И мене ми е идеално чистење. Ама појма немам како треба да им исчистам фрижидер и електричен шпорет? А секаде го пишува и тоа. Јас дома како што ги чистам сигурно не треба и таму така.
Одозгора одозгора ако многу зборат ќе отидеш кај други. Да знам дека е класа 6 ама не знаев кога се мени.Таа автоматски се мени ако имаш 2 работи па не знаев дали мини џоб спаѓа таму.
Imas cistenje okolu zgradu fleksibilno e toa koga ke mozes samo da e iscisteno od 12 do 15 evra e saat toa .Nekija kniska nekoja cigara listovi okolu zgrada itn. Obicno ti vikaat 450 evra mwsecno pa ti da si raspredelis koga ke rabotis i kako .
Може ли да купам две карти за возрасни за мене и ќерка ми (20 месеви ќе биде во периодот кога сакам да патувам) за да добијам две седишта, или да земам една карта за родител и една за дете над 2 години дали се до толку ажурни да приметат и дали би ми правеле проблем? Седиштето на родител и дете едно до друго по автоматизам ли е? За виз ер прашувам. И уште нешто, на ќерка ми не и давам ништо дополнително, никакви витамини. Почнува во градинка сакам превентивно да почнам да и давам, барем на почетокот за помалку да се разболува, ако е можно. Имате ли некој предлог што можам да земам? ( 1ипол година е)
Можеш да пишеш дека е 2 год исто ти следи седиште. Мислам почнуваше твојата со градинка после април.На пролет или лето се намалени инфлуенци/рес вируси.На пролет и лето владеат маген дарм /колсаки ама се помалку. Лани за жал не беше така, се надевам ова лето на помирно лето. За витамини имаше претходниот пат одговори.Јас на големата сум давала Саностол ама она не јадеше ништо. Инаку го има во дм/росман и поголемите маркети и аптеки.Во него нема железо туку б витамини и витамн ц.
Џокси, весници кај нас стриктно на сабајле се носат, јас сакав да почнам мини џоб, ама ептен ми е страв зимата рано сабајле да шетам низ селото. Обично со последниот автобус ги праќаат, за рано сабајле да ги носеш окочу 4ипол-5 ми кажаа на мене. Пробај со чистење на канцеларии, обично и сабота и недела можеш да чистеш. Јас до лани чистев во една фирма, и мојот и на мм миниџобот, ако најдеш некоја таква фирма што може да ти даде и на мт миниџобот да го работеш уште поубаво.
Можеш да резервираш, не би требало да ти направат проблем особено сеа што за повеќето летови чекирање седиште ти кошта малтене исто ко тикетот. Виз се имаат преценето скроз. Јас последно кога летав со ќерка ми немаше ништо автоматски морав сама да чекирам седиште едно до друго. И јас како Ава давам саностол. Има од 1+ и 3+ се префрлив пред некој месец. Лично сум многу против суплементи, ама ќерка ми ништо не јаде па демек вака некој витамин да внесе. Можеш и Молерс. Во суштина витаминските сирупи се 3+ генерално, само за помала возраст се дозира помалку. Молерс се малку специфични мојава не прифати ниеден вкус. Саностол се сосем солидни без сол/шеќер и фин состав.
Вие што имате дечиња во школо , кои ранци се најпогодни за првоодделенци? На што треба да обрнам внимание? Тука 99% од ранците се кастенформа.
Женцки заборавив утрово да ви го празникот на жените.Нека ви биде среќен и продолжете да се борите за рамноправност.Ние сме поспособни од мажите. Денес добив роза во Реве и од еден колега со колешките Линдор.Инаку кога честитав на кол ме гледаа чудно како што сега.Какви реакции фобивте вие?
Од сабајле не можам, на работа сум, сабота и недела исто е проблем, не секогаш ама скоро секогаш. Ептен треба тие 20-30-40 саати по моја мерка да се, кога ќе ми одговара тогаш. Три недели однапред можам да им кажам кога ми одговара. Ќе најдам нешто. И најдобро е да е еден ден во неделата. Ако е повеќе денови сигурно пола од деновите нема да можам да се појавам. Ама па добро кранк што имало и одмор, порано немаше кога работев. @Kasiopaja221 Сите деца гледам имаат таков коцкест и околу 100 или 200 евра како што читав. Премногу им се чудни да, посебно за мали деца. Ние од мали имавме обични ранци од 300 денари од пазар. А поголемиве деца гледам немаат такви тешки ранци. Туку не сум приметила пасошот дека ми истекол. Тоа може да е страшно? Визата не ми е истечена. Направив одма термин крај март за нов пасош.
@Ava.84 @Yowannty Ви благодарам и аптекарката ми го предложи саностол, единствен беше за деца под 3 години. Инаку од утре кренуваме на градинка. @gjoker4e Пробај во некоја пекара, јас работам мини џоб во пекара само еден ден во неделата, ама многу се флексибилни бидејќи имаат преку 10 филијали во градот и секогаш можат да ме сместат некаде. Исто така и во рестораните за брза храна мислам дека може. Маж ми одеше во мекдоналдс мини џоб само петоци од 2до 10 и тоа си беше фиксно. Среќен 8 ми март
@Dancewere со среќа во градинка Сакав да прашам, после колку време вашите деца почнаа да зборуват со другарчињата Германски? Мојата скоро една година откако почна со градинка, ама многу е смешна пола реченица на Мк пола на Гер.
Лелеее луѓе што се овие сирениве, и ова свирењево на телефонот , од памет ме извадија. Многу вести гледам у последно време, само војни, земјотреси, убиства, и си напраив филм
Се навикнавме веќе на сирениве. И така не трујат веќе со негативности од секоја страна... веќе ќе отрпнеме. Овој мелдунгов на телефон успеале овојпат уште пострашен да го направат, со трепкање во црвено, со грозен звук, ма до најмал детал... да те наежи.
Сируп имам давано од 3 год беше, немаше порано од 1 год.Сега гледам има.Па ќе ум купам и јас на моите оти пак се болни. @Dancewere лесно навикнување во градинка.
Јас го давам сирупот. Сирупот го има од 1 година и од 3 години. А гумени бонбони имам вакви од ДМ Ама ќерка ми не ги бендиса баш, па ја и маж ги грицкаме. Гумени бонбони се 3+ обично, ако веќе јадело такви.