Не одеа во школото туку имаа секоја среда ден за учење на предшколските деца и многу правеа и учеа.Сега пак другата воспитувачка и домашно им дава ептен се залага да ги научи децата. Мојата имаше полна папка со направени вежби на крајот на годината.Многу и помогна тоа, ама и јас со неа си вежбав со книги почнавме од 3 години.Само не ја форсирав буквите оти не знаев како ги учат дали како глас пр.л или како буквата ел.Не сакав да ја бркам и да не и е досадно сега.
И јас тоа не знам како да ја учам и не ја учам. Дали може да каже некој како треба па да почнам? Нели ќе е тешко спелувано. Или само нас ќе ни изгледа дека е тешко?
Ги учат како нашите букви само гласови , а од 3то ќе почнат како што е буквата.Оваа песна ја учеа кај мојата цело полугодие.
Види некоја тема огласник за свекрви. Ако некого нервира не значи дека и тебе ќе те нервира Ти кажав дека 30 саати е идеално, не ти треба повеќе од тоа. Со 30 саати во принцип ако можеш да се организираш имаш 3 дена викенд, а нели натаму се стремиме
Зошто во песната не одат по ред буквите? Очекував да е како еј би си ди ама нема, германскиов си е машки, раперски глас, ич не е милозвучен. Освен симпатијата моја кога збори. Сега ми текна дека едно време и симпатија имав ама не ми текнува кој ми беше симпатија.
Така им се буквите по таа книга што ги учат.Внук му учи др книга и има друга песна, ама пак не одат по ред.Учат не поред за да можат да сврзат збор и да научат да читаат .Има букви што не ги ни пеат. Џоки остави го детето да си ужива уште некој месец ,ќе си научи тоа дури и сама ќе се чудиш како се успева да научи.
Ако мислевте дека нема веќе Корона, се лажетееееее уште постои, 4 нови случаеви од вчера до денеска во градинката, како што е тргнало дувло на Короната ќе стане
Има ама не е интересна веќе. Преку ноќ исчезна и заврши пландемијава. А кога ќе се сетам, лани оваа време требаше децата трипати неделно да ги тестираме како услов за посетување на градинка. А сега заразените не мораат ни да се изолираат.
Како ја минуваат децата? Ние бевме заразени со мм, јас асимптоматска бев, а мм лесно помина. Само ми е страв за малата
Има ли некој искуство со овие бои за јајца? Од нето ги земав. Ако не се добри, кажете каде д најдам од тие нашите бои што се како прашок? Дали да барам во бугарските продавници?
Можеш и најобична прехрамбена боја од по германските маркети. Јас од хит си купив лани во прашок црвена боја и испаднаа совршени. Тие како гел тубички не се нешто. А како прашок се супер.
Баш пробав да најдам и не можам и да се сетам на кутивчето. Таму кај што се сите тие додатоци од тој вид знам само дека беше единечно пакување пример само црвена боја. Може да биде било која фирма ама да е во форма на прашок.
Lebensmittelfarbe на Dr. Otker или Ruf и на него Pulver да пишува. Стојат кај што стои се што е за торта.
Да прочиташ позади на упатството. Ако има на нет упатство ќе пишам пак. Јас до сега само со боите од дм имам фарбано. По две таблети наместо една за појака боја. И со салфетки фарбам.
Трет пат ја поминавме пред 2 недели, со ден и пол температура до 38,5 и малаксаност. Исто како и минатите 2 пати. Дете од 2,5 години трет пат со ковид
Купи само жолти јајца,на бели искача баш пастелно,иначе на истиов бренд има течни бои,од нив сум задоволна.