Жени да прашам дали некоја овде има искуство со психолог и психотерапевт и како тоа оди? Со убервајзунг од доктор или тресам глупости? Или уште подобро ако ми дадете некоја препорака за нешто онлајн и наше говорно подрачје би било идеално.
Ја најдов таа Апликација ама не ми функционираше па ја деинсталирав. Можеби требаше поупорно, да пробам пак си велам. Фала ти
Не бе не, со учителките од градинка нема разбирачка. Ги помешале matchose со некое друго девојче, и ем им покажувам слика какви се и дека се помешани, и пак они аааааа а нели се тие истите и на крај им кажав аха да да тие се
Мојава има учител и многу го сака. Исто и учителка, двајцата се заедно. Учителот и прави повеќе кејфови претпоставувам ама со радост одеше во градинка. Учителката е построга, ја тера да јаде а таа ништо не јаде, и пак ја сакаше. Двајцата не се дојдени веќе 3 недели, има некое ново девојче и една повозрасна ја ротираат од другите групи. Демек биле болни ама 3 недели? Мислам дека веќе не се враќаат. Арно ама, детево веќе почнува да одбива да оди во градинка. Нон стоп тоа збори дека нејќе во градинка. Пак оди, без плачки сеуште, ама ич не е среќна. Има и две другарки со кои се чекаат на врата редовно и баш мислев ради нив сигурно ќе е полесно, ама мислам дека и недостигаат првите учители. Најмала е во групите таму воопшто и тие баш се трудеа околу неа. Што да правам? Се нервирам, ми е страв дека ќе дојде до момент кога воопшто нема да сака да оди. Многу тешко најдов градинка за да пробувам да ја презапишувам, а и не знам колку е тоа паметно. Имала некоја ваков случај да сподели искуство? Да разговарам со новите учители? Ама па глупо ми е… што би им рекла… не е само моето дете таму кое сака внимание….
Поминало времето за да пишам пак ви се случувало ли така да им ги помешат стварите на децата? Сега ми падна глупо, ама еден пат ги видов како изгледаат тие Machhose кога и ги купив, и толку, среќа сум ги сликала во телефонот И сега срам ми е после да им кажам пак Ај можеби другата учителка ќе ја испрати па ќе и кажам и на неа. @Yowannty леле ме потсети еден период кога главната на градинката ги пречелуваше, она до 9 насабајле самата не се сака, а од 9 натаму сите околу неа не ги сака, Нада стандард си плачеше кога ќе ја видеше
Се менуваат учителите кај нас често, па периоди додека да најдат нови па молби на апп ако може да не ги носиме децата. Кај нас баш сега најавија дека едниот учител ќе биде подолго отсутен ( имаше повредена нога подолго време претпоставувам на рехабилитација отишол) и дека нашле замена за март ама за април немаат. Немам совет конкретно и кај нас некако тие највеќе што ги сакаше си отидоа, едната и највеќе комуницираше со мене сега другиве само ако одам да ги прашувам специјално и само ќе одговори ништо повеќе и баш ми е криво. Се надевам стварно се болни кај вас. Мала е уште мојот на почеток со другарчиња се поврзуваше па плачки беа ако другарчето не е дојдено. Носи ја редовно ќе се навикне, да и менуваш скрос нова средина уште потешко ќе е а учителите секаде се менуваат. И синко со машките повеќе се опушта мислев дека се машки незнам или стварно машките се подобри со децата . @Neda997 потпишувајте и ги работите, а и учителките треба да ти помогнат да ги најдеш. Кај нас пред врата има кутија со изгубени работи што не знаат чиви се па види ако има нешто такво. Исто така ако е отворено и немате шкафчиња разгледај околу да не ги видиш. Јас така имам патики барано кај нас нема шкафчиња само клупи и закачалки па можам да видам. И се случува да ги измешаат нормално кога се враќаат од надвор куп деца па сами се соблекуваат фрлаат. Мојот во туѓи чизми го имаат облечено како помал па мајката ме чекаше да си ги смениме, ама помали го прашале твој ли се рекол да. Сега си ги знае сам своите работи па не се случува.
