Давам kinderimmun, omega гумени рибички од молерс, дека масло не сака да пие и ацерола ц вит зедов од Алкалоид, тука не најдов соодветен. 4 пати пиеше антибиотик од август наваму заради градинката, па затоа решив малку да го бустнам во зимските месеци. Не знам дали има ефект или не...
@Lianna Anna и кај ќерка ми исто. Иако потпишав да не ме бараат порано, знаат дека сум дома и еве наводно не е спремна за целодневна па ја земам во 12. Глупости. Детево е живо среќно што оди во градинка. И откако почнав во 12 да ја земам е супер, секој ден пофалби. Преку ноќ се смени и до 12 ја бива иначе не. Сеа ќе имам гости и ќе биде 2 недели дома, и после тоа има да седи до 4 па не ме занима више. @dunika какви капки? Знам дека чајот е топол напиток, ама кај ќерка ми ништо топло не поминува, само изладено јаде/пие. Дали би имал некој бенефит чајот ако и го подвалам ладен?
@Yowannty овие се,на база на бршлен Ама Швајцарија и Германија не си ги мешаат лековите Ке најдеш сигурно со ист состав,само произведени таму.Ако не се од бршлен,од мајчина душичка се,Thymian на герм. Нема врска топол ладен напиток,и во шишето со вода капни и,читни упатство само.
Еве овој јас им го зимам , најдобар вкус и мирис ми има , од градска аптека го земав , и на амазон го видов исто , ама таму за 2-3€ поскап беше , а јас за 14.99€ го земав од аптека.
Кога сме кај јазиците, некогаш жал ми паѓа за детето, со три јазици да расте и нормално после каша попара во главата. Пред еден ден вели, мама ама нејќам да есеме. Исто, она вели Bitteschön, јас одговарам Danke, a таа: You're welcome
Затоа што во градинката имаат негувателка која зборува на англиски, нешто како Internationale Kinderkrippe е, и плус од тоа што гледа цртани и песнички на англиски на тв. Иначе со текот на времето мислам дека ќе си дојде се на свое место, мала е, нема три години уште.
Да да отприлика на 5 години нема да ги меша. И мојата така зборуваше на почетокот еден збор македонски еден германски.
На мене еднаш ми се има ,,испонашено'' воспитувачката, ми вика: а зошто до 2 денес, тажна е, и кажав само дека имам и јас обврски додека е она на градинка и не ми спомна друг пат такво нешто. Ма да мака ми е некогаш кога одам во 2 да ја земам, а по правилно треба да е до 2ипол, сама си седе со воспитачките, си црта.
Хаха ме насмеавте за ова со јазициве, мојава е уште бебе и стварно незнам како ќе биде, јас и зборувам на македонски, татко и на неговиот јазик, на тв гледа англиски, и во градинка кога ќе почне германски Имам читано дека децата што растат со повеќе јазици во нивната средина покасно прозборуваат ама ги совладуват сите јазици перфекно.
Ве прашав мислам еднаш ама не го наоѓам мислењето. За покачување на плата, треба јас сама да му речам на шефот, шефот треба или некој од погоре одлучува? Цело време ми покачуваат ама малку по малку. И кога ќе сум работела три години демек ќе сум земала исто како Аусбилдунг да имам завршено, ама не знам дали тоа значи дека од денес за утре ќе ми ја покачат? Во јули полнам три години, а трпение имам нула. Цело време прашувам де порано да одам дома, де покасно да одам на работа, де кранк и незгодно ми е за плата да прашам. Ќе речат кај едвај доаѓа на работа па уште и за плата преговара.