Супер фала ти многу За грицки такви работи ке ставам секако но се мислев и за оние малите пици да им испечам. А оваа за кесички не го знаев затоа и прашав овде. Да знам да си земам утре. Ти благодарам многу
Што ќе правите сега за нашиот Велигден? Има ли некоја православна црква во околината на Келн или Дизелдорф кај што се слави вечерта Велигден? Или го славите католичкиот?
Имате ли Toniebox за децата? Какви искуства имате, вреди ли да се купи? Од градинка ме советуваат да му земам на малово за дома, таму ептен му била интересна. Имам слушнато и од други мајки Германки ептен пофални зборови за Toniebox, ама искрено немав ни слушнато за чудово до пред некое време, дури не сум 100% сигурна дека скроз му ја разбирам намената и како функционира
Немаме ама 100% треба да имаш. Купуваш фигури и секоја фигура има своја песна. Кога ја ставиш фигурата пее песна. Тоа ми е како во три задолжителни: тони бокс, Matsch Küche и пупен Хаус за женски, за машки најверојатно е гаража за коли. Моето само со тони бокс играше во градинка за време на адаптацијата, од прва го засака и не се тргаше од него.
И моево исто е на адаптација во нова градинка, исто викаат, најинтересен му бил Toniebox-от. А таман се мислев што да му земам за роденден А зар само една песна имаат фигурките? Некои имаат и приказни, така? Си кажав веќе дека не сум баш на чисто со чудово
Женски, од која црвена боја за јајца сте задоволни? Од овие има течни капсули и како прашок, кој се подобри?
Јас од овие пробав пред неколку дена , од овие што се како апчиња, исфарбав едно јајце, убава розева боја ми испадна. Од розевата пробав. Ставив две апчиња во водата. Пробај на едно јајце од црвената и пиши како ќе испаднат
Најпопуларно им е Ние го имаме од скоро, го донесоа за 1.роденден со 3 фигури. Кај нас сите се со песни, секоја фигура има околу 10-15 песни, а има фигури и со приказни. И кај нас баш го сака, сам си става фигури, ги трга, пушта глас па намалува. Во самата кутија имаш упатство како се сетира, правиш профил на нивниот веб и го поврзуваш со вифито дома.
Јас искрено би го манала оти мене многу ми е шубе и паники ме фаќаат така ако направам за било што , јас декларации по сто пати читам , рокови само проверувам оти мислам одма мене ќе ми се десе нешто ако погрешам Али од друга страна зависи на колку топло си го чувала може и ништо да не му е. За гадењето секој различно го поднесува може на маж ти му е гадлив , мене исто гадлив ми е ја не се осудувам да се напијам и ќерка ми обавезно сок пие од кога ќе ја испие лажичката и се гаде и вика дека смрдела на риба а син ми пак цело шише ќе го испие без проблем За јадење кај ќерка ми многу позитивно влијае , и кај син ми исто приметувам промени , јас сум општо многу задоволна за се од Молерс . И јас тути фрути го зимам секогаш , еднаш само земав од јаболка или лимон(zitrone) вкус не памтам точно што беше , ама ќерка ми ептен насила го пиеше.
Прв пат се испоизнервирав од градинката. Шлапале во базен вчера. А кога имаат ден за базен ги пуштаат да go wild. Се им е дозволено и деца како деца живи среќни во вода. Прво одам да ја земам заспала, ај налет почекав за потоа да ми кажат дека е жива вода во главата. Немале фен. Ај што немале фен бар да и го пуштеле репчето какво им е топло таму ќе се исушела сигурно. Немав што да праам и ја натнав капата и пеш накај дома, а иако има сонце е баш ладно деновиве. А што е едно сафросано за пешачење кога не и се пешачи само застанува, влече нозе, па нешто си измислува само да се влече. Вчера баш така беше расположена. Ама ја не бев. Ако сакаат нек праќаат социјално веќе не можам да се нервирам. Со една рака колицата, со другата ја грабнав неа, таа цел пат го кенкаше ама сакав само дома да се прибереме што побрзо. И така… денеска и вчера имам напраено над 25.000 чекори. Само се бавтав навака натака, ама денеска посебно убаво е времево. На сонце е милина. Ми текна на @Lianna Anna лани таа ми ги кажуваше “адетите” за Велигден, бај да уеј кај си ти женска? Па во последен момент ми текна да купам подарочиња и да ги испокријам по дома. Да истераме нешто германско викендов. Што сакав да кажам друго… Ах да ова Имајте си убав долг викенд. Чуси.
Изумив и поклони дека даваат. А уствари требаше и јас? Можеби не мораше ама требаше. Ќе им дадам во сабота јас за нашиот Велигден ако не. Како од Марс да сум падната после две години дома…
Не сакам да бидам груба или грешно сватена, но нели сметате дека ова малце е мутаво и нечовечки како така во петок порано, што со родители кои неможат да се снајдат, ни да излезат од работа ни да го платат тој дел кој се плаќа, а чини многу повеќе за да остане подолго тој ден. Мене од Септември детето треба да ми иди прво. Не сум вработена- тазе сме тука во Германија но ту мач се со некои работи не ги можам германциве на моменти ич. Јас работев во мкд во школо ксј нас децата беа згрижени до 17 и тоа без додатно плаќање за некоја смешна сума што го плаќаа само ручекот.