Мајки треба да купуваме кујна а јас појма немам од каде да нарачаме. Кажете од каде се квалитетни ? Што мислите за Икеа ?
Во станот каде што сум јас кујната е од Икеа незнам колку е стара тука беше кога влеговме во станот. Најобична незнам што материјал е. Доколку купувате за ваш сопствен стан подобро е да се купи поквалитетна и вреди да се вложи повеќе. Има доста избор на отоо , во салоните за мебел , се зависи колку сакаш да инвестираш. Доколку купувате кујна за под кирија може и икеа.
Да, да за сопствен стан е ,затоа и ме интересира нешто квалитетно без разлика на цена и каде што нема да им треба повеќе од 2-3 месеци за изработка и монтажа
Мислам дека од Икеа сега да ја нарачаш, ќе ја чекаш 3 месеци, јас еден плакар го чекав цела година. За другите не знам, ама мислам дека сега се се чека повеќе од 6 месеци. Така што, спреми си живци.
Јас порачав од Амазон и имав многу лошо искуство. Сакавме поевтино да поминеме дека не е наш станот, па кога ќе имаме нешто наше да купиме подобра кујна. Едно што ја згрешија димензијата и кујната не беше таа што ја порачавме, скроз друг тип. Ај реков нема да ја вратиме, подобра ми беше од таа јас што ја порачав. Како и да е згрешена беше и не е океј. За димензијата видовме во склопувањето, мм ја склопуваше а тој период имаше многу работа околу станот, тогаш се вселивме и не можеше да си игра монтирај, па одмонтирај. Не можевме да функционираме без кујна и ја задржавме. Ни пуштија смешна сума пари како извинување. Исто така не е ни квалитетна, а не е баш ни ефтина за да се уништи уште одма. Така да не ти препорачувам онлајн купување нешто повредно. Исти се и Отто и сите други како нив, исти производи имаат. Од Икеа имаме друг мебел и сме задоволни. Гарнитурата преживеа 3 преселби, 3 расклопувања и како нова е. Пред околу 3 години имаме купувано и колку што памтам се беше одма достапно, сега незнам како е.
за сопствен стан за мене најдобар квалитет а сеуште прифатлива цена и добар дизајн е Нолте, ги има во скоро сите поголеми продавници како Möbel Hoffner, Hübner, Kuchen Aktuell итн Со lack фронтови (лак е технологиjaта а боjaта може да биде мат), тие велат траат 30+ години ко ништо. За привремено подобро земете си од икеа или на старо за 100-200е една мини кујна и готово. Па ќе почекате, не знам колку време е сега чекањето.. Или исто има варијанти од Полска или дури од Македонија (Pro Design Despotoski) ама не знам тоа колку долго оди. На Нолте имаш и гаранциja. Икеа куjна на другарка за 3-4 години сета и се изљушти.
Што правите во ситуација да добиете на пример 8 дена боледување , а детето на 4 ден е веќе оздравено. ( не се работи за преносливо нешто како стомачен вирус или слично) . Го прекинувате боледувањето, го носите во градинка како постапувате. Кај мене матичниот на малиот колку сакам денови толку ми пишува само ми вика до кога да пишам .
Погледни во XXXLUTZ сеа имаа и попусти. Ама имај на памет дека за вака поголеми работи секаде се чека минимум 2 месеца. Исто, како ги товарат и растовараат, до последна дестинација - тебе, менуваат 3-4 пати различно комбе и не баш се внимателни при истовар утовар. Често даски знаат да се со некаква штета, обично гребаници. Добро е што без проблем враќаат и менуваат, лошо е што уште толку се чека. Па и јас би ти рекла да се спремиш со живци.