Женски кое е подобро од овие две , ми треба слатка павлака Slagsahne знам дека не е толку благо како нашите во Мк , а овоа на рама какво е ? Исто ми треба и шлаг крем знаете некој добар ?
Школо автоматски блиску до местото на живеење. Основно нас ни е на 5 минути пешки. Средно 10 минути со автобус. Ќе во стигне писмо да се запишат. За да почнат од септември ако може уште сега маж ти нека среди нека праша во општина. Можеби може да почнат и покасно од септември не знам. Ама што е таму нека средува уште од сега. Додека да дојдете па да ви извадат виза ќе помине време. Ако може порано од јули/ август да дојдете уште подобро. Ако не, добро е кога и да дојдете. Леле толку брзо ли ве фати. Ќе се оправите за ден два. Алармот трет пат се вклучува. Ушите ми зујат. Не знам што се случува. Ова од сабајле ми е останато. @Gosh ме изнасмеа. Баш така е како што си опишала. Ние во бг амбасада кај што одиме се ептен ок. Во мк има наш ептен ок и од браќата што ни го фрли пенкалото и се понаша како не знам ти кој. И тие пет минути во амбасада се чувствувам како во Мк да сум ама среќа границата блиску е.
Сите осигурувања ми одат преку CHECK24 и сум презадоволна. Имаме моментално и доста бенефиции оти сме од поодамна кај нив. На пример гратис патничко осигурување. Да се уфрлам како подобранец. Некогаш ве читам, ама не пишувам. Ние добри, дете на школо. Се радувам што конечно му се допаѓа и е среќен што има нови другарчиња таму. На почетокот беше тешко, сега се навикна. Уште за учењето да фатиме ред и ќе биде петка. Не му се учи и мака мачиме да седне да учи и домашно да напише. Ама ќе биде и тоа. Математика го бива, ама со тоа германскиот мака мачиме... Јас воопшто не бев задоволна со македонската амбасада, а сега добро е што читам дека се смениле на подобро. Баш дека беа препотентни и никави извадив на син ми само бг пасош, македонки нема. Треба сега да почнам постапка за германски пасош, ама ме мрзи и се немам време. Поздрав до сите
[QUOTE="gjoker4e, Ти Благодарам на одговорот. Децата се со Бугарски документи и полесно ќе биде, сепак ти Благодарам многу.
Темава за тоа е. Ама ако сакаш нешто анонимно можеш да ми пишеш. Провери и на пребарувачот да не е веќе одговорено.
Од АОК не следувале два курса годишно. Може да ги видите на интернет кои. Некои ги има и онлајн. Јас избрав innere Ruhe и Bauchgefühl. Мислев за gesunde Ernährung ама да не се лажам самата себеси не можам кога не е онлајн. Само работа можам, а да не е онлајн. Е работа не можам онлајн. Треба да се искористат. Здрав десерт: во кеса за замрзнување гмечиш веганска црна чоколада, па додаваш овесни снегулки и банана извлечена. Па ја сечеш кесата и ставаш на хартија за печење кругови и печеш 180 степени 20 минути. За повеќе вакви совети за следете ме! чоколадата да е над 70-80% какао
Сеуште на среќа мислам. А твојата е голема можеби може и апче. Прашај. И сега правеле на лице место во аптеката сируп за температура. Наскоро во Pflege роботи ќе работеле само, се работело веќе на тоа, нема повеќе да се жалиме од вработените ете, роботите сите исти ќе бидат, нема да ти викаат што раѓаше кога не можеш да си го чуваш. Од една страна ми се допаѓа што нема лоши вработени да има на сензитивни места. Од друга човек е човек. Ама кога е нечовечен тогаш робот е подобра опција. Добра ноќ
А зошто уплаќаше во банка???? Има ПОС терминали таму каде што сликаат и таму уплаќаш. Ништо не можеш да згрешиш така. За да поминеш побрзо за следен пат. Закажи на телефон ќе ти кажат што може, што не може. Плати со картичка директно кога ќе те сликаат. Јас последен пат во Беко супер поминав. Нит гужва, нит редови чекање нит ништо. Терминот ми беше во Сабота. Никој немаше.
Затоа шо доаѓам у Мк еднаш годишно, на недела дена и користам само ќеш, неам картици, истечени ми се. И не можам од Германија да се јавам да закажам.
Веројатно имаш картица на која имаш пари. ПОС терминалот е од некоја банка, не е од МВР и повлекува пари од картица на која има пари. За брза постапка и закажувањето е од денес за утре. И на телефон ако се јавиш. Добронамерен совет ти дадов.
Еммм, ваљда ја знам дали иам картица со пари која можам да ја користам у Мк. Исто знам и како функционира терминал, и не знам кој фактор игра тоа шо ми спомнуеш демек терминалот бил од банка, а не од МВР... И исто така знам дека не моеш пример у сабота у 21.00 навечер или у Недела да закажеш термин. Фала ти и за добронамерниот совет у два наврати. Многу си љубезна. И јас би ти дала совет да не ме советуваш од сега па понатака. Се најдобро. Поздрав.
@Dancewere Заглавив некаде. Мислев шуфа ќе ми стигне по пошта. Ми стигна лист како да се најавам онлајн и да имам увид во шуфата. Внесувам меил вика не постои па потврди го го потврдувам па погрешен пасвптд па смени пасвпрд пишувам пасворд вика не смее да е ист како последните пет. И до тука сум цел ден. Веќе не ме ни интересира шуфа. Не знам кому му успева онлајн нешто од прва, мене не, денови, недели ќе поминат ама се откажувам од прв ден овој пат. Секако и не е нешто важно. Цел ден барам една песна од Лепа Брена. Кад пукло је сечи… само тоа ми текнува??
Ох, не знам можеби промениле нешто, последно во септември вадев за маж ми и ни стигна по пошта. Ти како си? Те читав во мајчински
Тогаш којзнае што сум порачала. Јас добра презсспивам дете по четврти пат ама четврти за од 21:00 па до сега добро е не е многу.