Во понеделник карневал, па ќе имаат парти во градинка. Денеска ја зедов со растечен нос. До сеа сите журки ги пропушти оти беше болна. И халоувин и латерне и сите работилници заедно со родител. Не ја пуштам сеа во градинка овие два дена со надеж дека нема да стане побетер. И костум купивме. Сака супер херои па ете ја амазонка ќе биде. Костумот го купивме пред да дознаеме дека забавата во градинка ќе била тематска - животни од џунглата. Ама ми рекоа не е битно, може да облече што сака. Малку ќе ми биде мака ако сите маски ќе се животни, ама знам дека нејзи нема да и напраи некоја разлика баш. Денеска имаа и табела со храна, кој сака да се потпише ако сака нешто од тоа да донесе. Се фино, овошки и зеленчуци претежно, некои кекси, ама и виршли и чајна?! Вака иначе задоволна сум од храната таму, балансирана, иако мојава претежно јаде само она што јас и праќам, секогаш го проверувам неделното мени. Ќе си пукнам од мака ако ја промаши и оваа журка.
Ako i tece nos samo nisto strasno sigurno vo grupata na 80 posto im tecat nosovi momentalno.Zgolemi vitamini i prosetki vo priroda za drugo nazalost sme nemokni...Virsli, cajni, i razni kolbavcinja jas koga odav na adaptacija vidov deka skoro site deca jadat toa ama vo kombinacija so razno ovosje, zelencuk...I mojot jade samo vo granici na normala i 1 do 2 pati nedelno prakam i za dorucek.
Знам. Цело време откако е тргната и тече нос и од неа и малото исто. Баш вчера искоментирав дека еве два дена беа ок со носовите и ноќеска приметив дека почна тешко да дише и знаев дека денеска или ќе се затна или ќе протече. Ама еве ја, како дојде заспа и не можам да ја разбудам, едната учителка им е кранк па сеа чекам други симптоми. Виршли, чајни сегде даваат знам и не гледам проблем во тоа кога не е секој ден, ама мислев сеа бар за забавата не мораше да има. Како и да е, мојава ништо секако не јаде, онака гласно си коментирав. А баш пред некое врене, негде читав дека ќе ја подобрувале храната по градинките и школите. Можда и баш тука прочитав..
Пред две недели имаше во групата на ќерка ми , правевме само тест то стеј.Огромна група се и групата каде е фру унд шпет динст.Сите болести таму се.Имаше онаа недела шалак. На 23-24.02 ќе имало грунд рајнигунг може па нема да се разболува веќе. @SanelaS никогаш не се случило да оздравеат предвреме па затоа не сум имала потреба да кратам.Сметам дека времето одредено од доктор е потреба за да се одмори малку повеќе кревкиот организам. Пред некој ден прочитав толку реален коментар вика вака жената.Ќе пробам да го парафразирам и преведам.Нели докторите велат за едно дете што оди во градинка нормално е да е минимум 1 месечно болно.Ова сум го чула и јас .Арно ама ако ставиме дека едно дете кое тргнало на 1 год на градинка до 6 год има 5 год во градинка.Во текот на тие години се среќава со 250 вируси/бактерии итн.Или 250 :5год е 50 вируси годишно.Или во год има 52 недели значи секоја недела вирусче. За да оздрави еден организам од еден вирус ми треба 2недели .Ама нема никој толку слободини и платени денови па штом ќе заздрави со некоја сила од 60% го праќаме пак во градинка и еве го за помалку од недела пак е болно. Во оваа статистика влегуваат моите 2 . Др недела поминува кај малата 1 година градинка .Ова најтешкава уште 2 год и ќе почнеме да спиеме.Сама се лажам сама си верувам.
Има ли некоја Робот правосмукалка и како сте задоволни, кој модел? Убаво ли фака околу мебел , маси , столови? Јас пред неколку месеци си купив обична на Philips. Е сега со мало бебе почна да лазе и ми е напорно секој ден со кабли и таа се плаши, а немам баш време одсабајле. Сега се мислам помеѓу некој робот или Dyson.
