Ме откачија и Woolworth. Само за навечер барале и тоа секој ден по неколку саати некој да ги собере сите работи што се оставени на погрешно место и да ги нареди. Од 16 до 19 часот тој период отприлика рече. Ако на некој од вас случајно му одговара нека оди да праша за ваков мини џоб.
@Poppins Молерсот го чуваш во фрижидер? Недела дена ми стои надвор. Дури сега нешто ми кликна да не треба во фрижидер. На него пишува на ладно и темно место. На темно ми беше ама не и на ладно туку на собна температура. А друго што ми текна на маж ми му се лошеше многу откако проба една лажица.
@gjoker4e миниџоб одсабајле у бутици и дуќани најарно, кои вадат роба одсабајле. Пробај Peek&Cloppenburg, Zalando, TkMaxx, Ikea, Bershka, Zara... Тука стига роба повеќе пати неделно, и се претура од шупље у празно.
Спојлер: Штедење Секогаш ми паѓа каматата во очи ама немам почнато да штедам на Кларна. За разлика од банките ова е огромна камата. Па ако не сте го виделе до сега можеби ќе му се најде на некој. @Gosh Јас некој проблем имам со бутици, се ме чеша, дури и кога одам да разгледувам, не знам што ми е. Затоа мислев некаде како дм, Актион, и тука се реди роба, само не е облека па ќе ми одговара. Изгледа ѕвездите не ми се наредени за мини џоб сеуште. А моменталнава работа ја најдов многу интересно, во 12:00 однесов бевербунг и лебенслауф, во 14:00 ми се јавија за да одам на разговор, кажав и одма можам па ми рекоа во 16:00 и одма ми направија договор на неограничено. Од прва значи. И еве ме три години тука и најсреќна кога одам на работа.
Акцион, ДМ, Теди, Кик и сличните секогаш имаат потреба од работници (ок, зависно од посетеност на локација), ама не само кај нас во Мк, туку и овде се оди со препораки. Сведок сум како постојано се носат СВ, ама не те знаат, не те примаат. Ако има некој за тебе да каже, еј наша е, или ја познавам, греота е и треба работа, 95% влегуваш. А, башка работа ви е тоа што сакате строго определено работно време. Во продавници кои работат двократно, реално е сите работници да бидат флексибилни од 6:00 до фајронт. Е, тоа што откако ќе почнеш некаде и ќе видиш дека има луѓе што си наредиле само прва да идат и кој филм го продале, тоа е друга прича.
Ја по лично искуство, не глеам дека треба баш препораки, туку искуство у сличен дуќан.Ја плус иам 10 години искуство на каса. Ја еве сеа најдов работа у познат бутик, една недела пред да ми истече договорот однесов ЦВ у 6 бутици и 2 маркети, Едека пример, и од сегде ми се јавија, и почнав да работам одма дента након што ми истече договорот. Буквално таа недела не знаев каде попрво да отидам на пробецајт, дури у Зара не ни отидов. И шо е најинтересно, дури и преку завод за вработување добив последниве 3 месеци околу 8 понуди за работа, и тоа не преку цајт фирми. Чарето е најарно на рака да дадеш ЦВ, и плус онлајн ако има оглас, и наравно да си го штелуваш ЦВ кај си работела, ако си за каса, пиши каса си работела, ако е Теди, пиши Кик си работела. Сегде е различен системот, и да имаш искуство, пак се јово наново ќе учиш. Малце само лажи на интервју, и тоа е. Е сеа фората е шо ретко кој ќе те земе претпладне, и плус само 3 саати, и затоа ограничени се опциите. @gjoker4e Иначе за редење роба, бутик е најлесно, а не тракаташки, али ја мислев повеќе во лагер да бараш миниџоб, најчесто по бутициве зимаат миниџобери, оти тоа е као посебен оддел најчесто, иако е во самиот бутик. Дури и под друга фирма се водат најчесто. Ја така миниџоб работам во познат бутик, и тоа највеќе до 14.00 бараат, да се земе робата од лагер, да се нареди во продажба, да се стави новата роба во лагер. Нит се замараш со муштерии, нит ништо.
Мене ме нервира тоа што ако сакаш само втора да одиш тогаш нема никаков проблем. Ама за прва смена е проблем. Кај мене на пример пет души одат строго само втора смена. Епа зошто на местото од тие пет да нема и пет што ќе одат строго само прва смена. На флексибилните нека даваат едно евро повеќе од саат. Или ако сака некој само прва нека му смалат едно евро. Нека смислат нешто. Вака само бараат работници, а такви флексибилни работници нема.
@gjoker4e Ако си во околина на Берлин пиши ми, гледам бараш мини џоб, имам блиски таму може ќе ти помогнат зависно каде си и што би работела.
@gjoker4e евентуално и во/околу Бретен ако си, исто пиши. Вујна ми работи мини џоб таму од 8-14 па ако сакаш ќе прашам
А бе, и јас така викам, ама пусто секогаш и сегде се тепаат сите за прва смена. А, кога ќе размислам нека стават стварно поголема саатница за втора, да видиш одма како ќе им одговара и втора да доаѓаат.
Морам сега нов да купам? Мислев заради тоа да не му се слошило на маж ми дека не беше во фрижидер, инаку нас тројца многу ни се свиѓа. Почна да јаде малава ама сеуште не можам да поверувам дека заради ова, за се треба време нели за да почне да делува ама и вчера изеде цел тањир овошје и зеленчук и цело време бара нешто здраво за јадење. Или се поклопи или стварно делува ова за една недела не знам. На германски Tuti Fruti е вкусот. Ми рекоа само тој вкус го има и Zitrone.
Фала ви. Од Берлин далеку сум. А Бретен Гугл ми дава само еден град во Франција што е блиску до мене. Денес во Теди аплицирав. Сигурна сум дека ќе ме земат дека еднаш реков не дај боже во Теди да работам. Правите генералка пред Велигден? Никој нема во темава.
Јајца дуваме, затоа никој нема. Појма немам како се праи таа техника, ќе го брукам дете, само јас нит имам појма нит ниет да научам
Мајки тие кои сте правеле роденден дома што подготвувавте зс дечињата. Овој викенд керка ми има роденден па за прв пат ке има и неколку другарки, јас незнам што овде спремаат за родендените. Јас се мислев за пици но дали само тоа е доволно.Па ако некоја веќе правела секоја идеа би ми била добредојдена
Грицки, мафини, капри соне, пуканки… На заминување се дава на секое дете кесичка со ситнурии од теди/дм и некои мали паковања бонбончиња/слатки