Добро кај вас од градинка ви стигнуваат известувања за notbetreuung? leider müssen wir für die restliche Woche eine Notbetreuung einrichten, da wir personell nur noch zu dritt im Haus sind. Wir bitten Sie unten Ihr Kind für die nächsten drei Tage anzumelden, wenn sie eine betreuung benötigen. Ова беше пред две недели од тогаш понеделникот розен монтаг исто беше нотбетројунг, денес не работеа сите имаа прва помош курс и денес стигна за во четврток и нагласено може да отидат само деца на кој двајцата родители им работат и тоа само од 8 до 12. Јас моментално не работам ама ете баш тој ден имам термин за крв вадење во другиот град и сега треба да го влечам со мене. Јас го праќав секако кога беше можно, така по еден ден на 3 ќе го оставам дома ама пак многу ми е. Ако оставам да не оди кога има нотбетројунг плус кога е болен он ќе оди само 5 дена месечно. Иначе да не ми го вратиле никогаш со изговор болен е, ама денес ми ја прелија чашата со ова ве молиме да остане дома ако сте во можност.
Само кога почна короната беше вака. Од тогаш па навака не. Значи немаат доволно персонал. И нема што да правиш. Има одредено колку деца на колку воспитувачки и тоа е. Освен да се нервираш што и за нервирање е.
Абе не лажат двајца (најновите што ги примија) се на подолго боледување, една дала отказ и сега тие неколку што се останати незнам како ротираат со обврските, ама многу често е. Кога тргна синко во градинка и бараа персонал зошто некоја даде отказ една мајка со поголемо дете ми рече секоја година истото. И стварно све се со повремен персонал на помош за месец два. И неколку што се стални. Во секој случај јас активно барам работа и кога ќе најдам уште на почеток ќе треба да барам да излезам порано во ваков случај? Денес многу се изнервирав, пречесто е ова.
Кога ќе најдеш работа ќе оди во нотбетројунг. А да им го покажеш стариот договор? Кај нас јас седев дома дека бремена ама малава беше во листа на нотбетројунг дека двајцата работевме ама сепак дома ја оставив. Од сам почеток е во листата на нотбетројунг. Не ни барале од ново дали работиме или не. Можеби и ти може да “излажеш” дека работиш сеуште.
Мислам дека мислат дека работам, плус запишан е со продолжено време, а така се многу малце деца кај нас па ради тоа или дека претходно работев секогаш му викаат кажи и чао на мама она мора на работа и не сум ги поправила. Ќе се снајдам сега ќе го земам со мене или кај една другарка што е на трудничко ќе го оставам кратко, ама баш сакав да знам дали е само кај нас вака. Другарка ми двете деца и одат во различни градинки во истава општина и ми вика никогаш не се случило кај нив да фали персонал, а кај нас редовно и баш се прашувам што е проблемот. Да уште нешто сега кога беше тој прегледот за пред школска во градинка таа докторката ми препорачува да го запишам на активност за додатно да слуша и збори германски ( иако стварно му е доста добар) ама ете дете со повеќе јазици растено, а ваму во градинка не може редовно да оди каде што треба да му е основната комуникација.
Во каква градинка ти оди ? Кај моето кога беше до 3 години беше во католичка и цело време беше проблем со персоналот. Сега е во градска општинска и немаат проблем со персонал и некако имаат направено со една група ако во случај да фалат повеќе воспитувачи па ги спојуваат во таа група. Немам појма има или нема некаква врска, ама сега пак пробувам да го ставам во градинка во близина кај што живееме па сеедно ми е дали е католичка или градска само да добијам место.
Дали си била во Август , да не е многу жешко ? Полн пансион или полупансион, алл ин како се исплаќа ? Интересна дестинација. Те молам за твое искуство .
Ние бевме почетокот на јули, да напоменам бевме на Гран Канарија,температурата повеќе од 27 степени не се качи, а така е претежно и во август. Таму има константна температура и обично нема жештини, идеално за бебиња. Кога бевме ќерка ми беше 11 месеци. Ние бевме ол инклузив со се транспорт од и до аеродром, плативме 800 евра за двајцата плус детето, 8 дена, ресорт со 4 ѕвездички. Бевме сместени во ресорт на самата плажа, имаше игрална и плус можеше да го оставиш детето во одредени периоди да ти го чуваат. Ние букиравме last minute 20 дена пред да одиме, 60% попуст имавме, многу исплатливи понуди има ама last minute. Агенцијата се вика Ltur.
Супер цена сте начекале , гледам на Check 24 доста е скапо , но можеби ќе најдам подовра понуда. Дали се сеќаваш како се викаше вашиот ресорт? Нафвор од хотелот има ли што да се види ? Ти благодарам многу доста корисни информации
Taurito Princess се викаше ресортот. Од хотелот имаше бесплатен автобус до едно селце со пристаниште, се викаше Puerto de mogan, за 15 минути се стигнуваше. Местото преубаво баш како на сликите. И пустина имаше што може да се посети, dunas de maspalomas Се викаше и тоа беше многу убаво. Островот е мал па се е многу блиску. Ние само тие 2 места ги посетивме, оти со мало дете малку потешко оди шетањето.
Можеби ќе биде едно од прашањата на кои ќе добијам одговор. Ако не се адаптира во градинка ја враќаат пола сума? Во декември ниту еден ден не седеше повеќе од еден саат. Чекам ама ништо не ми спомнаа. Ама за скоро ич не одење прв месец адаптација се мислам дека имам прочитано некаде дека враќаат пола.
Моево 3ипол месеци се адаптираше, го имав запишано на 9 саати, значи фул. Ни еднаш не остана повеќе од 5-6 саати и тоа веќе третиот месец. Првите месеци 45 мин, саат максимум. Цент не вратија, фино лепо 400 евра секој месец си плаќав, па и за ручек ни наплаќаа, а он не ни седеше до ручек. После прочитав во договотот дека фазата на адаптација за персоналот била демек исклучиво тешка и стресна, па затоа се плаќало комплетна сума Може кај вас е различно, ама јас не би се надевала многу.
i kaj nas nisto ne vratija prviot mesec plakav za celodnevna a ne sklopuvase ni 2 saati, plus i za rucek naplatija ova vo prvata koga bese . a sega od tret den ostanuvase celo vreme a rucekot ne ni go naplatija.Izgleda kako ke ti se padne e rabotava.