јазик во градинка
Прашај, нели сакаше ти во градинка едно време. Јазикот го знаеш. А стварно се мањак со персонал и тука кај нас е исто.
Кралици за сина карта не треба сертификат за јазик нели? Јас учам јазик во моментов ама на страната на амбасада не гледма дека е како услов. Сакам да кажам дека секако јас сум во плис ако имам некое ниво на јазик, ама услов за добивање на сина карта не е јазикот. Или грешам?
Нема предуслов за јазик кај апликантите за сина карта, така и јас знам. Само платата да ја "натамами" работодавецот
@blessed.an мислам дека ти еднаш спомена за заболекар за синчето. Неодамна Викториа не соработуваше кога требаше да го поправат забот поради кариес. Не дозволи ниту да ја боцнат за анестезија. Ми понудија опција lachgas. Закажавме нов термин и наредниот пат без никаков проблем или болка и го поправија забот. Може ви е позната и оваа опција или веќе сте ја пробале, ама да споделам во случај ако не е пробано
@blessed.an ставаат како маска на носот(плус и со различни ароми се маските, и дозволија да бира) Нема боцкање, само ја подесуваат, ставаат на нос, они си работат во устата. Немаше болки или страв, она беше свесна и целосно фит после интервенцијата. Најнормално разговараше, пазарувавме итн. Приватно платив 65еу, не било покриено од кранкенкасе, но се исплатеше. Може и по два заби да се прават под истава опојка.
Може ли повеќе инфо за оваа сина карта. Некаде прочитав од ИТ сектор ја добивале. Мм има веќе неколку дипломи но би сакале да знаеме што повеќе се бара од областа на Ит оти сакам да упише уште некоја академија со надеж дека подобро би нашол работа..? Доколку знае некој би му била благодарна..
За работа во ИТ не е пресудна диплома туку искуство, препораки, вештини и знаење. Во тој сектор работните позиции се сметаат како "нерегулирани" што значи за разлика од медицина и образование на пример, нема потреба од признавање на диплома. Од искуство, кога сакав да почнам процедура за признавање на дипломата, од институцијата кадешто аплицирав ми рекоа дека во таа бранша тоа не е неопходно, и така и испадна на крај. Се вработив без некој да ми рече "Дај да видиме каква диплома имаш". А дали е услов за Blue card, не можам да кажам.
Дани фала ти за инфото , да си знаеме дека има и ваква опција ако прифати де. Мојата даде инекција да и стават и после не отворила уста.Па мораше со целосна анестезија да и поправаат.За мене беше нешто толку трауматично.Мислев нема да се разбуди па филмови.Кога ја видов како си спиеше ми олесна малку.За пола саат се разбуди и стана одма да си одиме.А не смееше мораше да одмара.Добра беше ,сепак целосна опојка е поголем ризик од лахгас.
За да добие сина карта мора да е инженер, доктор или сличен квалификуван кадар за кој има недостиг во Германија. Се аплицира со диплома од факултет плус треба да има договор за работа со минимум 56400€ годишна бруто плата. Ако сопругот ти добие сина карта и ти ќе добиеш право на престој покрај него, исто и деца ако имате- со фамилијарна виза. На почетокот сина карта се издава на ограничен период, ама во меѓувреме ако напоредно убаво го научиш јазикот може да добиеш и право на неограничен престој.
Истото ќе го кажам како Мкдевојче.Сите што ги знам, отидоа со претходна работа во секторот/искуство и најдена/понудена работа од работодавач. Германија, Шведска, Холандија-со мк пасош. Сдк подобра работа се наоѓа со подобро искуство во секторот, не со дипломи.
Оваа Magen Darm Erkrankungen е стомачен вирус? Ич не сум паметна дали да ја пуштам на градинка ако има стомачен вирус, најмногу ми е страв заради паднатиот имунитет, пак да не и излезе херпес во устата