Робот на отворен голем простор само и пак еднаш неделно најмалку ќе мораш правосмукалка. Јас имав во претходниот стан и генерално задоволна бев отворен простор ( големи собите па немаше мебел на сите страни) столици имав само 4 ги кревав и го пуштав кога ќе излезев се враќав све усисано и еднаш неделно правосмукалка права за ќошиња. Имав некоја обична марка 250 мислам го земав. Кога се преселив тука собите ми се помали по збиено е и ниеднаш не го пуштив тука го однесов на мајка ми. Плус и од роботот синко се плашеше едно време, а после тоа го бркаше го креваше и слично па беше проблем да го користам. Сега имам дајсон в8 ( најевтиниот во моментот кога купував) и топ ми е буквално секој ден го користам, појаката опција само за кревети ја користам и таа е баш гласна, а обичната опција нормално гласна ми е. Мојот конкретно не е опција за голем стан зошто претпоставувам батеријата ќе се троши. Јас на 65 кв не сум ја потрошила на едно чистење никогаш до крај. Кога чистам генерално значи кревети и појака опција користам секако чистам соба по соба па во меѓувреме е на полнач.
Здраво мајки јас не сум во Германија но мајка ми моментално е кај сестра ми во Германија на гости ке остане уште месец време а претх. Недела беше се разболела неколку дена беше со температура помина и температурата со антипиретици но продолжи да кашла и како тешко и било на градите претпоставувам дека е за антибиотик праве и сестра ми инхалации ама нема подобрување и они се од скоро време во Германија па не знаат како би дојделе до антибиотик... Ваши искуства и предлог решенија фала ви позз
Без патничко осигурување ли е? Без доктор да ја ѕирне тешко за антибиотик да се препише. Доколку нема патничко, види сестра ти да праша во осигурувањето таму преку неа како туриста да се осигура и да си оди на преглед.
На приватно нека оди ќе ја прегледаат максимум за 100 евра.Пред 9 год беше 50евра на приватно.Ама антибиотик не верувам дека ќе добие.За кашлица ќе и препорачаат само на природна база нешто.Прашајте во аптека за некој сируп да не е на природна база. Мене што ме фати еднен вирус 5-6недели кашлав продуктивно со шлајмови ,воздух не можев навечер да земам.Од аптека си зедов Bromhexin за 2-3дена бев подобра. Исти симптоми како корона и кашлицата траеше кај сите колеги 5-6недели.
Епа може да оди на доктор, да ја прегледаат и ќе си препишат терапија што треба, чим има патничко немајте гајле. Ако не, на приватно тоа е
Девојки. Треба да однесам банани во градинка за забавата за карневалот во понеделник. Колку кг да купам? Колку носите обично за вакви дешавки?
Хааа не бе земи 10 тина околу 2 кила доволно се , сите ќе однесат по нешто и ете ти . Кај нас се 9 па ми напишале 4 , така да 10 се доволни.
Земав јас 15. Ама после дома почнав да мислам да не требаше поише, затоа пишав. Плус им земав и големо пакување лотус бисквитки, валда е доволно. Фала ти.
Немам носено банани, ама имам видено едно девојче од поголемите кога ги предаваше околу 7-8 банани беа. Ги сецкаат не јаде секое дете по банана. Впрочем толку работи се носат секако им останува многу. Јас пред некој ден носев брецели имав испланирано 9, ама на крај 7 ставив зошто толку ми собра во кутијата да не носам две и сабајлето на апп стигна да не ставаме храна наредниот ден зошто премногу храна се собрало па имаат за два дена за доручек.
Па претпоставив ама после реков да не бидам циција на крај ај докупив уште толку. Па реков за дома ќе остаам 2-3, ама маж ми рече све ќе ги даел демек наредни денови ќе им ги давале за ужинка. Ај прв пат ни е, сите сме многу повозбудени од неа.
Нареден пат прашај може треба и да ги насечеш во чинија. Не им даваат по цела така да 15 ќе се премногу. Кај нас е во вторник карневалот ,на роденденот на малата.Треба да одмесам 2 сока од цреша.А треба да спремам 40 мафини како за 2 групи. Ми вика воспитувачката па не мора за сите деца сопремај само за нејзината генерација.Велам мафини ќе правам или ќе донесам за сите или за никој.Како така дојдете 2 годишни деца они толку разбираат , еве вие ќе јадете овие 6 год што разбираат нека гледаат. Ми немаат логика значи.Колку се скржави или шпарливи може да се чуди човек.