Нас моментално не спротера некој вирус.Веројатно корона.Петпати се тестирав секогаш негативен.Си пишав со шефицата и таа е позитивна , а моментално сме во иста канцеларија. Ми вели волку многу болни не е доживеала во нејзината 23 год кариера во фирмата.Само 10 се позитивни, а др што не се позитивни се болни од јак вирус што кутнува по недела ипол.Над 15 луѓе нема. Мм спушти на градите ,ептен лоша кашлица исто и јас и децата.Јас изгубив вкус и мирис затоа мислам дека е корона.Катастрофа мислев пролет иде. Сакав утре да одам на раб ама ми рекоа седи до понеделник за да не не заразиш и нас.А јас 8 дена болна ,уште кашлам ама носот ми е тече како чешма.Што ќе кажам на др сега таа сакаше да ме пише болна до петок ,ама јас не до среда.Ќе ја изнервирам.
Јас исто така имав прочитано/слушнато некаде, дека ако во една година не си користел никакви лекарски услови и рецепти за лекови (ова не вклучувајќи ги децата кои се преку тебе осигурани) можеш да добиеш бонус од кранкенкасата назад, во висина од еден месечен Beitrag. Барав на интернет, има нешто ама малку е збунувачко, не е баш добро објаснето.
Да се пријавиме и ние со вирус, цели 2 дена ќерка ми одеше во градинка Температура преку 40 на двапати качуваше, среќа сега намали. Големото дете (маж) исто е болно. Мене и овојпат ме одмина што човек ќе бев сите болести од мене бегат, а само шеќери и тесто јадам.
Здраво на сите, Се обидов да најдам нешто во врска со моето прашање ама безуспешно, па затоа пишам ново Дали сте имале искуство да патувате за Македонија од Германија (NRW) со новороденче (5-6 месеци) кое има македонски пасош издаден во македонски конзулат во Германија, а чија дозвола за престој во Германија сѐ уште не е издадена, но е во постапка? Ако да, како поминавте на граница кога се враќавте во Германија? Јас имам Niederlassungserlaubnis, а татко ѝ бугарски пасош, но на враќање од Македонија ќе патувам само јас. Фала однапред за одговорите и убав ден!!
Што носите кога им е роденден на малите во градинка? @Ava.84 ако добро памтам, ти имаше нешто како на стапчиња однесено во градинка за роденден, баш ми остана во сеќавање, многу беа убави, ама не знам, колачи ли беа, што беше тоа?
Да, Cakesicles-Kuchen am Stiel беа.Јас си направив мое тесто и беа обложени со чоколадно.Имаш на YT. Дали од овде гледав не се сеќавам. Интерсни мафини имам правено во корнета многу брзи и лесно се прават и на изглед интересни.Сакав и оваа година такви да носам ама не најдов вафел-беха во едека и останаа нормални чоколадни.Тогаш овие ги правев. Имам носено и папагај кухе, папагај мафини исто интересни за децата и тигар торта(оваа ми е од мк рецептот). Што ти е полесно тоа тие секако се ќе изедат, а на нас ни е стрес само дали ќе ги погодиме.
Фала ти многу за идеите, прекрасно изгледаат, сигурно ќе биде нешто од ова. А и папагај кухе ќе видам како се прави, прв пат имаме роденден во градинка, благо речено, можам да се онесвестам од возбуда А кога правиш било што, го правиш без алергени, така? И тоа ме мачи
Mora da prasas vo gradinkata sto smees da nosis kaj nas vo prvata gradinka mozevme samo obicni mafini , ovosje i zelencuk.Vo vtorata gradinka slobodno moze sto sakame bez ogranicuvanje.Zatoa konsultiraj se prvo vidi ato ke ti recat.
Рекоа на Elternabend дека е ок било што да се однесе, само ептен да не било со Sahne. Ќе прашам и за алергените, ама мислам дека е најдобро без, чисто да не ризикувам.
На какви алергени мислиш?На нусе ли?Немаат никакви Nüsse,само јајца ,брашно и шеќер. Во нашата градинка исто е без Sahne. Имав среќа дека до сега не се погодило дете алергично. Сега во школото на големата има едно дете нема на што не е алергично.Среќа роденденот и е во распуст. Папагај кухе/мафини е многу прост рецепт со многу бои.Ама за децата тоа е интересно боите.
Ние патувавме за МК со бебе 3ипол месеци со патен лист, таму извадивме пасош. Се вративме и поднесовме дозвола за престој. Додека ја чекавме дозволата, бебето веќе беше 8 месеци одевме за Шпанија (бебе со мк пасош си беше) немавме никакви проблеми. *Од NRW ако има нешто значение.
Дечки што е паметно да кажам на разговор за работа ако ме прашаат зошто сум ја напуштила предходната работа? Значи причината беше една колешка ( и тоа што бевме само ние две ниедна друга не се задржуваше повеќе од две недели) ама незнам дали е паметно да бидам искрена или да кажам нешто друго и што? За истата работна позиција сум на интервју па дека сакам да сменам не е опција.
Можеш да кажеш поради нови предизвици и одговорности. Или дека се случила реконструкција на работата во претходната фирма, која не дозволува да се градиш во нагорна линија. Нефликсибилно работно време исто е опција. Или едноставно од приватни причини, само не знам колку е ова паметно да го кажеш. Јас би го кажала второто, значи минимална и ограничена средина за раст или направи некоја комбинација од првите две опции. Не ми текнува ништо друго. Патем, ти пуштам среќа.
А имавте ли фикцион ауфенхалт? @Chantal јас секогаш сум искрена иако не е секогаш добро.Ама можеш да кажеш од приватна причина и толку нема да те прашуваат.Со среќа.
Фала ти за одговорот, @NovaMihajlova! Ми дава надеж дека сѐ ќе биде во ред. И ние ќе патуваме од NRW, Келн. Од Ausländeramt ме советуваат да не патувам без дозвола на ќерка ми, но така треба да чекаме уште еден месец, а тоа не ни се совпаѓа со плановите. Па на своја одговорност ќе ризикувам.
Spoiler Мора да стои и тука ова. И јас вака гледам на ова. Исто како моите во Австралија што немале леб да јадат, а сеуште не се вратија во Мк туку купуваат вили и скапи коли без разлика на тоа дали се на кредит или не, во Мк ни со кредит не може да се постигне тоа тие што го постигнаа ама битно за леб нема кога сака некој да се отсели.