Кога дете е болно, се зема потврда од педијатарот така? Па се праќа кај работодавецот? И после каква е процедурата, треба веројатно и во Krankenkasse да се пополнува нешто, дека нели тие те плаќаат за деновите кога си дома со дете. Гледам сега на 30 денови го покачиле годишно
Се зема боловањето и се пополнува па го скенираш или копираш и копијата ја праќаш по меил или пошта.Оргиналот во кранкенкасето .
Од АОК можеш и онлајн преку апликацијата да го сликаш боледувањето. Една потврда од педијатар, да ја прикажеш само или копија на работа, и оригиналот за здравственото осигурување. Треба да се јавам на работа да кажам кога ќе одам или кога ќе можам едноставно да си отидам? Не сум сигурна дали ќе можам утре и затоа не се јавив. А колку само не ми се јавува. Мене и општо со никој не ми се збори на телефон и ова јавување за отсутна ми е смрт. А уствари мора да се јавиме кога нема да отидеме? Нели логично е штом те нема кранк си? Кому му се збори сабајле на телефон па уште и болен?
Мораш навремено да се јавиш, за да се организираат и да покријат смена. Многу е неодговорно ако не ги известиш. Не знам што ти значи ова шо не си сигурна за утре. Пошо колку време е пишано од педијатарот, толку време ќе седиш дома. Ќе им кажеш имам кранк мелдунг до тој ден. Ако е кранк мелдунг до денес, а малиот уште не е добар, треба да се јавиш на работа и да им кажеш дека малиот уште не ок и дека утре после педијатарски преглед ќе се мелдуваш пак. Шлус чус.
Кранкмелдунг имам до утре и термин на педијатар утре 11:30 во случај да не е ок. Сеуште не е ок ама до вечер може ќе биде ок. Затоа не знам. Нема тт. Не знам што му е сега. Може бронхитис или пневмонија, а да не приметам?
Нема шанса да не приметиш тоа ако ептен е почеток па случајно да го откријат.Инаку при издишување свири.Исто кашла и недај Боже не може да дише.
Тогаш Џокерче, утре после педијатар ќе се јавиш и ќе им кажеш како ќе биде weiter. Не комплицирај си кога имаш кранк и за утре. Однеси го на доктор, чисто да го слушнат на плуќа ако ти е на мисла. Два дена треба да биде без симптоми за да иде во градинка. Кај син ми често се случува ден, два добар, па ми крева ноќта температура. Ако има пневмонија мислам дека се забележува по кашлањето и температурата нема да ја спушта. Моиве немале па немам искуство. А ова и мене многу ме плаши увек коа се болни.
Ова е за бронхитис, за пнеумонија тоа е бактериско и мислам не спуштаат тт.Покомплицирана е од бронхитот оти ги зафаќа белодробното крило, кај бронхитот се зафатени бронхиите. Тоа заборавив да пишам.Пнеумонијата се лечи исклучиво со антибиотици , а бронхитот со салбутамол. @gjoker4e
Ќе одиме на педијатар 11:30 да го слушнат. Нема тт ама не ми изгледа ок. Туку да разјасниме две работи. Кога не можам да се отидам морам да се јавам одма сабајле 5:55 или може и покасно во 8-9 на пример? И после одам на лекар/ педијатар па пак се јавувам на работа да кажам до кога ми е пишано кранк? Јас овој чекор го пропуштив изгледа. Шефот не е ич расположен и се мислам дека јас сум му крива, а сигурно не сум, ама ете така мислам. И се замислувам како мајка ми на пример кога ќе и изгореле кифлите ми викала заради тебе ми изгореа па сега затоа мислам вака. Не дека имало ваков пример со кифли или дека памтам нешто ама си праам психолошка себе анализа секогаш. Отсекогаш сакав психолог да бидам и тоа ми беше прв избор за факултет ама нели со тоа нема пари и не се запишав тоа.
