https://www.thomas-philipps.de/de/ Имаш свашта овде,евтино и далеку по квалитетно од теди и слични продавничиња
@gjoker4e Urlaubsgeld или Weihnachtsgeld сфати ги како бонуси за Божиќ / одмор. Кај мене пример ги нема кај што работам. Тоа е избор на фирмата дали дава или не. Обично стои во договор ставка. За Ärztliche Bescheinigung имам пример пополнет ако сакаш, ама како што ти кажа Ава, оригиналот од педијатар го пополнуваш позади со податоци твои (ако ти не си била на работа) - таму има и простор за сметка да дадеш. Кај мене појасно префрлаа пари... Тек после 2-3 месеци. Еднаш дури морав да ги контактирам за да видам што се случува... На работодавецот се дава копија од ливчето. Некогаш би тоа не мора. Знаат кога не сум била и си кратат од бруто за тие денови. Да знаеш дека на крај на година од кранкенкасето ти стига потврда за исплата на деновите која ќе ти треба за даночната пријава. @danichap Интеграциски курс се состои од Sprachkurs + Orientierungskurs. Прво се следи јазикот 600 часа до Б1 после следуваат предавања за политиката и уредувањето во Германија. Ама има онлајн 300 прашања кои може човек да ги ѕирне (од општа култура се положува тестот) и да не оди на предавањата туку само на тестот (јас така направив). Прашањата инаку се исти како за Einbürgerungstest. Постои опција за овој курс да се плати пола сума со тоа што се добива поддршка од Bundesamt für Migration und Flüchtlinge. Тие плаќаат 50% од сумата на курсот. Доколку курсот се положи во првите две години, се праќаат копии од дипломите (Една од положен Б1 - Телк.. една од положен Оринтацињкиот курс) и после тие враќаат уште 50% од тоа што си платил т.е. му доаѓа уште 25% од вкупната сума. Значи на крај ќе дојде дека ти си платил 25% од сумата на курсот.
@Ava.84 @Kaetana Фала ви. Јасно ми е сега. Ама... Оригиналот го дадов на шефот. Дали ќе може од ново да ми дадат од педијатарот или дали се уште го чуваат на работа којзнае. На 12ти август бев дома.
И јас така првиот пат го дадов на секретарката и таа го прати кај сметководство (надворешна фирма). И кога не ми платија подолго време ѝ ги побарав назад. Пиша на фирмата сметководство што води, и ми пратија скенирани од кај нив. После скенираните ги пратив на меил на ТК и ми исплатија. Така да, и тоа ти е опција.
Туку.. дајте идеја за поклони за роденден кај деца од градинка... Прв пат одиме на роденден - викендов имаме 2 родендени. Децата полнат 4-5 години... И сме поканети на славење. Што се купува обично? До која сума?
Скоро се преселивме некој 30 км од каде што бевме. Сега во градчево каде што сме ме одбија сите Kinderarzt со образложение дека се преполни. Едните ми дадоа список на педијатри во околината и ми рекоа да барам во околните градови. Тука мислам прочитав дека со Meldebescheinigung мора некој да не прифати. Дали знаете како оди тоа и реално до колку км оддалеченост би не прифатиле?
Искрено не знам како оди, само споделив што ми кажаа. Не знам ни јас веќе колку не одбија нас кога сакав да сменам(а во местово само еден, барав во околни) па еден од тие што ме одби ми го рече тоа. Дека ако однесам документот дека таму сме пријавени ќе мора, вака со преполни сме испаѓа од секаква одговорност. Прашај во општина, мора да ти понудат решение во твојата општина.
@Kaetana немам лично искуство. Но по дуќаните за играчки секогаш има роденденски кутии со имиња на деца на нив. Не знам како оди процедурата, децата сами си ставаат играчки во кутија на кое стои нивно име па гости да не треба да се изберат нешто од тоа... Прашај за таква опција. Инаку integrationskurs њ за мајка ми. Вчера доби виза, на една година. Рекоа наредна на 2, па на 5..но еден од условите е овој курс. Па полека да се информираме.
@danichap разбравме дека е за мајка ти.Видите во VSH се најефтини и ако е еу бургер има право на пола пари назад и плус пруфунг-от е костенлос(звучам како автралка-македонка)Има многу тестови на интернет ако треба можам и да и дадам нешто ако најдам .Јас положив во 2014.Ќе ја учат внуките баба има да биде најдобра од класот @Kaetana немам искуство ама мислам било каква играчка до 20 -30 евра е доволна со обзир дека германците се многу скржави и тоа е премногуАма многу ценат рачно изработени цртежи .Па ако мачорка има желба може да нацрта или направи нешто и да го дадете плус со поклонот
Со македонски пасош е. Се јавував во селата и во првото помало гратче, немаат такви курсеви. Ќе треба до големиот град да патува... На нет не успеав да најдам интензитет на часови, колку пати неделно и времетраење. Ќе треба лично да одиме.
Обично се интензивни и траат 1 година 4 пати во неделата .Јас одев вечерни од 17:30-20:45. Ама има и утрински и поладневни. Супер штом и дале со мк пасош престој .Баш ме радува
@danichap Извини што ќе се вмешам, ама и јас се распрашував за интеграционен курс. Трае цела календарска година, од јануари до декември, со одмори нормално и интензивен е. Има и од сабајле предавање од 8 и пол до 12 и пол. 195 евра месечно, а ако положиш и ако немаш отсуства се поднесува барање за да ти вратат 50% од парите
Бидејќи се бара ниво Б1 има две опции: едната е да оди на вечерен (јас таков одев дека нели и работев) и тоа траеше околу една година. Одев три пати неделно од 18.00 до 21.15. Ако оди на интензивните курсеви кои се секој ден во неделата од кај 8.30 до 13.00 ниво Б1 се постигнува за 6 месеци. Ориентациски може да не го посетува како што пишав.. туку само да полага тест. Видете во меѓувреме да не решиле дека мора да се посетува ама мислам не. Полагањето на тестот е прелесно. Инаку одете во некое училиште за јазик, тие таму ќе ви кажат сѐ. Тие и аплицираат за попустот, тие средуваат документи за Bundesamt für Migration und Flüchtlinge. Со лесно на мајка ти и честито виза! Супер, сега ќе си е со вас!!
Здраво. Јас две прашања имам. Од каде порачувате/купувате декорации за роденден,конкретно детски. Гледав на амазон,ама нема баш некој избор.. Во врска со курсевите.. Знае ли некој колку трае само интерграциониот курс,без јазик,зошто тоа веќе положив. Може сте одговориле некаде,ама не можам да најдам.
Последно, јас се од амазон порачав, со пепа пиг мотив. Имаше и со Пеј Патрол. Знам оти се двоумев меѓу нив. Мислам дека до точниот назив на тоа што го бараш е, колку повеќе бараш, испаѓаат нови работи. Јас нарачав боца хелиум, балони мали, големи фигури пепа и бројка роденден, такви за за качување гриланде мислам се викаа со јунаците и со хепи време, чинилиња, салфети... Кој јунак ти треба тебе?
Јас прво сакав со Дамбо,ама се откажав бидејќи баш ништо не најдов.. Е сега или Симба или па со мечиња нешто обично.