Јас така правев , се јавувам сабајле кажам дека не одам , после одам на доктор и се јавувам повторно. не му се замарај толку на шефот твое е да го известиш.
После колку време ги уплаќа АОК парите за боледување (нега на болно дете) и дали прво мора да стигне до нивниот систем информација од работодавецот за деновите на боледување па после тоа испраќаат писмо со тој листот што треба да се пополни и со него да се прати потврдата од лекарот? Јас првпат се соочувам со таа процедура и некако не ми е јасна баш.
На АОК одма ќе ја дадам потврдата па тие после ќе си се пресметаат со фирмата. Само еднаш имам земено таква потврда кога отидов саат време од работа порано ама цел ден ми го исплати АОК, одма им ја испратив. Парите после месец дена ми стигнаа. Ама кои пари Ава тогаш во право беше дека некои смешни 20-30 евра ќе ми стигнат. Наравоучение е кога е дете кранк ние да се пишуваме кранк за да земеме 100% плата ама овој пат не ми се лажеше некако. И сабајле не успеав да допишам дека најпаметни се овие што се пишуваат кранк барем минимум по една недела. Јас два дена. Толку стрес за два дена не се исплати. Додека се разбереш на телефон поминале два дена. Ама ајде да поработам некој месец па после и мене грбот ќе ме боли и ќе ми треба боледување. Само Германците смее ли грб да ги боли? Се повеќе сфаќам дека во право се. Се пазат на млади години и после шетаат на старост дотерани, нашминкани и со парфеми. А мене нозеве веќе на пола копје ми се од што цел живот брзам некаде и трчав по автобус на времето.
И јас прочитав сега 90% пишува. Не беше 60% на времето? На едно место пишува па 70% бруто минимум. Ќе каже некој. Можеби минимум е 70% бруто, а максимум 90% нето. Ама кој колку би добивал.
Пред да ти почне работното време треба да се јавиш. После се јавуваш уште еднаш, значи после доктор, за да кажеш колку време си пишана кранк. Ако ти продолжат кранк, се јавуваш уште еднаш дента кога ти го продолжуваат. Значи пак после доктор се мелдуваш. Дијагнозата не мораш да ја кажеш. Кај мене сите се регелмесиг болни, дури и деновите кранк си ги спојуваат со викенд или одмор. Ќе поработат месец, едвај два и ете ги по недела дена кранк. Па пак ово на ново.
Прво го праќаш од работодавачот копија или скенорано.Прашај во каква форма смееш.Јас го праќав и праќам по меил. После тоа го праќаш на кранкенкасто .Добиваш од нив известување дека го добиле.Пари добиваш кога ќе те пријави работодавачот. Ако пресметката за плата ја направиле и не прават после тоа корекција ќе ти ја пресмета во следната плата .Пример од фебруари денови ќе ти ги скрати во март и здравството ќе ти ги исплати во март/април. Ако прават корекција на плата ќе направат одма и кога работодавачот ќе те пријави дека имаш болно дете кранкенкасето ќе ти исплати одма.
Како да знам дали градинката е приватна или не ? На интернет ништо не пишува, ниту на страната на градот .
Добро прашање. Влегов сега на страните на мојата и на приватната и ништо не пишува ни на едната ни на другата. Добрата вест е што скоро и да нема разлика меѓу нив. Иста цена се изгор и двете. Можеби само затворени се во различни денови. И ако треба да се донесува некоја одлука донесува некој различен за двете.
I kaj nas ne pisuva koja e privatna i koja e drzavna, samo tie sto se katolicki gi pisuva deka se takvi. Kaj nae vo mestoto mnogu se razlikuva katolicka od opstinska . A so privatna nemam iskustvo.
А која е разликата меѓу католичка и општинска? Ќерка ми ја запишав во католичка. При запишување требаше да потпишам дека пред јадење сњ молат и дека ќе ја учат и воспитуваат во католички дух? А ние нели сме ортодокс…Освен тоа има ли друга разлика? Ваљда нема да тупат со веронаука 1,5 годишно дете…